Денес, петок, 15 февруари 2013, или 2 февруари 2013 според Јулијанскиот календар кој го користи МПЦ, православните христијани го слават христијанскиот празник Сретение Господово, еден од 12-те големи црковни празници, кој го одбележува денот кога новороденчето Исус како првороден син на Марија, бил однесен во храмот во Ерусалим.
Според Мојсеевиот закон на тој ден секое првородено машко дете се носело во храмот во Ерусалим.
На старецот Симеон, кој по неговата средба со Бога е наречен Богопримец, преку ангел му било кажано дека нема да умре додека не го види ветениот Божји Помазаник, Месијата.
Старецот Симеон го видел Месијата, Божјиот Помазаник, а Русите и тоа како го видоа Господ на денешен ден, петок, 15 февруари 2013, или 2 февруари 2013 според Јулијанскиот календар.
Кој е наредниот привилегиран да го види Господа на ваков или на друг начин ?