Во изминативе неколку дена УПРАВАТА на КК РАБОТНИЧКИ на чело со САШО ЛАЗАРЕВСКИ константно се обидува да приватните пријателства на одредени луѓе ги злоупотреби за свои лични цели,па сме бомбардирани од пораки кои ги пренесуваат луѓе кои се наши пријатели а не се членови на групата во кои едно е повеке од јасно СЕ МОЛИ за СРЕДБА со НАС.Сега се моли за средба со истите оние кои преку соопштение нарачано од истиот гореспоменат а напишано од еден бивши член заборавен од сите во кое со сите оружја се пукаше по ПЛАТЕНИЦИТЕ и МАЛАТА ГРУПА на НЕЗАДОВОЛНИЦИ која својот авторитет и углед кој го ужива го користела за остварување на свои лични цели притоа манипулирајки ги и доведувајки ги во заблуда сите искрени навивачи и симпатизери на КК РАБОТНИЧКИ.Дали во управата на КК РАБОТНИЧКИ има епидемија на АМНЕЗИЈА или амебите кои седат во удобните фотељи се научени да лижат кај што плукаат и да ја свиткаат кичмата и подвиткаат опашката кога се во прашање остварувањето на сопствените зацртани планови.После сите УДБАШКО ПОЛИЦИСКИ МЕТОДИ кои ги искористивте максимално не размислувајки притоа за ЕФЕКТОТ па дрскоста отиде до таму што се пратија ЕМИСАРИ(со СПИСОЦИ ЗА ОДСТРЕЛ и ПРИЈАТЕЛСКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ) кои воопшто не беа како овие што ги гледаме последниве денови.Да токму сите тие курири и пренесувачи на пораки во изминативе денови(некогаш и тројца во исти ден пренесуваат иста порака) пренесуваат двосмислена порака во која се индиректно се бара средба со ГРУПАТА а директно се поставува едно барање ЛАЗАРЕВСКИ и негова смена да не биде на дневен ред ако дојде до преговори бидејки јасно се кажува ТОЈ ГИ НОСИ ПАРИТЕ ВО КЛУБОТ.
Трагедијата да е поголема во целата игра го вклучивте и НОВИОТ СТРУЧЕН ШТАБ предводен од ЕМИЛ РАЈКОВИЧ кој уште не седнат на клупата одма му дадовте задача по секоја цена да стапи во контакт со нас,мислејки дека тој ужива некаков авторитет и углед во навивачката група ама заборавивте или никој не ви посочи дека НЕГОВИОТ УГЛЕД и АВТОРИТЕТ одамна навивачите го помножија со НУЛА и самиот тој е свесен дека има премногу гревови кон истите тие со кои сега го терате да направи средба и да моли на коленици за нивно вракање на ТРИБИНИТЕ.Човекот проба се обиде ама доби ист одговор каков што добија сите предходни а каков што доби и вчерашниот курир кој беше се надеваме последен од серијата на ЕМИСАРИ ПРЕНЕСУВАЧИ НА ПОРАКИ КУРИРИ...ГЛАСНИКОТ НИКОГАШ НЕ СЕ УБИВА КАКВА И ДА НОСИ ПОРАКА!!!
Да ве подсетиме дека на вашите платни списоци веќе се наоѓаат луѓе кои ви даваа гаранција дека ке ги вратат сите вистински и не изманипулирани навивачи на трибините,дека магично ке успеаат да го прекинат нашиот БОЈКОТ и кога мислевте дека сето тоа е можно на ваша ЖАЛ а на наша срека добивте нокаут од кој очигледно уште ви се врти во главата и имате замаглен поглед,можно е од тој удар да страдате од АМНЕЗИЈА за предходните зла кои и ги направивте на групата.Си формиравте сопствена инстант политичко-навивачка група која во својот состав може да се пофали со ПОЛИТИЧКИ ПЛАТЕНИЦИ,БИВШИ ПЕНЗИОНИРАНИ НАВИВАЧИ-ФОСИЛИ,ПОЛИЦИСКИ СОРАБОТНИЦИ и уште неколку подпросечно интелегентни ликови кои сега длабоко се каат што дозволија да бидат дел од вашата најмизерна манипулација.Имате навивачка група која колку да пробува да ја лаже јавноста во витруелниот свет дека се тие вистинските во РЕАЛНОСТА исто како и вие се соочуваато ХОРОР ФИЛМ...прашањето е ЗОШТО СЕ ЛАЖЕТЕ САМИТЕ СЕБЕСИ???|
Сето ова беше мала ретроспектива на се она што направивте а сега пробувате да го заборавите или ако ви е полесно да свртите нов лист.Тој ФИЛМ господо со амнезија не го гледате со нас.НИЕ ниту ке заборавиме низ што се поминавме и поминуваме,нема да ги заборавиме сите ваши дворски и дволични игри,можеби ние не сме добри глумци и манипулатори како вас ама сите знаат дека се што правиме правиме од срце,понекогаш влечеме и потези не размислувајки на последиците ама тоа е ГОЛЕМИНАТА на една група на луѓе кои ги води ЕДЕН ИДЕАЛ и на кој и само нему му е посветена нивната БОРБА.Сега кога се уверивте во НАШАТА СИЛА и РЕШЕНОСТ да ни по која цена не одстапиме од ЗАЦРТАНОТО и кога увидовте дека сме спремни на ГОЛЕМИ ЖРТВИ ве фати паника почна да работи стравот во вас,како ке се правдаат огромните средства вложени во паузата на првенството а кои освен блиската фамилија и залутаните индијанци никој друг нема да дојде и да ги види резултатите од вашата работа,ако може да се каже резултати.Единствени резултати од вашата работа е тоа што НАЈТОПЛАТА САЛА ја претворивте во ЛЕДЕНА ДВОРАНА(мала компарација со салата во ЗАГРЕБ) правејки притоа од КК да станеме ХК РАБОТНИЧКИ...НОВ СТРУЧЕН ШТАБ заедно со звучните ЗАСИЛУВАЊА единствено можете да ги однесете на некоја свадба за да таму да ги видат повеке луѓе отколку на сите наптревари заедно...ПАРАНОЈА ПАНИКА СТРАВ Е ВАШАТА РЕАЛНОСТ!!!
Не постои таква сила која што ке не врати на трибините се додека нашиот клуб го водат луѓе како вас,напротив уште само повеке ке ги осетите последиците на НАШАТА БОРБА.Никогаш ама баш никогаш повеке нема да седнеме на иста маса и да преговараме со МАНИПУЛАТОРИ и ПАРТИСКО-ПОЛИТИЧКИ ПОЛТРОНИ кои како поминува времето сваќаат дека не се дораснати да водат војна кога на спротивната страна имаат ВЕТЕРАНИ кои поминале премногу битки и војни и однеле безброј победи.Се надеваме дека конечно едно вие е јасно БОЈКОТОТ ПРОДОЛЖУВА!!!
СЕКОЈ ДЕН ЗА НАС Е НОВА БОРБА...СЕКОГАШ ЗЛА НИКОГАШ ДОБРА!!! CITY PARK BOYS