Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
Што кога некое машко, со кое многу често контактираш, ама не го знаеш лично, ти изјавува љубов, но не знаеш дали мисли озбилно или само се зафркава ?
Како да дознам дали мисли озбилно, без да сфати дека чувствувам нешто кон него.
Зашо комплицирате се о, Вие немогучи женски субјекти? Едноставно е, искочи со него, викни го на чај/кафе/сок нема да ти падне круната. Не живеј во 17 век и не се води според она дека дур не те викне он ти не го викаш пошо си Трнорушка, а он е принцот. Викни го, напрајте муабет и прашај го директно за све што те интересира.
 
marama. Ти имаш чувства за него, тој не. И и' на двајцата ви е јасно тоа како ден. Што ти треба пријателство со него? Сама си бодеш трн во здрава нога. Не можеш да бидеш пријател со некој кон кој имаш чувства. Само ќе си даваш лажна надеж дека ако постојано бидеш покрај него и одржувате контакт тој така еден ден магично ќе сфати колку е искрена твојата љубов и ќе сака да биде со тебе. Што нема да се случи, I guess.
 
Не ни очекувам да ги промени чувствата...Штом до сега не ме засакал зошто и во иднина да се случи тоа? :)
Уште од кога се појави таа девојка јас имав претчуство дека нешто ке има но не обракав внимание,не се надевав дека ке дојде до таа ситуација,зошто мислев дека тоа што беше мегу нас е силно.Дека ништо нема да го згасне.
Како и да е чувствата ми исчезнуваат полека...Само ми останува нејасно зошто не се борев од порано. Зошто не му признав кога требаше,можеби сега ке беше друго не знам...
Се е во ред,и јас сум во ред сега,не ми е толку тешко.
Ако решил така,така нека биде :)
 
Зошто ако девојчето е тивко, приберено и не толку "famous" е глупа/закочена и такви епитети, а доколку се сретне некоја "поопуштена" и си велат 2-3 мускетари си прават меѓу себе муабет камо да беше малце поприберена.. logic???? o_O
 
Што кога некое машко, со кое многу често контактираш, ама не го знаеш лично, ти изјавува љубов, но не знаеш дали мисли озбилно или
само се зафркава ?
Како да дознам дали мисли озбилно, без да сфати дека чувствувам нешто кон него.

Па, упознајте се прво?
 
marama.
Те разбирам дека си збунета, не знаеш што да мислиш, си вртиш филмови како, што, што си згрешила, па што си требала да направиш, што не ... И јас вртев филмови додека не ми препукна.
И знаеш што сфатив? Дека ми помина љубовта додека мислев што и како. Немам чувства за бившиот веќе, ете, а не верував дека ќе се случи. Не било тоа што сум мислела.

Така да, полека, ќе помине недела, две, без контакт, ако ти е полесно, тогаш ќе преболиш во скоро време. ;)
Нема што да молиш, да бараш некој кој не е заинтересиран за тебе, оти по пишаново, така ми стои.
И убаво си пишала, ако не те засакал досега, не верувам дека сега ќе почне.
Пријателство со него ... Жими се, тој што измислил пријателство по врска е голем ропак. Ти викам да се тргнеш скроз од него, полесно ќе ти биде, верувај!
 
Што кога некое машко, со кое многу често контактираш, ама не го знаеш лично, ти изјавува љубов, но не знаеш дали мисли озбилно или само се зафркава ?
Како да дознам дали мисли озбилно, без да сфати дека чувствувам нешто кон него.

А, чувствуваш ли нешто кон него?

Ако да, јави му се на кафе и излезете, разговарајте, запознајте се и види како ќе ти се допаѓа потоа.

Ако не, дали ти е интересен?

Ако да, јави му се на кафе и излезете, разговарајте, запознајте се и види како ќе ти се допаѓа потоа.

Ако не, немој веќе да му обрнуваш внимание и кај и да е ќе се тргне од тебе.

Поздрав и со лесно.
 
не мајтапо настрана многу мие важно :)
Наумче, пиши и го тоа.
И нудиш еден вид засолниште, у паметот ќе си вика види го овој мажјаков.;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom