Нумерација на улици

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.340
Поени од реакции
77.059
Локација
Б'с
Никогаш не би помислил каков хаос имаат направено со нумерацијата на некои улици се до пред некој ден кога неможевме да најдеме една куќа од наша населба :icon_mrgr:
Во прилог на темава ја приложувам и скицата од улициве и имајте на ум дека се работи за мал простор со тесни улички :icon_mrgr:
Untitled.png
Ми се јавува еден другар и ми вика дали го познаваш тој и тој, викам по имево не ми е познат. Кај живее? Другаров вика на иста улица како мене, ама нигде не постои таков број :icon_mrgr:
Да појаснам, другаров живее на улицата нумерирана со сини бројки, и тоа во број 9.
Требаше да ја најдеме куќата со број 1, на улицата со исто име.
Прво може да видите од сликава дека на радиус од 20 метри, тројца мои другари живеат на три различни улици (9 сино, 1 црвено, 10 виолетово) :D
Притоа куќите со виолетови бројки во урбанистички план припаѓаат во друга населба иако за да стигнат до таа населба треба 5 минути со кола (малото пролазче на сликата уствари се скали) да вртат пошто таму е ќор сокак и мора да се враќаат по друг пат :D
Тргнуваме од 9 сино и одиме надоле. Само наредната куќа е на сината улица, и тоа 7 сино. На 3 сино и 5 сино им се губи секаква трага o_O Слично и за 1 сино.
Куќата наспроти другаров е број 2 сино.
Од таа страната парните бројки беа убаво наредени. Нагоре по улицата следеа 4,6,8,10,12 сино итн...
Измеѓу нив куќи од сосема различна улицас, нумерирана со зелени бројки :pos:
Две 8 (сина и зелена) една спроти друга, а нигде не пишува која е улицата :pos:
Да се вратиме на муабетот. Откако видовме дека под 7 сино нема други куќи од таа улица, тргнавме нагоре. И си викаме да не се случи над сино 11, да има некој ситен непарен број.
Но тука не очекува изненадување, бројките растат од 21 сино па нагоре :pos::pos::pos:
Кај по ѓаволите се 13, 15, 17, 19???
И кај по ѓаволите е бројот 1 :pos:
После 1 и 2 црвено си следат куќите од црвената улица, така да таму немаше што да бараме.
Ја пребаравме цела населба, уште милион вакви случаи има со бројкиве, не ме ни чуди што таксистите лутаат со саати и неможе да ги најдат куќите :pos:

Интересното станува кога на нет ни наоѓа дека куќи од сината улица, има позади куќите со виолетови бројки.
Фактички типот со 6 виолетово на времето си изградил куќа на сред патот и со тоа го заебал цело спојување меѓу мојата населба и соседната, па тие што живеат на овие улици за да стигнат до другата населба мора да вртат од друга страна :facepalm:
Си викаме може има некаква логика, ама проверуваме и ништо не испадна, куќите си припаѓаа на виолетовата улица.

Конечно дечкото од 2 сино ни објаснува дека позади 21 сино имало уште една куќа покрај ќорсокакот и тоа била куќата која ја бараме 1 сино :pos:
По 3, 5,13,15,17,19 сино сеуште се трага :icon_mrgr:

Има ли вакви случаи и по другиве населби? :)
 
ама и вие сте малце глупи изглеа. ја за 10 секунди ја најдов куќата сино 1 :pos::pos::pos::pos:
а типот шо си изградил куќа на сред пат :pos::pos::facepalm:
 
Мојата куќа е запишана дека е на две улици подоле од таа што треба, па вие за нумерација се чудите :pos:
 
Кај мене на улицата фалат бројчиња бе...Но тоа не е се, има улици каде што не се знае кој пие кој плаќа...:icon_lol:
 
Абе кај мене е жив резил бе :facepalm: Имаме дупли броеви :нинџ:
Кога ќе нарачам нешто за јадење стига кај комшијата па иди разбери се, не дај боже такси да викнам, али затоа ја имаше куќата под хипотека ставено и сите негови заебанции и сметки и 93839383 покани од суд кај нас стигаа :pos:Нервиве ги изгуби татко ми, што малери ќе бевме :ROFLMAO:
 
ама и вие сте малце глупи изглеа. ја за 10 секунди ја најдов куќата сино 1 :pos::pos::pos::pos:
а типот шо си изградил куќа на сред пат :pos::pos::facepalm:

Son... ме тераш да те цитирам.
Гледаш во импровизирана "скица". На терен, куќата сино1 е скоро невидлива. Со други зборови, треба да си ретардиран да не можеш да ја најдеш куќата на цртежот.
Не ми се веруе дека го објаснуем ова...
 
Јас живеам на улица која практично е само паркингот кај мене пред зграда. Go figure.
 
Son... ме тераш да те цитирам.
Гледаш во импровизирана "скица". На терен, куќата сино1 е скоро невидлива. Со други зборови, треба да си ретардиран да не можеш да ја најдеш куќата на цртежот.
Не ми се веруе дека го објаснуем ова...

Се смеам ко блесав! :pos:
 
Кај мене во ред е. Од една страна се парните, од другата страна на улицата непарните. И не е хаос. Тротоарите се хаос...
 
Вакви лавиринти,има во повеќе,сега наречени населби,
а нема во населбите изградени веднаш по земјотресот.
За вториве мслам на оние населби -тогаш бараки ги има на сите страни на Скопје.
За првине тоа ти се нивите во околината на Скопје кој полека прераснаа во Големи населби.Една нива се продава на десетина лица.Пат нема,па новите сопственици си оставаат од купениот плац,најчесто 300-500 кв,по 1,5-2м за пат.Нивата до неа,исто така се продва и се така продолжува.Подоцна некој кој купува последно парче од нивата,не пушта пат за понатаму,или пак поголемо парче.Некој пак оставаат само 0,5м-1м,само за пролаз(да не речам друго нешто.)
Вакви се многу населени места:
Најдобар пример е населбата-куќите позади Ново Лисиче.
Значи позади трговскиот-кај бившите бараки до Вардар,или од кај ресторанот Мирко лево пак кон Вардар,или сега веднаш позади новите згради.Не дај боже да тргнеш таму да бараш некој,а си со кола,па ако е уште навечер добро си ја заебал работата,сто пати ќе влезеш во слепа улица или во некој двор,а улиците се за разминување на ..........
Но вакви се сите тие ново создадени Македонски „Села“-населби во околината на Скопје,па и некој скопски села: Инџиково,Ново село(пат),Лисиче, Стајковци....или на пример,пред земјотресот за да стигнеш до Миладиновци или Кадино село,половина час куќа нема да видиш од стариот „Хиподром“ до таму,сега е куќа до куќа.Исто таква е состојбата на сите страни.Порано Кисела вода беше периферија на Скопје и Тафталиџе,каде се одеше на излет.
Се потрудив да не ги споменувам граѓаните-жителите.
 
Знам за две згради на иста улица со исти број на стотина метри оддалеченост.Научив кога таксистот не застана пред првата :D
Прилеп зградите до Економски во нас. Точила се А, B, C, D, E, F, K (кирилично напишани)!
Сликовито прикажано (Ф e северно од Е и Д, ама таква слика набрзина).
точила.jpg
Во чудна состојба бил главниот во нумерацијата.Или планирани им биле G,H, I и Ј и парите исчезнале :sneaky:
 
Живеев во зграда 3, таа до мене беше 9, а таа после неа 7 :) па ти види сега.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom