Човек кој пуши марихуана е далеку од наркоман. Овде се зборува за тешки дроги, кокаин, хероин, дроги од кои треба сериозно клиничко одвикнување, кои предизвикуваат тешки апстиненцијални кризи.
Не додржа да не заплачеш, а? Гледаш негде да сум офтопик на темава или да фаќам сеир?
А бе пак ќе имаме проблем со семантика.
Нема да пишувам есеи само ме испровоцира ограниченоста на зависности кои имаат апстиненцијални кризи, и секоја таква криза ама баш секоја па дури и онаа од апстиненција од фејсбук, мобилен телефон и колку и да е банална, се соматизира во физичка болка.
Пушачите предизвикуваат здравствени проблеми на поколението, треба ли да им се одземе родителското право?
нека остане само на овој пример сега за сега ама многу е дискриминирачки само за наркозависници да се дискутира на оваа тема(пред да почнете да го користите терминот офтопик).
Малку ти е стереотип ова со наркоманиве. Немора да е лабилна личност, не се само наркоманите измамници, не се само наркоманите девијантни....
Немора да си пиун во системот за да имаш ексклузивни права(барем не би требало да е така)
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 01:45 ---
Дали се виновни или не е сосем ирелевантно. Доколку не се способни да му овозможат на своето дете услови за живот тогаш истите ќе им бидат одземени. На кој да му дадам да чува деца? На некое копиле што ќе продаде телевизори и кревети за хорс? На некој што ќе ги заборава децата во школо? На некој што наместо да биде тука за своите деца ќе се мкне по клиники за рехабилитација? Некој што ќе ги злоупотребува? Некој што ќе ги малтретира?
Секое лице, без разлика дали е наркоман, алкохоличар итн. кое не е способно да биде родител кој може да овозможи правилен развој на своите деца не смее да биде во контакт со нив. Не станува збор за казна туку превентивна мерка. Не знам што го тупите толку. Колку да се пишело нешто.
edit:
А да,
/thread.
Сиромавиот не е способен да му овозможи услови за живот.
Неекој си австриец, Јозеф Фрицл според твоите критериуми може да има деца онолку колку што ќе посака