Баш лавиринт. Полако. Прво што треба да направиш е да вдишиш длабоко и да си кажеш сама на себе се ќе биде во ред.
Е сега, немој да мислиш дека другата е подобра од тебе, дека му помогнала повеќе од тебе или „што ти знам јас“ повеќе од тебе. Може ти си дала многу повеќе од неа, но таа повеќе му одговарала карактерно. Ти сакаш завршеток. Мислиш дека ако го имаш за пријател дека ќе му се отворат очите и ќе види што изгубил, и ќе се кае зошто ти вредиш и секој би сакал да биде со тебе, и како другар и како дечко. Се убаво, ова е однесување за да ти се наполни гордоста, егото. Но колку повеќе очекуваш и буткаш, толку повеќе може ситуацијата да не биде во твоја корист.
Сега си имаш некој (и да немаш, тоа нема везе), уживај си и не се замарај со типот со кој не сте се погодиле. Јас знаеш што научив, не може на сите да им се допаднам, не можат сите да ме сакаат. Доколку некој не ме сака, си одам. И јас се залажував дека сакам да ми бидат пријатели, но едноставно, ако со некој не си одговараш (под одговарање мислам да се најдеш на пола пат со некој а не да буткаш и туркаш постојано) подобро раздели се и продолжи со животот.
Според мене, нема што да бараш другарство од него. Пријателство онака од месец на месец, еднаш на кафе, и ќе видиш дека ќе помине време нема да имате заеднички муабет и ништо нема да имате да си кажете.
Стави точка. Ќе ти олесни, верувај.