Tocno taka, samoto prasanje ja negira islamskata religija vo temelite na nejzinoto postoenje ( a ne da debatiram za nejzinata sustina). I dokolku se dade logicen odgovor, samiot odgovor ke ja negira istata religija.
Islamot dokazuva samo so "nivnoto veruvanje" deka alah e semoken (dokoku e semoken samiot toj ke dade dokaz za toa) i poradi toa tie treba da go sledat negovoto ucenje, i sproveduvat negovite "zakoni" ili so drugi zborovi se vospostavuva kontrola nad umovite nad lugeto (nivnite vernici).
Sepak ovde se postavuvaat prasanja za islamot, bez razlika koj del od nivnoto ucenje se prasuva ili dali vsusnost se ova vo vrska so islamot e vistina ili laga.
Мислам дека треба да расчистиш дека не постојат само Исламот и Христијанството како религии и дека кога се зборува за религија и вера, нема тука вистина и лага, сфатени онака како што ги сфаќа само една религија.
За пример ќе ти го дадам Хиндуизмот. Накратко, Хиндусите веруваат во реинкарнација. Каков доказ добиле тие за да веруваат во тоа? Каков доказ имаат за тоа дека душата е во постојан процес на самсара (кружење)? Имаат три главни Бога. Брама, Вишну и Шива. Веруваат дека ако се држат до обврските кои им ги носи нивната каста, кармата ќе им биде добра и ќе реинкарнираат во позитивен облик. Веруваат до достигнување на духовна слобода и мир (мокша), а никој од трите Бога не им дал никаков доказ за ништо од ова.
Претпоставувам дека со ова што бараш “докази“ целиш на тоа дека Исус давал некакви “докази“ за семоќноста на Бог, со тоа што воскреснал, водата ја претворил во вино, бил исцелител и слично. Ама тоа не мора да значи дека сите религии нудат такви приказни и теориски поставки.
Муслиманите веруваат во точноста и исправноста на Аллаховата објава, во еден дел затоа што на почетокот политички ги соединила и им донела голем политички успех. Тоа е само еден дел.
Веруваат дека таа е единствено исправна и тоа е тоа. Нема тука барање докази и докажување во нечија семоќност. Нема потреба за тоа.
--- надополнето: 7 февруари 2013 во 14:33 ---
1. Зошто Алах морал да си прави поправки на тоа што го кажал, зошто од прва не ја кажал конечната верзија?
2. Кој е критериумот според кој некој заслужил да биде оставен во заблуда?
Вакви прашања можеме да измислуваме колку сакаме, ама не е тоа поентата и немаат никакво значење.
1. Затоа што Тој така сакал, оценил и одлучил.
2. Нема тука критериуми. Има една волја. Онаа на Аллах. Само Тој знае што е праведно. Ако некого оставил во заблуда, значи дека Тој така сакал и само Тој ги има причините за тоа. Тој е апсолутот и ниту една негова одлука не подлежи на оценување.
“Аллах знае, ти не знаеш“ - стои во Куранот и тоа ти е објаснување за се.