Прашање за Христијанството III

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Добро благодарам на одговорот. Дали за таа казна има доказ од Библијата и според кој закон е доведена таа казна?
Црковната казна, т.н. епитимија или црковната клетва, ја одредува самата Црква, т.е. духовниците и високото свештенство. Доказ во Билбијата не барај, оти Црквата ја напиша Библијата, односно, Библијата не ја створи Црквата.
 
Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72

Значи ЦРКВАТА е пред Библијата? Зарем библијата не е Божји говор, зашто да ја пише тогаш црквата?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А сега доколку знаеш нормално, би сакал да добијам одговор на ова:
1. Стариот Завет е привот дел од Светото Писмо и тој се однесува само на евреите, кои во старозаветните времиња, беа одбраниот народ Божји.

2. Зависи што подразбираш под изразот„Божји книги„. Црквата го има Светото Писмо, кое е пишувано од старозаветнитеБожји пророци и патријасри и од новозаветните Апостоли Христови. Покрај Светото Писмо, Црквата го има и Преданието, кое е наследено од Апостолите а надоградувано и се‘уште се надоградува од Светиите и од Богословите.
--- надополнето: 18 февруари 2013 во 01:51 ---
Ок MIKI1 фала за одговорите.
Наврати се сега на библиските цитати што ги наведов кај што се зборува за алкохолот и хомосексуалците.
Во книгата Левит 20:13 Бог заповеда вака: ,,Ако маж легне со маж, како со жена, двајцата ќе направат одвратно и гнасно дело; нека и бидат предадени на смртта, тоа е крајна гнасотија.’’

Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјото Царство? Не измамувајте се! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци), ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото Царство.

1. Што е со првиот цитат каде двајцата што ќе го направат тоа гнасно дело нека и бидат предадени на смртта?
2. За вториот цитат,како тоа да е дозволен алкохолот а пијаниците нема да го наследат Божјото царство?
3. Велиш,државата ќе ги казни со нивните закони? Дали тоа значи дека христијанството како религија нема систем кој би управувал со држава по чисто христијански закони,како што да речеме шеријатската држава сите правни/морални закони ги влече од извори Куран и Суннет,дали кога би живееле во христијанска држава би можеле да живееме според библиски закони или сепак би требало да се пишува Устав од луѓе?
4. Зошто секогаш кога ќе цитирам нешто од Старио Завет сите христијани на форумот велат,тој завет не важи гледај го ти Новиот завет што вели?

јас ги поставив овие прашања,но не добив христијански одговори туку некакви човечки размислувања,а бидејќи гледам дека од сите овде најдобро бараташ со христијанство. ќе се потрудиш ли да ми ги одговориш моите прашања но од христијанска гледна точка.
1. Тоа е страрозаветна одредба и начин на казнувае на таквите блудници.
2. Алкохолот е дозволен, а алкохолизмот не е дозволен.
3. Државата има своизакони и управува со општеството , исто како што Црквата има свои закони и управува со се‘ што е црковно.
4. Затоа што се во право. Стариот Завет е укинат, а Новиот Завет е тековно важечки.
--- надополнето: 18 февруари 2013 во 01:51 ---
Значи ЦРКВАТА е пред Библијата?
Да.
--- надополнето: 18 февруари 2013 во 01:52 ---
Зарем библијата не е Божји говор, зашто да ја пише тогаш црквата?
Зависи што подразбираш под изразот „Божји говор„.

Оние поедицни кои ги пишува Книгите од Библијата, беа Богоугодни луѓе, кои го пишуваа она кое од Бога им било откриено или од Бога вдахновено.
 
Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
1. Стариот Завет е привот дел од Светото Писмо и тој се однесува само на евреите, кои во старозаветните времиња, беа одбраниот народ Божји.

2. Зависи што подразбираш под изразот„Божји книги„. Црквата го има Светото Писмо, кое е пишувано од старозаветнитеБожји пророци и патријасри и од новозаветните Апостоли Христови. Покрај Светото Писмо, Црквата го има и Преданието, кое е наследено од Апостолите а надоградувано и се‘уште се надоградува од Светиите и од Богословите.
--- надополнето: 18 февруари 2013 во 01:51 ---

Да.
--- надополнето: 18 февруари 2013 во 01:52 ---

Зависи што подразбираш под изразот „Божји говор„.

Оние поедицни кои ги пишува Книгите од Библијата, беа Богоугодни луѓе, кои го пишуваа она кое од Бога им било откриено или од Бога вдахновено.
1. Па ако Сариот завет се однесува само за евреите од “старозаветните времиња“, зошто тогаш се користи во христијанството кога христијанството е нешто друго од еврејството? Кога веќе е стариот завет е првиот завет од писмото, зошто кога цитираме некои цитати од нив, не ги прифаќате, зарем тие цитати не се однесуваат за сите вас?

2. Што подразбирам под божји книги: Подразбирам секоја книга која беше испратена од Бог до пратениците. А не подразбирам како божја книга, книга која е пишана од луѓе, затоа што таа не е божја книга. Божја книга е онаа која зборовите се дирекно од БОГ а не од луѓе.

Значи ли тоа дека црквата е и пред доаѓањето на Исус? Дали тие цркви се исти или слични на денешните цркви?

За тоа што подразбирам под божји книги веќе објаснав погоре во истиот коментар. Зарем го видоа тие “Богоугледни луѓе“ она што Бог му го открил, како дознале и како дошле до цитатите?
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
3. Државата има свои закони и управува со општеството , исто како што Црквата има свои закони и управува со се‘ што е црковно.
Значи практично е невозможно да живееме во држава која ќе функционира на христијански закони,темелени на библијата,преданијата или како веќе?
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Значи практично е невозможно да живееме во држава која ќе функционира на христијански закони,темелени на библијата,преданијата или како веќе?
а зашто некој атеист да мора да живее во христијанско управувава земја?
бог не рекол со сила да го шириме христијанството па да мора секој така да живее
секој има право на избор во што ке верува и тоа е тоа нема потреба од наметнувања
--- надополнето: 18 февруари 2013 во 06:41 ---
http://mn.mk/komentari/4242-Grcki-falsifikat-vo-najpoznatite–svetski-prevodi-na-biblijata

го имате ли ова прочитано ?
--- надополнето: 18 февруари 2013 во 07:18 ---
прашање до христијаните
 
ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Дали за таа казна има доказ од Библијата и според кој закон е доведена таа казна?
:
Црковната казна, т.н. епитимија или црковната клетва, ја одредува самата Црква, т.е. духовниците и високото свештенство. Доказ во Билбијата не барај, оти Црквата ја напиша Библијата, односно, Библијата не ја створи Црквата.
Да се надополнам на МИКИ1. Во писмото до Коринтјаните апостол Павле ги поучил за оние кои и покрај поуките не се однесуваат како што доликува а и понатаму доаѓаат во црквата да бидат исфрлени (1Коринт. 5:11-13). Оваа практика може да се најде во помалите места каде сите се знаат меѓу себе т.е има само една или две цркви. Во големите градови практички е невозможно да се води ваква контрола.
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Ме интересира дали:
За време на велигденските пости (знам се што сме да се јаде, а што не ) е грев да се има односи со партнерот. :)
Секој нормален духовник би ти одговорил:
Ако сте во законски (црковен) брак не е грев, посебно ако му се присака на сопругот/ата (грев е ако брачниот другар посака, а другиот брачен другар вадејќи се дека пости не дозволува да се општи полово), но ако не сте во црковен брак грев е дури и да не е пост и треба под најитно да се венчате.

Да се надополнам на МИКИ1. Во писмото до Коринтјаните апостол Павле ги поучил за оние кои и покрај поуките не се однесуваат како што доликува а и понатаму доаѓаат во црквата да бидат исфрлени (1Коринт. 5:11-13). Оваа практика може да се најде во помалите места каде сите се знаат меѓу себе т.е има само една или две цркви. Во големите градови практички е невозможно да се води ваква контрола.
Во големите градови нема само една голема црква... Плус црквата е поделена на помали единици - парохии. Парохискиот свештеник е ДОЛЖЕН да си ја познава својата паства. За жал, се` друго е само парохиски свештеник = верски сервисер.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1. Па ако Сариот завет се однесува само за евреите од “старозаветните времиња“, зошто тогаш се користи во христијанството кога христијанството е нешто друго од еврејството? Кога веќе е стариот завет е првиот завет од писмото, зошто кога цитираме некои цитати од нив, не ги прифаќате, зарем тие цитати не се однесуваат за сите вас?
Поглемиот дел од Стариот Завет навистина се однесува само на евреите. Но не се‘, така да Црквата се‘уште ги користи и прифаќа и Постанокот, и мудростите, пророштвата и псалмите, кои се безвременски.
 
ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
1. Па ако Сариот завет се однесува само за евреите од “старозаветните времиња“, зошто тогаш се користи во христијанството кога христијанството е нешто друго од еврејството? Кога веќе е стариот завет е првиот завет од писмото, зошто кога цитираме некои цитати од нив, не ги прифаќате, зарем тие цитати не се однесуваат за сите вас?
Стар завет е христијански назив за збирка книги (свитоци) кои се однесуваат за Евреите во времето кога Бог имаше сојуз (завет/договор) со нив да ги води да бидат негов избран народ. Денес христијаните книгите од Стариот завет ги прифаќаат со историска вредност т.е да ги дознаат почетоците на верувањето во Бог и неговата намера за испраќање на Месијата со кој започнува Новиот завет. Христијаните го користат Стариот завет да видат какви биле пророштвата за Месијата за да го потврдат идентитетот на Исус (Матеј 5:17).

Би ти препорачала да ги прочиташ Дела на апостолите од Новиот завет за да дознаеш повеќе за почетоците на христијанството како и Писмата на апостол Павле до Римјаните, Коринтјаните, Ефесјаните..... (т.е писма до воспоставените цркви на тие територии). Многумина (па и христијани) “заглавуваат“ само на четирите евангелија а всушност во останатите книги (писма) многу повеќе се разјаснува која е разликата меѓу претходните закони и она Христос што го говорел.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
2. Што подразбирам под божји книги: Подразбирам секоја книга која беше испратена од Бог до пратениците. А не подразбирам како божја книга, книга која е пишана од луѓе, затоа што таа не е божја книга. Божја книга е онаа која зборовите се дирекно од БОГ а не од луѓе.
На Бога, не му се потребни од Него напишани книги, оти ако Он сака нешто да им објави или пренесе на луѓето, за таа намера тука се ангелите Божји.

Книгите од Светото Писмо се запишани од Божјите угодници (пророци, патријарси, Апостоли), наменети за родот човечки.
--- надополнето: 18 февруари 2013 во 10:38 ---
Значи ли тоа дека црквата е и пред доаѓањето на Исус? Дали тие цркви се исти или слични на денешните цркви?
Во Стариот Завет, Израилот ја чинел/составувал старозаветната Црква.
Денес, тоа е новозаветната Црква Христова, која не е ограничена само на еден народ, туку е наменета за сите народи на Земјава.
--- надополнето: 18 февруари 2013 во 10:40 ---
Зарем го видоа тие “Богоугледни луѓе“ она што Бог му го открил, како дознале и како дошле до цитатите?
Мојсеј, на пример, кога го запишувал Постанокот, бил очевидец на настаните кои ги запишувал.

Општо земено, Бог одбира кои луѓе се Богоугодни и кои луѓе/поединци ќе бидат запишувачи на од Бога објавените вистини.
--- надополнето: 18 февруари 2013 во 10:42 ---
Да се надополнам на МИКИ1. Во писмото до Коринтјаните апостол Павле ги поучил за оние кои и покрај поуките не се однесуваат како што доликува а и понатаму доаѓаат во црквата да бидат исфрлени (1Коринт. 5:11-13). Оваа практика може да се најде во помалите места каде сите се знаат меѓу себе т.е има само една или две цркви. Во големите градови практички е невозможно да се води ваква контрола.
Еве што напишав синоќа, цитирам:

„...Да, постои казна, како на пример: целосно исклучување од Црквата, исклучување на одреден период со забрана за причестување, забрани од одреден тип, совети кои грешникот треба да ги исполни а кои се однесуваат на чинење добри дела против волјата од грешникот и сл...„
 
ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
1

2. Што подразбирам под божји книги: Подразбирам секоја книга која беше испратена од Бог до пратениците. А не подразбирам како божја книга, книга која е пишана од луѓе, затоа што таа не е божја книга. Божја книга е онаа која зборовите се дирекно од БОГ а не од луѓе.
Целото Писмо е од Бог вдахновено и е полезно за поучување, за прекорување, за поправање и за воспитување во праведност, за да биде Божјиот човек совршен и подготвен за секое добро дело.
(2Тимотеј 3:16,17)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи практично е невозможно да живееме во држава која ќе функционира на христијански закони,темелени на библијата,преданијата или како веќе?
Ако навистина живееме во теократски уредена држава, кај ќе им биде местото на атеистите, паганите, сатанистите или иноверците во таа држава?...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.471
Поени од реакции
84.892
Ако навистина живееме во теократски уредена држава, кај ќе им биде местото на атеистите, паганите, сатанистите или иноверците во таа држава?...
каменување на плоштад?
бесење на кран?
сечење глава на јутјуб?
поливање со киселина?

да ги прашаме Муслиманите.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
а зашто некој атеист да мора да живее во христијанско управувава земја?
бог не рекол со сила да го шириме христијанството па да мора секој така да живее
секој има право на избор во што ке верува и тоа е тоа нема потреба од наметнувања
Бог не рекол ни да живееме во демократска држава па еве живееме.
--- надополнето: 18 февруари 2013 во 15:28 ---
Ако навистина живееме во теократски уредена држава, кај ќе им биде местото на атеистите, паганите, сатанистите или иноверците во таа држава?...
Па не знам јас те прашувам тебе,дали христијанството има решение за таквите кога би живееле во теократски уредена држава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom