Прашања за Исламот III

D

Daedalus

Гостин
Бог пред Мухаммед праќал пратеници,а со Мухаммед е завршено праќањето на пратеници и усовршена е верата.
Оние кои исправно ги следеле пратениците пред Мухаммед,не се ќафири и Аллах знае што е со нив,ние како луѓе во тоа не се мешаме.
Но тоа е до пратеништвото на Мухаммед,со праќањето на Мухаммед ова завршува,и секој кој не поверувал исправно во него како и во претходните пратеници,нема оправдување пред Аллах на Судниот ден.
Не, конкретно тука подразбирав луѓе кои денес, никогаш не дошле во контакт со муслиманството. Ќе дадам еден хипотетички пример, за да ме сфатиш подобро.

Ако некој човек живее во село кадешто никогаш не слушнале за исламот и за Аллах. Дали тој ќе гори во вечниот оган, земајќи го во предвид фактот дека никогаш не слушнал за оваа религија поради различни фактори кои не се негова кривица?

Фала за останатите одговори.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890

Тука веќе има различни ставови.
Веќе реков после пратеништвото на Мухаммед,нема оправдувања на Судниот ден.
Барем на нашиве простори мислам дека нема село/место каде не слушнале за Исламот.
Ние не знаеме за тие луѓе,што им се случува.. Можеби им е пратен некаков знак или нешто.
Има различни ставови кај улемата,едни викаат дека нема оправдување,други викаат дека ќе имаат оправдување за незнаењето.
А Аллах најдобро знае.
Мојот став е дека нема човек на планетава до кого не стигнала пораката на исламот на било кој начин.
 
Има специфични племиња во Африка кои никогаш немале контакт со надворешниот свет и живеат примитивно. Но секако, фала за одговорот.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Има специфични племиња во Африка кои никогаш немале контакт со надворешниот свет и живеат примитивно. Но секако, фала за одговорот.
Знаев дека тоа ќе го кажеш.
Во една дебата со мои пријатели(муслимани) истата тема на разговор,што со тие што никогаш не слушнале за исламот,Аллах,мухаммед и слично.
Јас бев на тој став што го напишав и овде,и еден од нив ме праша А што со племињата во африка кои немале контакт и слично.
Јас прашав дали тој бил да ги види тие племиња или само слушнал на телевизија,и како е сигурен дека тие племиња никогаш не добиле некаков знак за исламот.
Еве и тебе ти го велам тоа,свесен сум дека постојат такви племиња,но ние не знаеме што е со нив,дали слушнале или не слушнале.
затоа велам,Аллах најдобро знае.

Фала ти уште еднаш за конкретните прашања.
 
M

Muranyi

Гостин
И слични вакви.. 80% се вакви

ко јас сеа за муслиманите да ти кажам,поделени се во милион секти,а тие се македонски муслимани,босански муслимани,арапски муслимани,индиски муслимани,кинески муслимани :D
Значи правиме муабет за секти,тоа се групации што отстапуваат од учењето кое е генерално застапено.
Ги немам измешано работите,баш убаво си пишува.Кога веќе ги спомна црквите,правиш огромен пропуст иако и за мене тоа е непозната,но сепак Црквата Исусова би требало да биде наднационална,една и единствена во целиот свет.А гледаме дека секоја земја си има своја Црква.Пример,прашај ги Христијаните крштевани тука во Македонија,дали можат да одат во Грција и таму да се венчаваат во Црква.Ај да ти помогнам-не можат,зашто не им ја признаваат крштеницата.Па и да е грешка за црквите,сепак остануваат уште 40 900 деноминации на Христијанството во целиот свет,а до 2050 се предвидува да ја стигнат бројката од 50 000.
Ти велам,провери малку,побарај на интернет ако веќе сакаш да истражуваш,а ако си решил се да прифатиш како што рекол Мухамед и воопшто да не искажеш доза сомневање,тоа е твое право и немаш потреба од вакви информации.
 
Абе јас ти реков друже,тука ти се набројани ортодоксни нации ти во секти ги рачунаш.
и ете ти убав пример самиот си кажа,ако си крштеван во македонија во грција не можеш да се венчаш во црква.. и сега тоа е секта некоја нова што не дозволува венчавање во туѓи цркви?
Јас сум муслиман,и во македонија и во босна и во арабија и во малезија и во индонезија.
Едноставно :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.242
Поени од реакции
12.251
Дали исламот некогаш ќе се помири со христијанството и ќе се обиде да живее заедно со него како две различни религии и начини на живот?
Дали сте запознаени со ова и дали има некакви индиции да се случува ова сега, некогаш во минатото или во блиска иднина?

Ако немате одговор, не пишувајте... нека виси прашањево.
 
Имам одговор,многу убав и едноставен а тебе ти останува да го сфатиш како сакаш,а јас само ќе напишам: Ла иллахе илАллах,мухаммеден ресулАллах :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.242
Поени од реакции
12.251
Имам одговор,многу убав и едноставен а тебе ти останува да го сфатиш како сакаш,а јас само ќе напишам: Ла иллахе илАллах,мухаммеден ресулАллах :)
Ако имаш одговор напиши го... и ова е македонски форум, тоа значи да пишуваш на македонски за да те разбериме, а не арапска транскрипција со кирилично писмо.
Повели одговори, нема да поставувам подпрашања, ветувам.

Значи, дали има или нема обиди да се помири исламот со христијанството? Дали имало или ќе има?
Повели ако знаеш, напиши...
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Ако имаш одговор напиши го... и ова е македонски форум, тоа значи да пишуваш на македонски за да те разбериме, а не арапска транскрипција со кирилично писмо.
Повели одговори, нема да поставувам подпрашања, ветувам.

Значи, дали има или нема обиди да се помири исламот со христијанството? Дали имало или ќе има?
Повели ако знаеш, напиши...
Мислам дека ти одговорив,а одговорот беше арапската транскрипција или во превод: Нема друго божество вредно за обожување освен Аллах,и Мухаммед е негов пратеник.

Мене ова како одговор ми кажува се, а тебе што ќе ти каже зависи од тебе.
:)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.242
Поени од реакции
12.251
Мене ова ми кажува дека ќе бидете во постојана војна (философска или телесна) додека не исчезнат сите што не се муслимани. Значи ова дека објавувате војна на сите?
Добро сум го разбрал или не?
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Мене ова ми кажува дека ќе бидете во постојана војна (философска или телесна) додека не исчезнат сите што не се муслимани. Значи ова дека објавувате војна на сите?
Добро сум го разбрал или не?
Секој човек,од раѓање до смрт е во постојана војна,без разлика на религиската припадност.
Некој во војна за ислам,некој за христијанство,некој за својот живот,некој за своите деца,некој за парче леб и тн,воглавном откако постои човештвото војната не е запрена.
И секој си има цел во животот за која мисли дека вреди да се живее и да се умре,и тоа на никому не можеш да му одземеш.
Мислам дека сум јасен.
 
W

Werther

Во иднина гледајте да ја проектирате вашата војна врз болдираниот дел.

А не врз млади деца.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Секој човек,од раѓање до смрт е во постојана војна,без разлика на религиската припадност.
Некој во војна за ислам,некој за христијанство,некој за својот живот,некој за своите деца,некој за парче леб и тн,воглавном откако постои човештвото војната не е запрена.
И секој си има цел во животот за која мисли дека вреди да се живее и да се умре,и тоа на никому не можеш да му одземеш.
Мислам дека сум јасен.
Не си јасен.

Ова не го негира, туку напротив оди во прилог на ставот дека ќе војувате до последната капка крв да го исполните напишаното од книжулето, односно да има само Ислам во светот, а се друго да отиде по ѓаволите.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Во иднина гледајте да ја проектирате вашата војна врз болдираниот дел.

А не врз млади деца.
Фала за препораката.
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 22:40 ---
Не си јасен.

Ова не го негира, туку напротив оди во прилог на ставот дека ќе војувате до последната капка крв да го исполните напишаното од книжулето, односно да има само Ислам во светот, а се друго да отиде по ѓаволите.
Значи јасен сум :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom