D
Daedalus
Гостин
Не, конкретно тука подразбирав луѓе кои денес, никогаш не дошле во контакт со муслиманството. Ќе дадам еден хипотетички пример, за да ме сфатиш подобро.Бог пред Мухаммед праќал пратеници,а со Мухаммед е завршено праќањето на пратеници и усовршена е верата.
Оние кои исправно ги следеле пратениците пред Мухаммед,не се ќафири и Аллах знае што е со нив,ние како луѓе во тоа не се мешаме.
Но тоа е до пратеништвото на Мухаммед,со праќањето на Мухаммед ова завршува,и секој кој не поверувал исправно во него како и во претходните пратеници,нема оправдување пред Аллах на Судниот ден.
Ако некој човек живее во село кадешто никогаш не слушнале за исламот и за Аллах. Дали тој ќе гори во вечниот оган, земајќи го во предвид фактот дека никогаш не слушнал за оваа религија поради различни фактори кои не се негова кривица?
Фала за останатите одговори.