Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.162
- Поени од реакции
- 18.203
Непогодени луѓе еееј
За прв ден Божик бесплатен паркинг во Охрид
По повод големиот христијански празник Божик, концесионерот на паркинзите во центарот на Градот „Сузуки“, информира дека на 7-ми Јануари, прв ден Божик, паркирањето на паркинзите со кои стопанисува оваа компанија ќе биде слободно, односно нема да се наплаќа.
Од 8-ми јануари, паркинзите со кои стопанисува концесионерот „Сузуки“, ќе работат согласно утврдениот режим.
OhridNews
06.01.2013 13:05
Фото: Србите се враќаат на охридската ривиера
Изминатава седмица туристичките и хотелски работници од Охрид, најавија доаѓање на српските туристи во градот крај езерото. Очигледно дека за нашите северни соседи, охридската ривиера претставува атрактивна локација за најлудата ноќ во годината.
Судејќи по раздвиженоста во централното градско подрачје, но и големиот број на автобуси од соседна Србија, очигледно дека и оваа година градот ќе биде исполнет за новогодишните празници.
Ноќните клубови, рестораните, хотелите и кафичите се припремени на најдобар можен начин да ги задоволат сите вкусови како на охриѓани, така и на туристите кои пристигнуваат во градот.
О.Т.
Гостите го исполнија Охрид
Гостите кои ќе ги поминат новогодишните празници во Охрид пристигнаа.
Раздвижено е во охридската чаршија, во рестораните и кафулињата, продавниците во кои во последен миг се купува гардероба за новогодишната вечер, како и во супермаркетите со цел да се подготви новогодишната трпеза.
Според изјавите на хотелиерите најголемиот број гости кои деновиве пристигнаа во Охрид се од соседните земји- Србија, Бугарија, Албанија, Грција, како и гости од Црна Гора и гости од Хрватска .
На градскиот плоштад за дочекот на највеселата ноќ присутните ќе ги забавуваат Ѓоко Танески, групата „Камелеон“, Ристо Самарџиев и „Аренси бенд“.
OhridNews
30.12.2012 15:00
На крај, не е битно колкав процент ќе се домашни гости, битно е да се исполнети капацитетите.
За прв ден Божик бесплатен паркинг во Охрид
Од 8-ми јануари, паркинзите со кои стопанисува концесионерот „Сузуки“, ќе работат согласно утврдениот режим.
OhridNews
06.01.2013 13:05
Прочитана е : 1226 пати
Фото: Србите се враќаат на охридската ривиера
Изминатава седмица туристичките и хотелски работници од Охрид, најавија доаѓање на српските туристи во градот крај езерото. Очигледно дека за нашите северни соседи, охридската ривиера претставува атрактивна локација за најлудата ноќ во годината.
Судејќи по раздвиженоста во централното градско подрачје, но и големиот број на автобуси од соседна Србија, очигледно дека и оваа година градот ќе биде исполнет за новогодишните празници.
Ноќните клубови, рестораните, хотелите и кафичите се припремени на најдобар можен начин да ги задоволат сите вкусови како на охриѓани, така и на туристите кои пристигнуваат во градот.
О.Т.
31.12.2012 01:59
Прочитана е : 1922 пати
Гостите го исполнија Охрид
Гостите кои ќе ги поминат новогодишните празници во Охрид пристигнаа.
Раздвижено е во охридската чаршија, во рестораните и кафулињата, продавниците во кои во последен миг се купува гардероба за новогодишната вечер, како и во супермаркетите со цел да се подготви новогодишната трпеза.
Според изјавите на хотелиерите најголемиот број гости кои деновиве пристигнаа во Охрид се од соседните земји- Србија, Бугарија, Албанија, Грција, како и гости од Црна Гора и гости од Хрватска .
На градскиот плоштад за дочекот на највеселата ноќ присутните ќе ги забавуваат Ѓоко Танески, групата „Камелеон“, Ристо Самарџиев и „Аренси бенд“.
OhridNews
30.12.2012 15:00
Прочитана е : 2714 пати
Дел од нив се одлучија и за прошетка со чамец по езерото, а за голем број граѓани доволно беше да се ужива во прекрасната глетка пред себе и сончевите зраци, седејќи на некоја од клупите во градскиот парк.
Сончевото и потопло време ќе се задржи и во текот на утрешниот ден. Максималната температура ќе се искачи до 11 степен Целзиусов, додека пак минималната ќе се движи околу вториот степен над нулата.
OhridNews
16:49
Прочитана е : 1170 пати
© 2013 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Сигурен си дека си дошол летото во Охрид ? Вака понекогаш ќе прочитам муабет ко твојов и си викам да не живеам во некое друго место... да, точно во некој процент е намален бројот на домашните туристи, ама истовремено на странците е доста зголемен...и подобро 50 годишници од Гронинген со закупен смештај уште отсега, отколку малолетници од Прилеп или Скопје.Не зборам за зимскиов период бе друже, зборам за летен период ............ летоска во август во Охрид имаше само Охриѓани и туристи(Холанѓани, Французи и.т.н.) значи странски туристи ........ Скопјани и сл. не сретнав многу, ниту пак Срби... а порано кога сум бил истиот период имало многу повеќе домашни туристи, како и туристи од Србија и од Бугарија на пр.
Сега има Скопјани таму ама дека е зимски период а башка и празници се, а истите тие летоска ќе избегаат некаде на море ............