Ок
MIKI1 фала за одговорите.
Наврати се сега на библиските цитати што ги наведов кај што се зборува за алкохолот и хомосексуалците.
Во книгата Левит 20:13 Бог заповеда вака: ,,Ако маж легне со маж, како со жена, двајцата ќе направат одвратно и гнасно дело; нека и бидат предадени на смртта, тоа е крајна гнасотија.’’
Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјото Царство? Не измамувајте се! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци), ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците,
нема да го наследат Божјото Царство.
1. Што е со првиот цитат каде двајцата што ќе го направат тоа гнасно дело нека и бидат предадени на смртта?
2. За вториот цитат,како тоа да е дозволен алкохолот а пијаниците нема да го наследат Божјото царство?
3. Велиш,државата ќе ги казни со нивните закони? Дали тоа значи дека христијанството како религија нема систем кој би управувал со држава по чисто христијански закони,како што да речеме шеријатската држава сите правни/морални закони ги влече од извори Куран и Суннет,дали кога би живееле во христијанска држава би можеле да живееме според библиски закони или сепак би требало да се пишува Устав од луѓе?
4. Зошто секогаш кога ќе цитирам нешто од Старио Завет сите христијани на форумот велат,тој завет не важи гледај го ти Новиот завет што вели?
јас ги поставив овие прашања,но не добив христијански одговори туку некакви човечки размислувања,а бидејќи гледам дека од сите овде најдобро бараташ со христијанство. ќе се потрудиш ли да ми ги одговориш моите прашања но од христијанска гледна точка.