- Член од
- 1 февруари 2012
- Мислења
- 3.678
- Поени од реакции
- 4.208
Каков друг начин на лекување постои?Метадонот е најдобар за лекување од хероин бидејки го задоволува организмот со слична концентрација наркотик,но има смирувачки ефект,пациентите имаат можност во таква состојба без агресија да примат психиатриски совети...но метадонот како што кажаа и предходно ги нагризува внатрешните органи,особено хепарот ,цироза,хепатит Б или Ц,тоа не е едноставна работа,ок можеби овие лица психички ке се стабилизираат по 10 тина години,но мнооогу голем е ризикот да плодот биде со некаков здравствен проблем,ај за хепатит ако е таткото носител,постои вакцина мајката да се вакцинира(доколку не е наркоманка и нема хепатит) па тоа да се избегне,но друготооо...искрено во се постои исклучок.А да дека го злоупотебуваат метадонот тоа е вистина,јас образложив предходно,строго центрите треба да бидат во планински места,надвор од градски подрачја и под строга долговремена терапија.
Точно,Метадонот е моментално најдобро средство за лекува од Хероин но муабетот е тоа што наркоманите ги пуштаат да си одат дома по многу брзо време поради тоа што нема доволно голем капацитет во центрите и од кога ке ги пуштат дома им препишуваат толку и толку метадон да конзумираат дневно за да немаат кризи но они тој метадон го злоупотребуваат и земаат многу поголеми количини од препишаното.
На пример во нормална европска држава наркоманите не ги пуштаат да си одат дома и се сместени таму и им даваат препишано колку што треба метадон,нека урлаат и нека се траскаат од ѕидови колку сакаат не ги пуштаат дома и им даваат метадон дневно колку што е потребно.