Коцкање

  • Креатор на темата Креатор на темата Nightwalker
  • Време на започнување Време на започнување

Коцкањето го гледате како:

  • Забава!

    Гласови: 121 40,6%
  • Извор на пари!

    Гласови: 40 13,4%
  • Не го правам тоа!

    Гласови: 137 46,0%

  • Вкупно гласачи
    298
Абе не да се фалам ама растур прам на фејсбук на покерот :)
 
Јас коцкам од забава,али понекогаш знам и да забегам:)и апел до децата кој што не почнале со ова,воопшто да не пробуваат да почнат.
 
Не се коцкам.
За жал не сум среќлија, туку аргатчија. :(
 
Имам искоцкано се на се 600-700 денари на рулет и машини и не видов никакво задоволство а ни забава. Се напив 3-4 уза и надвор со другарите и прва реченица што ја слушнав беше „ ЕЕеее сега да излезевме во ресторанче јадењееееее пиењееее со овие пари пооо....“. Поинтересно е да уплатиш ливче со 30 денари и да чекаш цел ден :D а и не си некој минус ма да знам студенти цела кирија или пари за семестар на сингл и потоп. Нема леб од коцка.
 
никот доста кажува за мене околу коцкањето ...
ахх слот машинс... ах вртечи рулет ... ах ух охх како и да викнеш исто е
 
Ова е нај лош порок што постои...
курвалакот е додека му клапне,пиењето е додека може...но коцкањето е до гроба:notworthy:
Кој не почнал,нека не почнува....не само коцкарот што се уништува,туку и цела фамилија се уништува:(
 
тоа сигурно мајка ти ти го кажа или татко ти или некоја приказна си гледала на мтв ???
 
Баба ми ми кажа....а што не е точно?

Бабите викаа и дека дрога клаваат у житоните па не беше така :)

Шала на страна за се постои мера и според мене само глуп (ниско интелегентен) човек може да се заглави безразлика дали е тоа коцка, дрога, алкохол или пак некој друг порок. Чист пример ти се оние без мозок што играат рулери и останати електронски глупости значи повторувам електронски/програмирани кај кои уште во старт се знае колку одат за куќата (казиното) а колку за оние што играат не повеќе од 15-20% на дневно ниво. Друга работа ти е картањето каде што учествуваат и повеќе луѓе а добар дел од случаите играат 3-4 против 1 со цел да му ги земат парите и да го го заглават. Е сега на пример кладилницата е сосема друго иако и тука местат, сепак ако имаш знаење можеш да вадиш нешто нешто од неа сепак треба посветеност, разбирање и среќа нормално. Иако сум доста млад имам пробано доста коцкарски работи, сега играм само кладилница сепак според можностите не очекувам да се збогатам од неа ама знам дека нема ни да осиромашам од неа.. значи играш според можностите.
 
Не се коцкам поради тоа што сум сеуште малолетна и за жал неможам да влезам во казино. Уште неколку години ќе бидам 18 би влегла во казино...мора да се осети тоа чувство :D
Коцкањето не го гледам како лошо нешто, се додека имаш цврст карактер и знаеш кога да прекинеш и да го напуштиш казиното. На пример, никако неможам да разберам две работи кај коцкарите.
1. Добиваат голема сума на пари и остануваат на масата, иако знаат дека тркалото се врти и можат да ги изгубат (што често и се случува).
2. Немаат пари за коцкање и се позајмуваат.

Ако немам да ја продолжам играта, станувам и си одам бе, ќе се срамам ќе позајмувам. Како не. Или немам за основни потреби, одам во казино и ги оставам тие малку пари таму. Тоа ми е сосема несфатливо.

Но сепак, луѓето на покерот и општо казината, коцката гледаат со многу предрасуди. Како што реков, се додека знаеш кога е доста, немаш гајле.

ПС :D

Инаку во врска со анкетата, јас лично мислам дека тоа е пред се забава, но може да послужи и како извор на пари.
 
Ќе осетиш за неколку години мада јас не ти препорачувам да стапнеш таму..
 
Сите влегуваат со таа мисла дека ќе знаат кога е доста ама после го јадат стапот.

Имам шанса на моите 18 години да гледам тешки коцкари,да ги анализирам и да учам од нивните грешки. Тоа ми е големо искуство и можеби сум единствен што е у ќар од коцка. (ако тоа може да се нарече коцка)
 
Ќе осетиш за неколку години мада јас не ти препорачувам да стапнеш таму..
Сите влегуваат со таа мисла дека ќе знаат кога е доста ама после го јадат стапот.

Нема шанси, ако имаш цврст карактер нема шанси да се зезнеш.
 
Нема шанси, ако имаш цврст карактер нема шанси да се зезнеш.
Слободно пробај и изгори се...ќе правиме муабет потоа.
Не е се така лесно и не е се така розево како што мислиш. Парата го мења чоекот,верувај.

Отиди во најблиската кладилница,седни во некој ќош и анализирај. Доволно е само тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom