Дали на наркоманите треба да им се одземе родителското право?

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.715
Поени од реакции
19.847
Кој сте бе вие да одлучувате како некој да живее? Ако сака да се дрогира нека се дрогира ако сака да си чува деца нека си ги чува. Со кое право ќе одзимате дете од родител?
Кај виде дека одлучуваме за нешто бе? Дискутираме во врска со проблемот, ак не ти чинит не пиши.
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
Кој сте бе вие да одлучувате како некој да живее? Ако сака да се дрогира нека се дрогира ако сака да си чува деца нека си ги чува. Со кое право ќе одзимате дете од родител?
Ти би сакал/а да си дете на наркоман шо би те гмечел секој ден?Мислиш таквото дете ќе прерасне во нормална особа?Или дека наследно ќе биде приближно здраво?Земи прочитај некој меѓународен труд во часопис информирај се кои се последиците од конзумација на дрога врз плод поготово за време на бременост!
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Кој сте бе вие да одлучувате како некој да живее? Ако сака да се дрогира нека се дрогира ако сака да си чува деца нека си ги чува. Со кое право ќе одзимате дете од родител?
Од кај знаеш бе мом(и)че, можеби работам во социјална служба и баш јас одлучувам дали некој ќе го задржи детето или не.
Плус ова форум е, што сакам ќе пишувам. Кој/а си бе ти да ми кажеш дека не може да го кажам мислењето што го имам?
И дали воопшто живееш во цивилизираниот свет во кој има социјална служба која се грижи за ваквите проблеми? Детето ќе се одземе од родител кој не е способен да биде родител и нанесува штета на детето.
Не живееме во хипи свет, ако ти се живее тебе така иди негде во некоја комуна, топ ќе ти биде.
 
D

Daedalus

Гостин
Кој го има ПРАВОТО да одлучува и да кажува што е во ред а што не е? Ти? Јас? Кој? Затоа што ти мислиш дека нешто е добро или лошо незначи дека е. Може ли да замислиш одредена ситуација во која некој родител истепал свое дете и тоа да заврши со позитивни последици по неговиот развој? Немате право!
Кој е тој што одлучува? Тоа што е добро за мене е лошо за тебе и обратно!
Релативизирањето на сите постапки како еднакво морални и социјално пожелни е несогласно со начинот на кој сме еволуирале и сме настанале. Секој акт кој може да доведе до нездрав развој на детето, почнувајќи од физичко малтретирање до злоупотреба и силување на истото е непожелен за детето. Не можеш на иста скала да ми ги ставаш сите ствари као, кој си ти да кажеш што е правилно што не е. Ако утре некој ти дојде на улица и те силува а потоа те тепа и пак те силува и пак те тепа, кој е полицаецот да каже што е правилно а што не, па ако е сведок на тој настан, зашто само да не си одмине? Можеби тоа ќе остави позитивни последици на тебе и твоето здравје. Не ми релативизирај те молам. Прашај ја твојата амигдала дали секој акт е подеднакво морален.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
Ти би сакал/а да си дете на наркоман шо би те гмечел секој ден?Мислиш таквото дете ќе прерасне во нормална особа?Или дека наследно ќе биде приближно здраво?Земи прочитај некој меѓународен труд во часопис информирај се кои се последиците од конзумација на дрога врз плод поготово за време на бременост!
Па што ако не порасне во нормална особа? Има многу нормални особи кои се мизерни и многу ненормални особи кои се среќни.
Сега ќе кажете и што е нормално и што е здраво и што е добро и што не е? Се разбира според вас од ваша гледна точка :)
А ако некој друг не се согласува со вас тогаш е ненормален, така?
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
Кој го има ПРАВОТО да одлучува и да кажува што е во ред а што не е? Ти? Јас? Кој? Затоа што ти мислиш дека нешто е добро или лошо незначи дека е. Може ли да замислиш одредена ситуација во која некој родител истепал свое дете и тоа да заврши со позитивни последици по неговиот развој? Немате право!
Кој е тој што одлучува? Тоа што е добро за мене е лошо за тебе и обратно!
Па добро ако нормалните родители ти врзат шамар пошто си се вратил/а дома ќора пијана и утре ти држат лекции,ок ,позитивно ај...али овде се работи за нешто друго...значи тепанње и пречки за нормален физицки раст и психички здрав развој кај детето.како кој има право?Не значи дека ако го родила и е курва,наркоманка ,алкохоличарка и.т.н дека има право да праи шо сака со тоа дете!!Мизерно размислување!
 

vlay_markoman

r3k1NNz0R.mp3
Член од
24 септември 2012
Мислења
176
Поени од реакции
43
другар мој близко е наркоман и е среќен татко на две дечиња коиии немат последици од неговите навики лекарски докажано децата не му се наркоманиии барем во овој случај и кога се ожени и кога дозна дека ќе има деца престана а не бил некој 24/7 на дрога имаше навика у денот да испуши мара така :)
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.715
Поени од реакции
19.847
Па што ако не порасне во нормална особа? Има многу нормални особи кои се мизерни и многу ненормални особи кои се среќни.
Сега ќе кажете и што е нормално и што е здраво и што е добро и што не е? Се разбира според вас од ваша гледна точка :)
А ако некој друг не се согласува со вас тогаш е ненормален, така?
Не е ненормален, нормално е да се има различни мислења на различни теми, ама ти како влезе у темава ко да си џанак и те пецнафме на срце ебаго, смири нерви и држи се до темата и не кажувај кој што какво право имал, немал, форум е се дискутира.
 
D

Daedalus

Гостин
Па што ако не порасне во нормална особа? Има многу нормални особи кои се мизерни и многу ненормални особи кои се среќни.
Сега ќе кажете и што е нормално и што е здраво и што е добро и што не е? Се разбира според вас од ваша гледна точка :)
А ако некој друг не се согласува со вас тогаш е ненормален, така?
Затоа што шизофреничарите, социопатите, зоофилите и ментално ретардираните се нормални на свој начин. Нивниот мозок е само поинаку развиен и секако кои сме ние да кажеме кои неуротрансмитери треба да се функционални а кои не. Све е тоа питање на вкус. На пример ако по мој вкус се фаци со панични напади и недостаток на серотонин, кој може да каже дека тоа не е ок. Всушност во право си, се е нормално, и грипот и сидата се нормални, само што не се здрави а уште помалку социјално пожелни.
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 00:41 ---
другар мој близко е наркоман и е среќен татко на две дечиња коиии немат последици од неговите навики лекарски докажано децата не му се наркоманиии барем во овој случај и кога се ожени и кога дозна дека ќе има деца престана а не бил некој 24/7 на дрога имаше навика у денот да испуши мара така :)
Пушење марa<<<<<<<<<хероин
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
Од кај знаеш бе мом(и)че, можеби работам во социјална служба и баш јас одлучувам дали некој ќе го задржи детето или не.
Плус ова форум е, што сакам ќе пишувам. Кој/а си бе ти да ми кажеш дека не може да го кажам мислењето што го имам?
И дали воопшто живееш во цивилизираниот свет во кој има социјална служба која се грижи за ваквите проблеми? Детето ќе се одземе од родител кој не е способен да биде родител и нанесува штета на детето.
Не живееме во хипи свет, ако ти се живее тебе така иди негде во некоја комуна, топ ќе ти биде.
А опомени знаеш да делиш а? ;)
Не е тоа контрола на мислењата? Или за тебе не важат тие правила? Ти ги донесуваш правилата така?
Ти си во социјална служба и ти одлучуваш? Која си па ти да одлучуваш? Зошто па баш ти? Кој тебе те поставил? Ти ќе му кажеш на некого дали е добар или лош родител? Ќе му го земеш детето затоа што ти така мислиш? ТИ, ТИ, ТИ?
Его на трета.
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
другар мој близко е наркоман и е среќен татко на две дечиња коиии немат последици од неговите навики лекарски докажано децата не му се наркоманиии барем во овој случај и кога се ожени и кога дозна дека ќе има деца престана а не бил некој 24/7 на дрога имаше навика у денот да испуши мара така :)
има разлика од мара до хероин...ми делуваш доста не информирано :) Значи не дека со редовна конзумација на марихуана знаци претерување немозе да се деси нешто,ама сепак хероинот е нешто сосема друго:)
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
другар мој близко е наркоман и е среќен татко на две дечиња коиии немат последици од неговите навики лекарски докажано децата не му се наркоманиии барем во овој случај и кога се ожени и кога дозна дека ќе има деца престана а не бил некој 24/7 на дрога имаше навика у денот да испуши мара така :)
Човек кој пуши марихуана е далеку од наркоман. Овде се зборува за тешки дроги, кокаин, хероин, дроги од кои треба сериозно клиничко одвикнување, кои предизвикуваат тешки апстиненцијални кризи.
Не додржа да не заплачеш, а? Гледаш негде да сум офтопик на темава или да фаќам сеир?
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
А опомени знаеш да делиш а? ;)
Не е тоа контрола на мислењата? Или за тебе не важат тие правила? Ти ги донесуваш правилата така?
Ти си во социјална служба и ти одлучуваш? Која си па ти да одлучуваш? Зошто па баш ти? Кој тебе те поставил? Ти ќе му кажеш на некого дали е добар или лош родител? Ќе му го земеш детето затоа што ти така мислиш? ТИ, ТИ, ТИ?
Его на трета.
Алооооо бре,тој претпоставен се служи со еден куп правилници,тоа не зависи од негова воља!Не е тоа дека така сака...туку дека правно издржано така МОРА!За доброто на детето!
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Ej многу си конструктивен друже. Ако нештото не го разбираш, по дифолт тоа треба да се уништи. Ама news flash, уште поодамна искочивме од 15-тиот век. Сега има начини за рехабилитација. Си слушнал за тоа? Да се прашуваа таквите како тебе, 4/5 од планетата ќе требаше да ја утепаме.

И не знам што сте толку хомофобични, да му се плукнам. Тие луѓе си имаат причина зошто тргнале по тој пат. Најголем дел од нив не се ни виновни што се наркомани, туку биле под влијание на лошо друштво или дилери во моменти кога биле емотивно ранливи и непресметливи. Сега се навлекле на дрога и готово, одма ги осудивте, нема надеж, нели? Па ако е така, зошто да ги лечиме болните од рак, дај да им светнеме куршум во чело.

Малце филантропизам не ќе беше на одмет, не мора 24/7 да сте серковци, ко драгстор. Лесно е да го елиминираш проблемот, но тоа што не сфаќате е дека проблемите се како хидра, ако го елиминираш ќе се појават два. Затоа треба да си паметен и да го решиш на правилен начин.

Дали се виновни или не е сосем ирелевантно. Доколку не се способни да му овозможат на своето дете услови за живот тогаш истите ќе им бидат одземени. На кој да му дадам да чува деца? На некое копиле што ќе продаде телевизори и кревети за хорс? На некој што ќе ги заборава децата во школо? На некој што наместо да биде тука за своите деца ќе се мкне по клиники за рехабилитација? Некој што ќе ги злоупотребува? Некој што ќе ги малтретира?
Секое лице, без разлика дали е наркоман, алкохоличар итн. кое не е способно да биде родител кој може да овозможи правилен развој на своите деца не смее да биде во контакт со нив. Не станува збор за казна туку превентивна мерка. Не знам што го тупите толку. Колку да се пишело нешто.

edit:
А да,
/thread.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom