marama.
Те разбирам дека си збунета, не знаеш што да мислиш, си вртиш филмови како, што, што си згрешила, па што си требала да направиш, што не ... И јас вртев филмови додека не ми препукна.
И знаеш што сфатив? Дека ми помина љубовта додека мислев што и како. Немам чувства за бившиот веќе, ете, а не верував дека ќе се случи. Не било тоа што сум мислела.
Така да, полека, ќе помине недела, две, без контакт, ако ти е полесно, тогаш ќе преболиш во скоро време.
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
Нема што да молиш, да бараш некој кој не е заинтересиран за тебе, оти по пишаново, така ми стои.
И убаво си пишала, ако не те засакал досега, не верувам дека сега ќе почне.
Пријателство со него ... Жими се, тој што измислил пријателство по врска е голем ропак. Ти викам да се тргнеш скроз од него, полесно ќе ти биде, верувај!