Случки од студентскиот живот

  • Креатор на темата Креатор на темата Demetriuss
  • Време на започнување Време на започнување

во кој студенски сте живееле ???

  • Стив

    Гласови: 9 33,3%
  • Пелагонија

    Гласови: 8 29,6%
  • Гоце

    Гласови: 8 29,6%
  • Кузман

    Гласови: 2 7,4%
  • Медицинар

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    27
  • Гласањето ќе се затвори: .
Сакаш да кажеш дека тоа до стадионот е студентски? :eek:
Да, веднаш таму до зградите. Јас прво мислев дека е само за средношколци, ама тоа да ти бил и за средношколци и за студенти.
 
Да, веднаш таму до зградите. Јас прво мислев дека е само за средношколци, ама тоа да ти бил и за средношколци и за студенти.
:eek:
А јас си реков во Скопје биле лоши студентските :pos:
Мислев дека е некаков дом за сираци или слично кога ја видов градбата o_O
Си викам им е гајле за децава па ги ставиле во најутепаното место на светот, а тоа биле СТУДЕНТСКИ :eek:
 
:eek:
А јас си реков во Скопје биле лоши студентските :pos:
Мислев дека е некаков дом за сираци или слично кога ја видов градбата o_O
Си викам им е гајле за децава па ги ставиле во најутепаното место на светот, а тоа биле СТУДЕНТСКИ :eek:

:pos:Не ме заебавај, однадвор си е океј, сите згради кај нас се такви.
Имав јас прилика еднаш да влезам внатре, кога ги видов условите ми стана жал за децата. Циганите, што кај нас последниве години се котат ко ненормални, живеат во трипати подобри услови.
 
еве уште една што мислам дека ке ви се допадне :) имав еден цимер ама специјалка жива и со еден другар седиме у соба кај мене и еве го цимерот влева а нас не заебаше ламбата у соба и овој вика абе цимерче шо е раб и ја му викам цимер ако си чоек оди брат до А блок (таму живеат девојчиња) ако сакаш од 512 земи фазомер го остајв кај нив ... и овој нема проблем отишол таму у 512 кај некој пичиња се закопал и му вика ... Цимерот ми рече фазомерот да ми го дадиш кој тие е цимер ... не го знам се карал пола саат да му дадат фазомер го нема нигде ја му звонам да не го убијат за еден фазомер треба на душа да го носам .. Му вртам му викам цимер кај си бе ми вика абе брат ке ги убијам не сакат да го дадат фазомерот .. Ја му викам абе цимер еден другар го земал не се карај дојди си у соба .... влева и ми вика цимер ако не се јавеше ке ги згазев жими се хахахахаххахаха
 
анкетава не чини ... во 3 од нив иам седено ... за кој да гласам ...
--- надополнето: 12 февруари 2013 во 11:08 ---
можда најубо беше (од една страна гледано) во Пелагонија кога беа мешани собите (машки и женски), па имавме комшивки :love:
 
Слаба инспирација за случки од студентски домови....:)

Значи, се будиш во мугри, полу-разденето, и гледаш две девојки во соба од кои едната полугола. Убава гледка за добар сон. Продолжуваш со спиење и со прљави соништа. После дознаваш дека не си сонувал, цимерот собрал две девојки од диско, од кои едната се истурила со пијалок, па цимерот ја донел во соба да и даде тренерки да се пресоблече...

Или, спонтана журка во соба. Едниот цимер се запива и ја преспива пола журка. После журката, една од девојките, доволно расположена, решава да не се врати во нејзина соба и да преспие кај нас. Решава да спие во кревет со запиениот цимер кој прв заспа.
Сабајле те буди тој цимер и прашува “ добро, која е оваа ? И да не имаше нешто ?“

Друга спонтана журка. Некои од присутни девојки преспиваат во наша соба. Утрото, една од нив, бруцошка, станува во 7, решена да оди на предавања и прави галама додека се облекува. Не може да си ја најде едната патика. Полупијан, полузаспан, го слушаш едниот цимер како и вика “ УПМ, земи ја мојата патика, само потивко, не галами, ми се спие...“

Пролет во Стив. Журки секоја вечер. Прашање е “-каде има вечер журка? Кај Хајди во 204 ! -Ке одиме?, Нормално, да. -Ја знаеш ?, Не, а ти ? “
И нормално, кога ти правиш журка, ке ти дојдат илјада луѓе, од кои лично познаваш 1/3.
А правиш журка, немаш пари :(. Вадиш сите кревети од соба, едниот го превртуваш да глуми шанк, купуваш наливно вино, унапред разредуваш вино и вода/сок , ставаш другар кое е шанкер и му кажуваш да става само по пола чаша. Ионака знаеш дека никој повеќе од двапати нема да се пробие низ гужвата до шанкот....

Или шеташ денски по Стив, и слушаш по разгласот како најдобриот другар( што случајно беше ДЈ во диското ) ја “моли“ твојата девојка по име да те пушти ( и твоето име ) на студентска олимпијада во Струга и дека тој ке гарантира дека ке бидеш примерен...
 
Еве веќе две години во Гоце... иста соба, таму зад лифтот, апла HC место и за чудо се навикнав во 3 дена...

Случки со цимери немам, пошо немам ни цимери :)
Али затоа иам со комшии :)
Пола спрат во кафана, па диско гоце на афтерпарти па враќање назад, леташе душек од 13ти спрат, некоја кутија шо случајно си ја чувавме за маса на терасата и тргнаа да го фрлаат телевизорот, ми се смееја : „ти си бруцош ти треба да правиш глупости не ние“ (сите беа 21-22 + )


Немаше струја и плашевме луѓе низ ходници, доволно Гоце е морничав вака не па да нема струја е црна темница, се шетавме со свеќи :D

При екстремно пијанство (а се дешава) повраќање исклучиво од терасата :D

Ми правеа во комшии журка и никој не ме покани, затоа имаше 3 дена журка каде што тешко дека некој склопи око :D
--- надополнето: 26 февруари 2013 во 02:03 ---
заборавив... со многу пијани другари снимавме хммм хард бас :D 13 спрата во лифтот и во ходникот :D (а лифтовите шо се едни стабилни... )
 
мене ми се имаат случено многу случки од студенски домови бидејки живеев 3 години таму .. еве една случка од мене иако ви е познато за каква дискусија станува збор ... една вечер собирам девојка од тоа студенското диско мојот цимер имаше телевизор лап топ и свашта во собата а мојот кревет не беше ни среден во 3 саат вечерта кога дојдов со неа .. оваа влегува и ме прашува кој е мој кревет а јас нормално на цимерот (ако и кажам дека е мој креветот што беше стварно мој можеше да избега ) тој спиеше таа вечер кај неговата девојка и не беше у соба а сабајле знам дека е на работа у рамстор и си викам нема да си дојде вечерта ... беше што беше и нешто чука на врата у 6 саат сабајле (цимерот заборавил нешто) ... не гледа на неговиот кревет поцрвене цел а јас ништо не проговорив испадна и тоа ... јас одма заминав на факултет и кога се вратив гледам сменил чаршав кебе све уште креветот не го сменил се каравме пола саат и пак по старо (живееевме ) :) .. . ми се имаат дешавано многу работи таму ме мрзи да пишувам ова е само мала работа од случките кои ми се имаат случено ... ДА ОСТАВИ МАЛКУ И ЗА ВАС ПРИЈАТЕЛИ ПА АЈДЕ ПОВЕЛЕТЕ :D

Де бре мајкуму до студии стигна без да чуеш за запирка и за голема буква?
 
Книга можам да напишам.
Пијанка се договара за пет минути, ако не и помалку. Одиш само по ходници, се дериш на кој му се пие, сите подаваат глава, се собираат пари, се купува пиење.
Се пие кога ти е досадно. Ќе најдеш уште десет души на кои им е досадно и се пие. Се пие кога сте положиле. Се собирате тројца што сте положиле нешто и пиете. Се собирате цел студентски кога паѓате на испити. Битно да се пие.
Стануваш сабајле, гледаш, цимерката легнала со некој. И прво мислиш дека е истиот, таа некој нов довлечкала. Стануваш сабајлето, кабината во вецето исповратена, а ти не си пиела.. Стануваш сабајлето, си ја гушнала шојлата.. Стануваш сабајлето, цимерката која спиела на втор спрат ја гледаш на подот.
Ќе се собереме сите пијани на снегот и ќе маваме по канцеларијата на директорот со топки. Утре дента цел прозор за никаде. За ова колку се имам смеено.. :D

Ќе правевме харлем шејк во мензата. А тој ден инспекција да не дошло, па проблеми..
Ден не поминува да не се опцуеш со некоја курва по ходник оти ти од нејзиното стенкање не си можела да спиеш. Ден не поминува да не свариш по десет кафиња.
Ќе седнете во читална десет будали и ќе кашлате цело време. Абе будали.

Ништо не е како студентскиот живот...
 
Не е мое личност искуство, туку од еден мој другар. :)

Истотака престојувал во студентски дом, не знам точно во кој ама интересна е случката.
Се договориле да излезат вечерта со некои девојки најверојатно во центарот, но им било забрането ( за ова не сум сигурен). И излегле што изглегле со девојките, и попат негде сретнале, најверојатно албанци бидејќи не ги разбирале што му зборуваат. Но по некое време едниот му барал запалка за цигари. - Му дале.

Потоа по некое време откако заминале, зад нив пак овие албанциве ги следеле... И пак ги стигнале, и тука е интересното...

На другаров мој му барале пари, бидејќи така понареден бил со ланец и белезици на него... :P Овој му опнал нешо му ја закачиле една по нос и заќутил. По некое време пак почнал да зборува: Ама брат ова-она, немаме пари немам ова, ДРТ! Уште една :pos:.

И така по некое време ги натерале да се соблечат голи машкиве да му земат фармеркиве и блузата :vozbud:... После некое време противење накрајот го добиле тоа што сакаат пријателчињата. И другарчево си одело по пат со гаќите и маичката на него :pos: (не знам дали и патиките му ги зеле!).

Едно 5-6 пати ми ја има кажано случкава, врежана му е во паметот, и ми кажуваше како си одел гол накај студентскиот дом.
 
Back
На врв Bottom