- Член од
- 24 август 2011
- Мислења
- 511
- Поени од реакции
- 807
@ valvoline
Не сум јас кукавица па да одам на сигурно. Не ми е страв од ризик. Ти ако гледаш така на работите, може во купатило да се сопнеш и да скршиш врат. Јас го сфаќам животот како авантура, не како борба. Сум пливал до гуша низ лајна, но и сум летал во облаци, и на крајот на денот сфаќам дека најголем дел од случувањата зависат токму од човекот. Тој е самиот виновен за своите падови и заслужен за своите подеми. Во ретките случаи кога виша сила е одговорна, тогаш човекот пак има доволно контрола врз штетата, доколку умее да се справи со проблемите и "одигра" мудро.
Јас се откажав од факултетот свесно, имајќи го овој мој став во предвид. Мене никогаш не ми беше планот да работам за некој газда, барем не долгорочно. Дури и да се вработам некаде, тоа ми е привремено решение или отскочна даска за некој повисок план кој сум си го зацртал. Од прва рака ти кажувам дека ако мозокот ти функционира и ако САКАШ да работиш, тие 400 евра може да ги правиш од дома. Не би било пристојно да правам фотка сега, затоа ќе треба да ми веруваш на зборот дека дур го пишувам ова си пијам кока кола со мраз, на едниот монитор гледам видео на јутуб (не го гледам уствари, туку онака е пуштено колку да дроби нешто во позадина) и не носам ништо освен гаќички. Вчера цел ден со братучедот акавме по град со кола. Вечер ќе искочам со друштво. Утре ќе бидам со драгата. 3 дена правам што сакам и на сметката пак ме чекаат доволно пари за удобен живот. Летоска ќе одиме и на одмор.
Секој класичен балканец ќе се чуди како тоа можам цел ден да ладам муда пред ПЦ и пак да имам пари. Јас ќе ти кажам, иновативноста си го прави своето. Ти ќе работиш од 9 до 5 секој ден, ќе имаш 4 слободни дена во месецот и 10-15 дена одмор на лето. Ќе земеш 400 евра плата, МОЖЕБИ од кои 100 ќе ти одат на трошоци за пат, храна и слично. 300 чисти ќе си донесеш дома. Твојата партнерка ќе ја гледаш само навечер кога од работа ќе се вратиш. Ќе имаш само еден ден неделно да им бидеш татко на твоите деца, а и тој ден којзнае дали ќе можеш. Ќе извршуваш досадни задачи кои ќе ти го направат животот мизерен. Ако се случи нешто неочекувано, да направиш сообраќајка - ќе мора кредити да земаш за колата да ја поправиш. Ако се разболиш, на никого не му е гајле, ќе идеш на работа и полумртов ако треба. Ако случајно се смени влада, леташ од работа.
Од друга страна, јас сум дома цел ден. Јадам кога сакам, пијам кога сакам. Ќе поработам 2 саати дневно АКО САКАМ. Кога ќе ме повика друштвото или драгата, можам да искочам во било кој момент и да се задржам колку сакам. На драгите личности сум им достапен 24/7. Можам да отидам на одмор на 3 дена или на 3 месеци, работата ја носам во лаптопот со мене секаде. Можам да отидам на одмор 5 пати во годината ако сакам. И кога сакам. Ако ме фати дремка сега, само треба да минам 5 чекори до креветот и да се покријам. Месецов платата ќе ми биде како твојата, но јас немам трошоци за пат. Профитот ми е во целост чист. Идниот месец можеби ќе имам 300 евра плата. Можеби и 200. Ама може и 1000. Затоа кога имам вишок, оставам на страна, за кога имам мањак, да можам да се избалансирам. На тој начин веќе 2 години одржувам просек од 400. Должен не сум никаде, ниту денар. Ако се разболам, можам да си лежам дур не оздравам. Ако ми искочат итни трошоци, си имам резерва во кеш. Не зависам од никого. Буквално - колку работам, толку имам. Ако произлезе потреба, наместо 2 саати дневно ќе работам 4 и ќе имам поголем профит.
Каде беа предностите во државната работа уште еднаш?