Будизмот не е атеизам. Одговорот е прост.
Прво, не треба да се мешаат атеизам и антитеизам. Двата пристапа се односи спрема религијата и не би постоеле без неа. Првиот значи дека не се верува во Бог или божества, значи не постојат ентитети со боженствени својства.
Вториот е спротиставување на било каков облик на вера.
Во Будизмот, Буда, учел за тоа дека постои нирвана која може да се достигне следејќи осмонасочен пат. Нирваната претставува духовно ослободување од процесот на самсара во кој тие веруваат, а сеа нема потреба превише да зборам за тоа зошто ќе избегам од поентата.
Нирвана во таа конотација не е многу далеку од рајот во христијанството, а тоа Буда, пак ќе речам, во таа конотација, не го прави многу различен спиритуален учител од Исус.
Е сеа во врска со односот спрема божествата во будизмот, т.е. дали будизмот е атеизам.
Во будизмот постојат бодисатви. Тоа се за нив некој вид на светци (ако аналогизирам до тој степен со христијанството) Тоа се луѓе кои достигнале нирвана, меѓутоа се откажале од неа со цел да им помогнат на обичните, да достигнат нирвана.
Авалокитешвара им е еден од тие бодисатви за кого веруваат дека е сама инкарнација на сожалувањето и сочувствувањето. За него сметаат дека им помага на сите оние на кои им треба помош од тој вид. За него веруваат дури и дека инкарнира во Далај-Лама, во тибетантската форма на будизам (ламаизам).
Постои и друг бодисатва кој го нарекуваат Јиѕосама и за кој веруваат дека се грижи за децата, бебињата кои умреле при раѓање или во мајчината утроба и за мајките родилки.
Самиот факт, што во будизмот постојат некој вид на „светци“ наречени бодисатви, имплицира дека будистите веруваат во ентитети со боженствени својства, а таа верба автоматски го поништува атеизмот, како сфаќање кое отфрла верување во ентитети со боженствени својства.