Ej многу си конструктивен друже. Ако нештото не го разбираш, по дифолт тоа треба да се уништи. Ама news flash, уште поодамна искочивме од 15-тиот век. Сега има начини за рехабилитација. Си слушнал за тоа? Да се прашуваа таквите како тебе, 4/5 од планетата ќе требаше да ја утепаме.
И не знам што сте толку хомофобични, да му се плукнам. Тие луѓе си имаат причина зошто тргнале по тој пат. Најголем дел од нив не се ни виновни што се наркомани, туку биле под влијание на лошо друштво или дилери во моменти кога биле емотивно ранливи и непресметливи. Сега се навлекле на дрога и готово, одма ги осудивте, нема надеж, нели? Па ако е така, зошто да ги лечиме болните од рак, дај да им светнеме куршум во чело.
Малце филантропизам не ќе беше на одмет, не мора 24/7 да сте серковци, ко драгстор. Лесно е да го елиминираш проблемот, но тоа што не сфаќате е дека проблемите се како хидра, ако го елиминираш ќе се појават два. Затоа треба да си паметен и да го решиш на правилен начин.