- Член од
- 6 февруари 2010
- Мислења
- 882
- Поени од реакции
- 923
Еве јас !Верувам дека познаваш било кој што е на метадон/хероин и кажи ми жити се според твојата логика дали е способен да исчува фамилија?
Бев наркоман 10 години, 10 години од мојот живот, најубавите години. Бев до дното, тежев 50 кг. изгледав како зомби.
Среќа бев вработен и имав пари наследено па немав потреба од криминал. Никогаш не сум заебал некого, не сум му пуштил сакал. Се што правев, правев на своја штета
Отидов на метадонска терапија, окапав уште 10 години. Во меѓувреме се стабилизирав, полека почнав да го намалувам метадонот.
Напредував во работата, запишав факултет и ова моментално го пишувам од автобус враќајќи се од Штип каде го полагав претпоследниот испит. Имам уште еден испит и после сум дипломиран инжињер.
Се оженив, сега пробуваме со невестата да имаме дете, ќе треба да одиме на инвитро бидејќи слаба ми е спермата, дали поради дрогирањето, дали генетски незнам.
Го откупив станот и собрав пари да отворам мало дуќанче.
Мислам дека живеам многу поквалитетно од некој мој пријатели кој никогаш не се дрогирале.
Во состојбата во која бев ни сам не би сакал да станам родител.
Не секој наркоман е промашен случај....