Дали на наркоманите треба да им се одземе родителското право?

  • Креатор на темата Креатор на темата AlternativeF
  • Време на започнување Време на започнување
Треба ти да си сносиш одговорност за нездравиот животен стил што го тераш. Најдобар начин за тоа е ако си свесен дека лекувањето во извесен дел ќе падне на тебе, и дека ако се одлогираш детето ќе ти остане на улица. Така, ем ќе се грижиш за себе, ем за детето, ем ја нема да треба да плаќам за твоите лудории.
За да бидам свесен дека плескавицата ќе ми ебе матер и да престанам треба најпрво некој тоа да ми го кажи. Исто како што на наркоманот треба да му се помогне да престане.
 
Една лесковачка и една лажичка - иста ствар :rolleyes:

Он топик - дефинитивно, апсолутно и без никакво размислување треба да се одземе родителското право на актуелниот наркоман. Понатамошните what if сценарија се небитни. Дали рехабилитацијата ќе биде успешна, дали ќе има искушенија кои и по успешната рехабилитација ќе преставуваат ризичен фактор, дали ќе заврши фатално или среќно како во бајка е ирелевантно во споредба со ситуацијата - дете одгледувано од наркоман/и.

Αand, welcome back!! :P

Он топик.
Се сложувам. Само да се надоверзам, ако наркоманот се излечи, и тоа сценарио се реализира, ок е да му се врати детето, ако е асален и нормален секако. Ако е више премногу оштетен, сепак мислам дека нема да биде способен да го одгледа детето како што треба.
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 17:59 ---
За да бидам свесен дека плескавицата ќе ми ебе матер и да престанам треба најпрво некој тоа да ми го кажи. Исто како што на наркоманот треба да му се помогне да престане.

Како да не се кажува нонстоп, секаде, колку дрогата е штетна.
Сепак изедначувањето на плескавицата со дрогата, во име на аргументот ти е малку, шашаво:sneaky:
 
За да бидам свесен дека плескавицата ќе ми ебе матер и да престанам треба најпрво некој тоа да ми го кажи. Исто како што на наркоманот треба да му се помогне да престане.


Да бе, у право си - не е дека направија еден тон кампањи на тема „Не се дрогирајте - лошо е“ Не е дека сите не знаеме барем по 4 одвратни причи за гнасни краеви на одредени наркомани. Све е тоа gray area - увек постои можност за сомнеж и очигледнно - истражување преку пракса.

Секој знае во што се впушта и каде може да заврши кога почнува со нешто толку деликатно како дрога. Не гледам дека постои простор во кој би имала сожалување за наркоманите.
 
Како да не се кажува нонстоп, секаде, колку дрогата е штетна.
Сепак изедначувањето на плескавицата со дрогата, во име на аргументот ти е малку, шашаво:sneaky:
Место плескавица можев и пушење цигари, пиење ракија да употребам, но никој немаше да се фати за плескавицата наместо за аргументот.

Ете бонус прашање до тебе и другите: Дали на пушачите треба да им биде дозволено да имаат деца знаејќи дека тоа е зависност и е штетно и за пушачот и за тие во околината?
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 18:05 ---
Да бе, у право си - не е дека направија еден тон кампањи на тема „Не се дрогирајте - лошо е“ Не е дека сите не знаеме барем по 4 одвратни причи за гнасни краеви на одредени наркомани. Све е тоа gray area - увек постои можност за сомнеж и очигледнно - истражување преку пракса.

Секој знае во што се впушта и каде може да заврши кога почнува со нешто толку деликатно како дрога. Не гледам дека постои простор во кој би имала сожалување за наркоманите.
Никаде не напишав дека дрогата не е штетна. Се разбира дека е штетна. Друго е муабетот.
 
За да бидам свесен дека плескавицата ќе ми ебе матер и да престанам треба најпрво некој тоа да ми го кажи. Исто како што на наркоманот треба да му се помогне да престане.
Државата дадилка ќе ти каже, ќе ти стави државен службеник над глава да ти објаснува што да јадеш.

Немам никаков проблем да им се помогне на џанаците, ја би вовел државна програма како што имаат швајцарија и британија, и би им дал не само метадон, туку и хероин бесплатно. Кој може да се извлече арно, кој не може, ќе се предозира кога тогаш. Важно нема да има криминал.
 
Место плескавица можев и пушење цигари, пиење ракија да употребам, но никој немаше да се фати за плескавицата наместо за аргументот.

Ете бонус прашање до тебе и другите: Дали на пушачите треба да им биде дозволено да имаат деца знаејќи дека тоа е зависност и е штетно и за пушачот и за тие во околината?

Постојат степени на зависност и штетност. Пушење во затворени простории е забрането поради феноменот на пасивни пушачи. Другите ствари околу пушењето се само штетни за тој што пуши а не за околината. Патем, влијанието на цигарите врз свеста на пушачот се занемарливи, додека пак влијанието на хероинот не е занемарливо.

Цигари не може да бидат споредени со хероин или други потешки дроги.

Алкохолот да. Се сложувам. Злоупотреба на алкохол е исто толку зезната колку и дрогата. Единствена причина зошто алкохолот не е забранет со закон е традиционалната компонента на истиот. Медицински гледано, алкохолот исто така е дрога.
Не е штетен како хероинот, но е штетен.
Постојат нивоа на штетност и деструктивност.
 
Државата дадилка ќе ти каже, ќе ти стави државен службеник над глава да ти објаснува што да јадеш..
Разбира се. Исто како што државата и мене и тебе не описмена да можеме да сереме по форуми. :sneaky:
 
Место плескавица можев и пушење цигари, пиење ракија да употребам, но никој немаше да се фати за плескавицата наместо за аргументот.

Ете бонус прашање до тебе и другите: Дали на пушачите треба да им биде дозволено да имаат деца знаејќи дека тоа е зависност и е штетно и за пушачот и за тие во околината?
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 18:05 ---

Никаде не напишав дека дрогата не е штетна. Се разбира дека е штетна. Друго е муабетот.
Човекот се презива Bacon, не знам ти за што очекуваше да се фати ако не за плескавицата? Добро сега најново се испостави дека и ако се прозиваш Коњанановски треба да бидеш загрижен, ако те споредува некој со наркоман.
 
Разбира се. Исто како што државата и мене и тебе не описмена да можеме да сереме по форуми. :sneaky:
Државата може да направи многу работи кои сами не можеме, акако на пример патишта и основно образование. Проблемот е кога чекаш државата да ти каже што да јадеш зошто утре ќе ти каже и дали можеш да јадеш.
 
Никаде не напишав дека дрогата не е штетна. Се разбира дека е штетна. Друго е муабетот.


Да, гледам дека друго ти е муабетот.Укажување помош, втора шанса, можност за рехабилитирање, комплетно откажување, ресоцијализација и сл. И све тоа звучи многу фино и многу алтрустички во теорија. Реалноста е малце поразлична.
 
Државата може да направи многу работи кои сами не можеме, акако на пример патишта и основно образование. Проблемот е кога чекаш државата да ти каже што да јадеш зошто утре ќе ти каже и дали можеш да јадеш.
А кој друг освен државата би можел да ми каже дека дрогите и плескавиците се штетни по здравјето? Интернетот можеби? Не само мене туку и на широките народни маси.
 
А кој друг освен државата би можел да ми каже дека дрогите и плескавиците се штетни по здравјето? Интернетот можеби? Не само мене туку и на широките народни маси.
Здравственото осигурување после извршен преглед. Колку е цифрата поголема, толку дрогата или плескавиците се полоши.
 
Здравственото осигурување после извршен преглед. Колку е цифрата поголема, толку дрогата или плескавиците се полоши.
Може и така, се е тоа прашање на договор во општеството.
Има една богата држава каде тоа веќе постои и можат по резултатите да се натпреваруваат со земји од типот на Куба. Ај погоди која е таа држава?
 
Добро бе луѓе што сте се фатиле за таа ресоцијализација на џанаците?
Не е тоа прашањето, ја пропуштате целта на темава и млатите празна слама со таа ресоцијализација. Прашањето е за случаи кои се безнадежни, мајки кои се зависници и како такви ги раѓаат децата без воопшто да им е грижа за било што.
Прво и најбитно, кој е процентот на излечени? Секоја чест на членов наш што е на добар пат, ама што правиме со другите 999 кои не стигнале до таму?
Втора работа, никој не вика на сите наркомани по default да им се одземат децата туку на оние кои им наштетуваат на своите деца. И тука ги ставам и алкохоличарите и секој оној кој со своите постапки доведува до тоа детето да има физички и психички последици. Не мешајте банални примери како цигарите затоа што е тотално различно. Дрогата ги прави луѓето ментално неспособни да чуваат деца. Не може некој кој само гледа како да земе фикс да се грижи за мало бебе и да му овозможи живот каков што треба да има.
Претпоставувам никој не го ни кликна линкот што го ставив во првиот пост. Ако го отворевте ќе прочитавте дека мајката се дрогирала до последно, додека се породила. Многу веројатно и пред да отишла на пораѓање да си се пукнала во вена знаејќи што му прави на тоа бебе и што си прави на себе. И ај сега кажете ми дека некоја таква е способна да се грижи за бебе и дека јас треба да имам сочувство со нејзината "болка"? Да сочувствувам со саможивно животно што не створило, туку уништило еден комплетно невин живот?
Нема алтруизам за таквите. Па кажете и дека сум била Хитлер, што сакате кажете, ама нема ни милост, ни сочувство, ни разбирање.
Единствено би имала разбирање кога веднаш штом се случи тоа тие би се откажале (кога би им се родило дете или ако веќе имаат, кога властите би го откриле случајот), во периодот на откажување привремено да им бидат одземени децата бидејќи тоа не е лесен процес, и да им бидат вратени само и исклучиво под услов да останат чисти што би се утврдило со строги и редовни контроли.
 
Може и така, се е тоа прашање на договор во општеството.
Има една богата држава каде тоа веќе постои и кутрите можат по резултатите да се натпреваруваат со земји од типот на Куба. Ај погоди која е таа држава?
Има многу подобри модели, како Швјацарија или Франција, каде државата учествува со дел, но дел е приватно соигурување и учествуваш во трошоците. Швајцарскиот е многупати покажан како подобар од британскиот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom