Не верувам дека е тоа македонски збор, но не сум експерт.
Мене ми личи на албански, но исто и зборот Индијанец нема северноамериканско потекло, ниту зборот Италијанец има потекло од Латински или пак етрурски корени, како што зборот Француз нема латински, ниту галски корени.
Можеби според некој, споредбиве не се баш точно на место, но тоа не го менува фактот, што нив и да ги викаат Шкрети (односно со немакедонски збор), тие себе си одсекогаш си се сметале за Македонци. Тие немаат со генерации, никакво сеќавање дека некогаш се изјаснувале како нешто друго. ниту кај еден од нив.
Нивното вклопување во општествените текови на дваесетиот век, исто така беше проследено со стигматизацијата која мнозинството им ја наметнуваше, заради јазикот кој (не) го зборат.
Но, никогаш не биле Албанци, секогаш велат дека се Македонци. Шкрет, многу повеќе влегло во употреба од околината. Не е тоа нивно име (како што е кај Гораните).
Пак ќе кажам. Не сум експерт за називи, историја, ама гарантирам за нивната ориентација. Никогаш немале дилема.
--- надополнето: 7 февруари 2013 во 22:51 ---
Точно.
Затоа реков
јазикот на локалните Муслимани. Ако живееле на друг карј на империјата, на пример:
Ете, во Тунис. Како лебати, цело едно население што живее во некој сјебан крај, ќе научи јазик кој се збори од дватројца у некој град?
Училишта, книги, интернет?

Јазикот на тие Муслимани со кои живееш! Нели се изразив со фраза во која реков дека напраиле финта, која им успеала (ваљда). Тоа е, такви биле средновековните држави. Со строга нерамноправност, во духот на Средниот Век, секако

Blend into, напраиле.