1.Дали науката може да ги даде сите одговори?
2.Како си ги објаснувате работите за кои нема релевантен одговор?
3.Што е тоа што ве тера насабајле ко че станите да НЕ испоубијате се шо ве нервира, да испокрадите се шо ви треба итн?
4.Дали институциите како шо е црквата, нејзиното дејствување низ историјата и сега, и одредени свештени лица и нивните постапки се главна причина за вашето негирање дека постои Бог?
п.с во последното прашање не зборувам само за христијанството
1.Не.Дури сметам,дека на некои прашања,науката никогаш нема да биде во можност да даде одговор;
2.На кои точно работи сметаш?Иако човекот е свесно и интелегентно битие,сепак и човекот има свои ограничувања и не може за се да даде одговор.Ова прашање ти е во суштина исто како и првото;
3.Никогаш не сум имал таква желба кога ќе станам од спиење,се прашувам дали ти кога стануваш насабајле имаш желба да убиеш некој,ама вербата во Бог и стравот од казна те спречува да го направиш тоа?Не сум сигурен дали моралот е вроден,дали зависи од опкружувањето,но претпоставувам каде целиш со ова прашање и сум сигурен дека на човекот не му се потребни религии,Богови и слично,за да биде морална и добра личност.
4.Не,никогаш не сум ги ни сметал организациите водени од човекот,како што е Црквата,за нешто што е вистински посветено на Бога,зашто се што е човечко-може да биде и корумпирано.