Документарец за Игор Маџиров - детето со црвената коса

  • Креатор на темата Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување Време на започнување
Г

Грејвдигер

Гостин
Igor.jpg

Денеска се одбележуваат 13 години од смртта на македонската актерска легенда, Игор Маџиров. 13 години без детето со црвената коса.

Маџиров беше еден од најдобрите и најтелетираните актери во Македонија кој сигурно ќе остане запаметен по многубројните улоги одиграни во Театарот за деца и млади, како и по своите улоги во „Во светот на бајките“, „Пред дождот“ и други.

Денес, на денот на 13-годишнината од неговата смрт, во негова чест е објавен документарниот филм „Интервју за Игор“, кој е инспириран од неговиот живот и дело, а е направен во соработка со неговите колеги, пријатели и семејството.

Вечна ти слава уметнику.


 
Наводно се самоубил рипајќи од кај него од стан, не е докажано.
Тоа дека падна од тераса е вистина, сомневањето беше за начинот т.е дали самиот рипнал или бил бутнат или имаше и трета теорија дека помешал алкохол со наркотици. Не би сакала да коментирам на ниедна од теориите, не е мое, башка мала бев кога се деси тоа.
Како и да е, препознатлив глумец, црвено-портокаловата коса беше нешто што беше апсолутно интересно за мене како дете во тој период, ми беше интересен баш заради косата и уживав кога го гледав во “Во светот на бајките“, емисија/серија која не ја пропуштав и која заедно со Македонски народни приказни и Бушава Азбука засекогаш ќе бидат дел од моето детство.
Сепак, за се останато не можам да коментирам, затоа што како што реков релативно малечка бев во тој период за да се сеќавам на повеќе.
 
Имаше гласини тогаш дека му должел одредена сума на погрешни луѓе заради наркомански долгови.
Мислам дека имаше некоја фама со изјавите од неговата девојка, даде некои спротиставени изјави.
 
Ами погледајте го документарецот, или не мора цел ако не ве интересира до толку, последните 15тина минути ќе ви бидат доволни само и во нив не се кажува точно но дека има нејаснотии и мистериозни моменти има а и дека има изјаво од пријателот негов дека му ја имаат скршено вратата дома пред тоа и бил нападнат од “загрижениот татко“ има само што и ова како она давање во кофа со вода, како прецедеталските атентати или уште којзнае колку други мистерии во македонија ќе си остнате само мистерија а на мртвите само вечна им слабо...
 
Многу добар документарец,но и многу ме натажи. Секакви варијанти има за смртта,некои викаат дека бил член на секта што мене лично не ми се верува...
 
дефинитивно лик што не се заборава... :( прв пат го ,,запознав" во бајката за могли, а потоа следуваа и ,,во светот на бајките" :)
 
Навистина не знам што се случило... Во суштина сите претпоставуваме само...

Но нема да ме изненади доколку станувало збор за самоубисто :\
Многу често токму најоптимистичките и најрасположените ликови се тие кои извршуваат самоубиство (барем они кои ги знам кои си го имаат одземале животот, се токму такви секогаш расположени ликови :oops: )

Да, сепак според документарецот се покажува поинако... :cautious:
 
Таков лик како Игор не е возможно да не се сака и да не биде омилен, тоа што тој го имаше или го имаш или го немаш, не може да се изглуми. Тоа е натпросечност, харизма и енергија во движење. Но едно е тоа што тој ја делеше таа енергија што ја поседуваше, а друго е тоа што му се случувало внатрешно, во неговата душа.

Од моја перспектива документарецот е обид на Довлев да се искупи за кавгата со Игор Маџиров, некако многу розево се прикажани работите. Сите во документарецот го кажуваа истото, одлична смисла за хумор, весел, харизматичен, позитивен лик, тоа и повеќе од доволно и е познато на јавноста. Никој не начна ништо околу мистеријата, а сигурно има луѓе што повеќе и вистински го познавале и знаеле за болката и маките што во себе ги преживувал, требаше нешто повеќе околу тоа. Зошто никаде ја нема девојката која била со него во тој период? Какви изјави дала таа?
 
Жално за неговите родители..

Не можам повеќе да искоментирам.
 
Се сеќавам, порано имаше една многу интересна епизода од бајкиве што ги даваа на Мтв, Игор пееше нешто као Жанет, Жанет и имаше нешто со зајачиња тој као свирнеше и тие дотрчеа кај него, ама многу ми беше убава. :LOL: 1000 пати ја гледав и сеа се ежам кога видам слики исечени од таа епизода. Навистина актер кој натпросечно знае да привлече погледи и симпатии, башка горд сум што ми бил сограѓанин.
Почивај во мир.
 
Каде ли ќе стасаше со тој талент и харизма може да нагаѓаме само ... Сметам дека далеку од тоа дека е самоубиство имаше една емисија незнам како се викаше неможам да ја најдам сите докази во истрагата велат дека е убиство , но кој и зошто е тоа е мистерија.
 
Колку голема болка тежи во металните подочњаци на Зоран Маџиров:place:

Дијагноза:најголемиот сонувач на македонското актерско небо или нашиот медиум меѓу јавето и сонот.

Серум за нашите гребаници во детството или момчето со неазуздана коса кој направи да имаме детство.

Импозантна актерска величина која немилосрдно ни штикаше сонце, насмевки, виножита и соништа.

После него, македонското актерство дише монохроматски - толку сиво или ако сакам да римувам ќе се послужам со "ко млако пиво"!

П.с Ако неможеме или незнаеме да му се поклониме, тогаш барем да го оставиме да почива во мир (без сценарија за демистификација на неговата смрт).
 
Таков лик како Игор не е возможно да не се сака и да не биде омилен, тоа што тој го имаше или го имаш или го немаш, не може да се изглуми. Тоа е натпросечност, харизма и енергија во движење. Но едно е тоа што тој ја делеше таа енергија што ја поседуваше, а друго е тоа што му се случувало внатрешно, во неговата душа.

Од моја перспектива документарецот е обид на Довлев да се искупи за кавгата со Игор Маџиров, некако многу розево се прикажани работите. Сите во документарецот го кажуваа истото, одлична смисла за хумор, весел, харизматичен, позитивен лик, тоа и повеќе од доволно и е познато на јавноста. Никој не начна ништо околу мистеријата, а сигурно има луѓе што повеќе и вистински го познавале и знаеле за болката и маките што во себе ги преживувал, требаше нешто повеќе околу тоа. Зошто никаде ја нема девојката која била со него во тој период? Какви изјави дала таа?

Работите се прикажани такви какви што се - на искрен начин и од позитивната страна.
Целта на филмот не е да се зборува за мистеријата и на тој начин да создаде спектакуларност што ќе ја задоволи болната потреба на масите за слушање на негативни работи и црни хроники.
--- надополнето: 20 февруари 2013 во 21:51 ---
Доколку овој актер ви значеше нешто во вашето детство, приклучете се на страната посветена на него:
https://www.facebook.com/pages/Игор-Маџиров-Igor-Madzirov/235770049831624
Има и приказни...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom