Биди Земјоделец, Зашто Македонија те вика.

  • Креатор на темата Креатор на темата Luki Junior
  • Време на започнување Време на започнување
Да се направи ред, викаш....Да, се сложувам..И со тој ред ке се затворат сите мали производители.
Пред години луѓе од таа струка ми викале дека целта на странците е да се затворат сите мали производства и да останат сами големи производни капацитети. Сега гледам....

Тоа значи дека никој селанец , што пример има 100 кокошки нема да смее да пордава јајца на комшиите , како што сека многу сточари прават, или пчелари што продават мед на мало по пријатели и комшии, или кравари што разнесуваат секојдневно свежо млеко

Максималното количество јајца за консумирање со директно снабдување на крајниот потрошувач не треба да надмине 17.000 јајца годишно или до 50 јајца дневно, а јајцата треба да се чувани во чисти, суви и ладни простории, заштитени од директна сончева светлина и негативно дејство од штетници

Земјоделците на своите фарми дневно можат да преработат само 30 литри млеко, да продадат само еден тон мед годишно од сандаците

За да го направат тоа, мора да имаат декларација со рок на употреба, а сопственикот на фармата треба да има посебно обележано место од каде ќе продава. Ако производот е расиплив, треба да обезбеди посебни услови за чување како разладни уреди и витрини
 
полека полека ви станува јасно шо е целта на европа, ке ти напика глупи закони они ги штитат само своите производители тебе ке те огранилат и ракија за дома да вариш, и каа ке видеш те зезнале додека се свестиш, затоа јас викам НЕ у ЕУ, сега од 01,01 знаете ли дека сите европски прозиводи влегуват без царина кај нас а нас уште не држат за квоти на јајца, челик, и вино, а нзаеме дека тоа ни е 60% од сет извоз, кој е ебаниот сеа, ке ни влегува милка чоколадо за ич пари од фабриките од бугарија....и на домашниот пазар немоќеме да сме конкурентни не па у ЕУ
 
Во истатата таа ЕУ јас сум гледал како се продава риба од кофи, рибите паѓаат по земја, се факаат по прашината, па пак паѓаат....а кај нас :
...декларација со рок на употреба...
...посебно обележано место од каде ќе продава....
...посебни услови за чување како разладни уреди и витрини....
 
Да се направи ред, викаш....Да, се сложувам..И со тој ред ке се затворат сите мали производители.
Ред да се направи, она штосе однесува на внимание на хигиена, здравствени и санитарни исправни производи преку одредени правилници за примарно производство и чување производи затоа што од тоа зависи здравјето на корисниците, нашето во крајна линија.
Сега го ѕирнав правилникот, се работи за директно снабдување на производител на мали количества до крајниот потрошувач, малопродажен или угостителски објект. Што значи сум бил грешка, не се работи за она што го претпоставував, за регистрација според приходи туку за безбедност на храна кај директни мали добавувачи на храна.

Во унијата поголемиот дел земји ги регистрираат фармите врз висина на приходи, но во тие земји фармите се прилично големи и обично тесно специјализирани ама тоа е друга тема како и зошто би се регулирале големите производители и што би било спо помалите производители.
 
Сите тие закони можат да функционираат кај нас кога ќе има откупни пунктови магацини за складирање и сигурен откуп со сигурна продажба.Тешко дека ќе профункционира сето ова за неколку години,или пак ќе профункционира одма со ненормални казни и набутување на борчеви на малите да бидат уништени за брзо време.
Малите риби секогаш се јадени од големите.Исто како синџирот на исхрана во животинското царство така и со нас ќе биде.Да умре сиромавиот,или модерно робовладетелско општество каде што нема казна камшик туку финансиска казна а тоа значи дека и лебот ти го одзимаат..Само си мислиме дека сме слободни а ние сме толку дигитализирани што појма немаме колку сме шупливо глупи.Лаки е 100% во право живее чист живот јаде храна што он си ја одгледува,диши чист воздух.
Има гледам некој тука Скопјани му се потсмеваат и мислат декa e сељак.Значи човекот си кажува сам дека е селанец а сељак е човек од град што мисли дека е надмоќен........Во каква хистерија се живее во Скопје самите они си знаат.Во каква нечистотија се живее???Каков воздух дишат???
Самите си знаат.Јаки села јака држава.Кај нас сега се повраќаат назат сите што мислеле дека ќе напреднуваат многу во градот.Каков е животот во градот??Друга тема
 
...Ред да се направи, она штосе однесува на внимание на хигиена, здравствени и санитарни исправни производи преку одредени правилници за примарно производство и чување производи затоа што од тоа зависи здравјето на корисниците, нашето во крајна линија....
Мислам дека ова најмаллку врска со здравјето на корисниците.
Инаку, се сложувам дека треба да се внимава на хигиена и здравствено безбедни производи што се храна, што може да се направи на други начини..
 
Еве добра работа што би ја споделил на форумов.
Само здружување и организирање може да доведе до развој на земјоделието во РМ.
Има само некој инфомации каде е ова, кој се луѓето што го организираат....?

„Милкооп“ – прва кооператива за трговија со млеко

За подобро искористување на потенцијалите во примарното производство на млеко, преку здружување на фармерите од неодамна функционира и првата кооператива за млеко, односно за трговија со млеко „Милкоп“, соопшти кооперативата.
Формирана е од фармери, со цел нивно подобро организирање, развој и поголема сигурност во работата. Основана со цел да ги штити интересите на своите членови и кооперанти, сите инвестиции во кооперативата треба да придонесат кон повисок квалитет на млекото, а со тоа и подобри откупни цени и позиција на кооперативата во синџирот на набавки.
За своите кооперанти „Милкоп“ ќе понуда добра откупна цена, а на фармерите ќе им биде понудена квалитетна добиточна храна на одложено плаќање по прифатлива цена, обуки за хигиена на фарма и исхрана на кравите, правни совети, ветеринарни совети, проверка на квалитетот на млекото и помош околу обезбедувањето на субвенции од страна на државата.
Млекото ќе се продава на оние млекопреработувачи кои ќе обезбедат најдобри услови за откуп врз основа реални економски параметри.
http://faktor.mk/archives/28883
 
Мала мотивација за идните земјоделци
Luki Junior Moжно ли е еден ден у наредните 30 или 50 години тава шо го гледаме у видеото да го има и кај нас?
 
Randy

Ќе ти кажам зашо оваа баш и не е изводлива варијанта за кај нас:

Имах касмет да гледам у живо ваква жетва... како под швајцарски саат...
КОмбајните жнијат негде со 20 на саат. Хедер 24 метра... на секои 40 метра он жние декар земја.... За оваа нешто требе илјадници хектари рамнина... Плус губитоко на овија е некаде около 5% на жниејнето... Кај нас е около 20-30%....
Кај нас пелагонија, овче поле и полог шо е така поголемо и порамно...

Гледај ја долгокласна, а ниска... Класо е обесен од тежина, зрното е гарант дебело... Сортна е...
Плус прскана е од плевели и трева, за да нема ѓубре...

Трето Еден Клаас Лексион 770 ти е около 350 000 евра, без Хедер. У комбинација со Хедер, трактор, балер за 2 тонски кружни бали, приколица, утоварач (вилушки за трактор), сумата надминува милион евра... Милион евра са ти 60 000 000.. Полесно е да ги купеш жито тија пари у жетва, ида ги продадеш зимно време на добивка.... Оти кај нас е сиромаштија, и зимото рипат цените ненормално додека увозо да дојде до нас...

:-)
 
Randy

Ќе ти кажам зашо оваа баш и не е изводлива варијанта за кај нас:

Трето Еден Клаас Лексион 770 ти е около 350 000 евра, без Хедер. У комбинација со Хедер, трактор, балер за 2 тонски кружни бали, приколица, утоварач (вилушки за трактор), сумата надминува милион евра... Милион евра са ти 60 000 000.. Полесно е да ги купеш жито тија пари у жетва, ида ги продадеш зимно време на добивка.... Оти кај нас е сиромаштија, и зимото рипат цените ненормално додека увозо да дојде до нас...

:)
Па добро тоа и не е така голема сума знаејќи колку работа може да завршат машините. Не мислам само на конретниов пример туку општо машините и технологијата.
 
Па добро тоа и не е така голема сума знаејќи колку работа може да завршат машините. Не мислам само на конретниов пример туку општо машините и технологијата.
Голем дел од машините вршат ногу работа. Се шо е поново, поефикасно и поекономично, а има потенцијал за да си поврне парите и да ги наплоде е супер. Само ти кажувам оти моментално, и у наредните 10 до 15 години тешко тава да дојде кај нас.
Последен пат сериозна инвестиција/донација у механизација беа Голдони/Њу Холанд од пред 10-12 години.... И профитираа само “земјоделците“, а не на тија шо и требеше трактор... Дома имааме план за да зееме земја под концесија, да се насаде, разора, и кандидирааме за еден Њу Холанд со 4 плуга... Мислеш ли оти дадеја нешто.... ;);)

Ренде, златен човек, нема производство.... Нема.... Аш..... Најмладите човеци по селата низ источна македонија са по 40+ години...
А по градовето гледаш обесени кабасари и сомунари.. 50 динара у џепчето, едно кафе ќе го лиже, ќе јаде гомна как арсенал го заебала, как професоро по Административно куролајдејне незаслужено го уназадил, на испито не му пишал 10ка, а 8ца на Факултето у Долни Балван.... ;)
Ама знае ги човеците шо пијат виски у градо, ќе иде после кафето да залепе некој плакат, за у надеж да го закачат на некое административно црево после дипломирајнето. :D
 
Еми Луки се си у право, ама човек кога ги гледа овие работи шо ги имат по свето, па како работе машината наместо човеците па да му е мерак земјоделец да биде. Баш малку му ги гледав и другите видеа на каналат на јутјуб шо е и гледам има машини за компири собирајне, па големи плугови па ово па оно. Абе убавина е кога гледаш.
 
И кај нас не е се рачно, иако иаме мали и слаби трактори, неефикасни, или шо и да е....
Неверојатна убавина е да работеш со машината дури и ако не е софистицирана, или исперена и исчистена како на клиповето...

Чувството коа изораш 10 декара, земјата налепена у паралелни бразди, рофита, без да се дигат топачи, басја и фаши... Мириса на свежо орана, гарганаците идат на стандардната гозба со црвци, па почнат да си играт помладите чафки, да гракат од ќеф.... Па изморен, ама задоволен си одеш дома оти си завршил работа, а тракторо весело ронка по пато назад, оти е добро загреан....

Или закачеш атомизер, ставеш гас маска, и правеш прашина у радиус на 20 метра.... Изрепаш за еден ден лозјиина, овоштарници, како некој војник...

Или коа одеш на сеејне... Дрлачи брани култиватори, циклони... Закачуваш, раскачуваш машинерија, работеш, трудеш се...

И негде средина на декември си зазимеш машината, а у февруари ја раззимуваш. Навираш се под неа, менеш ујле, подмачкуваш зглобове, по потреба менеш гуртни, некој каиш, чистеш филтер за воздух... Ќефски се обркаш со ујле и нафта до ушите, а раците додек ти ѕемнат на хромванадиумските гарнитури од клучове, ти од време на време си црцнуваш од дозната домашна, и се размаабеттисуваш со комшијата за трактори, диференцијали, горни и долни полуги, и слични тракатанци.... :)

А бербата... Е бербата на овошјето е најубавата и најслатка работа. Прејаден си, и уморен... Береш шо береш, нарепаш неколко тона у приколиците, одеш на мерејне и есапеш колко пари ќе земеш... И тогај и откупчиите знаат оти си домаќин човек, оти си работеш на сопственото, и ќе се омрсеш со некоја паричка...

Физичката работа дава неверојатна сатисфакција ако е придружена со финансиски бенефит. ;)
 
Ниту еден грам шеќер не се произедува во Македонија - Известува Дневник
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=70A95BF5660E324B88FAAC0C294787D2
Златна Кина, само пакувај и терај. Нема потреба ниту од работници за производство, ниту пак трошоци за одржување на тој погон.
Не знам колку е познато, скоро сите наши прехрамбени комбинати го прават истото.
Витаминка купува доматна салса од Кина, ја разблажува со водичка и става Дафинка и останати зачини кои исто така ги купуваат од Кина и се продава под придавката За Наше Добро.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom