Математичка мистерија

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
А од каде (sinA)^2+(sinB)^2=sin(A+B)?
Најозбилно прашувам, пошо не сум го сретнала ова едначење.
Јас одев по логиката дека (sinA)^2+(sinB)^2=1, значи 1=sinC => C=90
Не е така изедначено, туку е заменето дека А + В = 90
(sin A)^2 + (sin B)^2 = ( sin A)*(sin A ) + (sin B)*( sin B) =
сега е заменет само по еден sin што ги означив здебелено
од А + В = 90 следи
sin A = sin ( 90 - B) = cos B
sin B = sin ( 90 - A ) = sin A
така се добива:
(sin A)*(cosB) + (sin B)*(cos A) = sin ( A + B )

Твоето е полесно -sin B го замениш со cos А:
(sinA)^2 + (sinB)^2 = (sin A)^2 + (cos A)^2 = 1
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
671
Поени од реакции
522
А од каде (sinA)^2+(sinB)^2=sin(A+B)?
Најозбилно прашувам, пошо не сум го сретнала ова едначење.
Јас одев по логиката дека (sinA)^2+(sinB)^2=1, значи 1=sinC => C=90
Тоа едначење важи само ако А+Б прават збир од 90степени.
како што кажа Смрт за зони.... ако А+В=90 важи:

cosA=sinB и cosB=sinA

па ако ги замениш во sin(A+B)=sinA*cosB+cosA*sinB добиваш sinA^2+sinB^2

Едит: ете објаснил погоре и поубаво :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Најди четвороцифрен број кој е четири пати помал од бројот
напишан со истите цифри но во обратен редослед

пример за појанување

4 * abcd = dcba
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
појаснување!
дали може а=ц, или а=д? или некоја слична комбинација?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во врска со задачата во # 498 - најдов едно решение. Ако се предавате можам да го објавам
Но се ми се чини дека е можно да има уште едно решение, кое сеуште не сум го пронашол.
Каква е ситуација кај Вас?
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
оф, дури сега седнувам на ПЦ. ако е ДА тоа што те прашав, тогаш ..... има барем 10-ина решенија
1001, 1011, 1101, 1111, 2002, 2022, итн, нели?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
оф, дури сега седнувам на ПЦ. ако е ДА тоа што те прашав, тогаш ..... има барем 10-ина решенија
1001, 1011, 1101, 1111, 2002, 2022, итн, нели?
Oд овие броеви ниту едно не е решение
4 * 2022 не е еднакво на 2202
Еве како гласи решението које јас го најдов:
4 * 2178 = 8712 ( исти цифри само спротивен редослед )
Дали некој пронашол некое друго решение?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве објаснување како ја решив задачата
Условот е дека мора да биде
4 * abcd = dcba
Ова значи дека а мора да биде помало од 2, а b мора да биде помало од 5 инаку бројот од десна страна ќе биде петоцифрен
Истовремено а мора да е парен број, што значи а е сигурно 2
Бројот ba мора да биде делив со 4, значи дека ba е или 12 или 32.
Ако е ba = 12 тогаш d e eднакво на 8, а ако е ba = 32 тогаш d = 9
Бројот с го одредив лесно со проба. Во првиот случај најдов дека с = 7. А во вториот случај не најдов решение
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.487
Поени од реакции
58.959
Најди четвороцифрен број кој е четири пати помал од бројот
напишан со истите цифри но во обратен редослед

пример за појанување

4 * abcd = dcba




21978х4=87912
...петцифрен
За овој број, ова го знам ко факт, и со негова помош дојдов до истото решение

Баш ме интересира дали има уште вакви 4 цифрени броеви :)
Би одговорил негативно... од 1000 до 1999 ги исклучувам, бидејќи на добиениот број последната цифра мора да му е 1, а тоа при множење со 4 е невозможно
Над 2500 исто се исклучуваат, бидејќи се добива 5 цифрен број
Остануваат од 2000 до 2499
Па ајде да видиме дали ќе се појави уште некој број :)
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
хахахаах, супер е ова, а во овој контекст на решавеање, еве една од мое време
имаш осум осмици. треба да се добие 1000 (илјада)(y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom