- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 14.363
- Поени од реакции
- 3.069
Не, ама сигурно треба да го земиш тој Е класата за 8000 евра... да претпоставам дека е бел, евентуално кремов, со кожа внатре. Ако е бел, 90% е возен такси. Ако е кремов, 100%, а и во двата случаи има најмалку 700.000 км. Јасно, сега е штелнат на 180-200.000.
Човече, ти како што бараш во јајцето влакно, да биди вака, да биди така, или ќе извадиш задоволителна сума на пари, или ќе земиш крш. А ако неможиш солидна Ц класа да најдиш за буџетот, Е ќе најдиш сигурно - разликите во цена од салон се некои 25-30.000 евра.
Мислам дека не се разбираме веќе премногу.
Претходниот пат ви прифатив што зборевте за опремата, иако воопшто не ме сфативте. Јас едноставно зборев, бидејќи има премногу избор, јас прво им давам предност на тие со поголема опрема. Но, тоа не значи дека јас ќе го купам тој со најголема опрема на слепо. Овој вчера беше горе-доле перфектен по мој вкус, па по моја инспекција не се ни одлучив до сервис да го носам.
За Е класата, лила боја е. Од аспект на чуваност, доволно е чуван. За мотор, не сум авто-механичар, а не ни го гледав, така да никакви тврдења не правев. Реков, од мој аспект, а веќе се сметам за доволно компетентен да оценувам Мерцедеси - доволно е добар и според цената, вреди да се размисли.
Јас сум методичен и детален во се што правам. Кога започнав со потрагата, си признав дека ВРСКА НЕМАМ за коли (генерално знаење не се важи) и се утепав од гуглање. Како што сум учел да дипломирам и магистрирам, така учев за коли. Така што веќе мислам дека барем за Мерцедес, не мора да ме потценувате.
Ако гледаме така, ти ја правиш класичната грешка дека цената ја диктира состојбата на возилото. Јас не се согласувам, според мене најбитно е твоја сопствена оценка на возилото, без разлика на цена и годиште доколку станува збор за ист модел. Има кршови што ги продаваат по 9,000 евра и солидни коли кои отишле за 6 поради разни причини. Доколку јас го започнам купувањето со предрасуди (оваа е 2000-та, а не 2001-ва, зашто ја дава 6,000 мора да има цака и слично) мислам дека тек тогаш ќе наебам.
Не знам што толку кажав во претходните постови што ве тера да ме критикувате толку, нормално е јас да си имам преференца за боја надвор и внатре, опрема, решетка од авангард и слично. Не значи тоа дека ќе земам таква кола по секоја цена. Доколку налетам на добра кола сосема спротивна на моиве преференци, али е топ, ќе ја земам неа.