Прашања за Исламот III

Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Дали во Куранот има своевиден "кодекс" на облекување за жените во домашни услови и тоа

1. во текот на денот,?
2. вечерта,?
3.Кога ќе дојдат гости во куќата?
Нема посебен кодекс,има хиџаб кој се носи секогаш,освен кога се само жени негде или во некоја просторија,малолетни машки деца,родителите на мажот и нејзина фамилија(татко,мајка,брат,сестра) и децата кои ги има братот/сестрата).
Кога ќе дојдат гости,ако не спаѓаат во овие категории што ги набројав горе,треба да носи хиџаб.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

Аха.

А, што се случува ако не носи Хиџаб во било која од ситуациите каде би требало да носи?

Прави грев ли?

Како треба да постапи мажот во тој случај?

Дали гостите се навредени, во тој случај?
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Beric Dondarrion , Muranyi , Orthophill
Другарчиња немојте да мислите дека и моето мислење како муслиман,за С. Арабија е така розово.
И мене ми е мака кога во сомалија гладуваат,а шеиците си го прчат таквото.
Но ме иритира тоа што ич не сте реални.
Јас ќе ви набројам најмалку 10 земји,од кои 5 директно,преку воени интервенции се мешаат во државни работи на други земји,и 5 земји каде се директно загрозени човечките права,а земјите не се муслимански.
После сите тие држави,иде арабија,а вие прво за арабија се фативте.
1. Америка,ајде ве молам кажете ми како авганистан или ирак или пакистан ги загрозуваат границите на Америка или и го загрозуваат суверенитетот,или им одземаат права на американските жители.
2. Израел,знаеме што се случува во Палестина.
3. Русија,што мајка бара во чеченија,киргистан миргистан и такви државички да си го пика носот и слично.
4. Франција,како Мали може да и го загрози суверенитетот на држава како франција,па тие да интервенираат воено.
5. Велика Британија,нека ми каже некој една добра причина со што има да се фали тој принцот што со гордост кажува дека тепал Талибанци од хеликоптер? Да не му спремаа државен удар,да не сакал некој од нив да му го презеде престолот?
.....
сеа со другите пет.
1. Северна Кореја,апсолутна диктатура,одземање на сите основни човечки права кои ги уживаме во 21 век.
2. Куба, исто така некој вид на едноумие,комунистички еднопартиски системи,кршење на основни човечки права и воведување на права по мерка на претседателот.
3. Венецуела,прочитај под 2.
4. Тие афричките држави,зимбабве мимбабве кај што владеат диктатори по 50 години.
5. Иран,нуклеарки муклеарки ти реков ми рече и слично.

.....
Зошто таа америка,нато,обединети нации...тие грижливи борци за човекови права не интервенираат воено во кореја,куба,иран...
или шо вели народот: Нашле села без кучиња,кои не можат да се одбранат од америка,франција,британија... па удри по нив,демек загрозуваат човечки права.

значи арабија не е цвеќе за мирисање,ама овие се многу поголем проблем.
овде имаме очигледни мешања во државните уредувања на некои држави,со воени интервенции кои носат многу невини жртви.
тоа што вие велите дека арабија се меша индиректно во јордан,мордан и слично
па и во македонија моментално струјат барем 3-4 држави преку свои луѓе и тајни служби,почни од србија,бугарија заврши на турција и така на таму.

јас само барам реално согледување на ситуацијата.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.462
Абре никој не збори дека другите земји се мили и драги.
Има мноооогу поагресивни земји на планот на надворешна политика.
Надворешната политика на КСА беше тема. Само ти покажав дека на тој план не се тие ангели, како што ти се обиде да ги претставиш.

Е сега.
Надворешната политика на таа држава не боде очи, колку еден куп други работи, неброено многу пати спомнати тука.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Аха.

А, што се случува ако не носи Хиџаб во било која од ситуациите каде би требало да носи?

Прави грев ли?

Како треба да постапи мажот во тој случај?

Дали гостите се навредени, во тој случај?
Со самото тоа што не носи хиџаб прави голем грев,или најблаго речено е "гола" исламски :)
Мажот,правиме муабет за муслиман верник не верувам дека би барал да земе за жена некоја која не носи хиџаб.
а инаку ако има жена која носи хиџаб,и таа одлучи да не носи повеќе а уште се во брак,должен е да ја опомене,посоветува,да поразговара со неа за причините за такво дело/мислење,но никако да ја присилува на носење хиџаб,или малтретирање поради тоа и слично.
Ако не му одговара одлуката на жената да не носи хиџаб,има право да побара развод и тоа е тоа.

А дали гостите се навредени,тоа е грев и срамота за жената а не за гостите.
Но денеска живееме во такво време каде што можеби и 70% од муслиманките не носат хиџаб,па негде е и чудно кога ќе видат жена прописно исламски облечена,дури и и честитаат што се одлучила за тоа :)
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 22:38 ---
Абре никој не збори дека другите земји се мили и драги.
Има мноооогу поагресивни земји на планот на надворешна политика.
Надворешната политика на КСА беше тема. Само ти покажав дека на тој план не се тие ангели, како што ти се обиде да ги претставиш.

Е сега.
Надворешната политика на таа држава не боде очи, колку еден куп други работи, неброено многу пати спомнати тука.
Јас само ти покажав дека не се ни ѓаволи како што вие се обидовте да ги представите.

јас признав дека не е така розово,како што мислите да ја представувам,само реков дека кога е во прашањето надворешната политика,сите тие гореспомнати држави се многу поопасни од арабија,а вие баш за арабија се фативте,па морало да ја снема,ко да е само арабија и државното уредување на арабија проблем во светов и проблем на македонија.
значи,се додека вие се обидувате да ја оцрните на непоштен начин,ќе ја бранам.
Кога ќе почнеме да водиме реална дебата,тогаш ќе си го изнесам ставот :)
Мислам дека е фер од моја страна.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Јас само ти покажав дека не се ни ѓаволи како што вие се обидовте да ги представите.

јас признав дека не е така розово,како што мислите да ја представувам,само реков дека кога е во прашањето надворешната политика,сите тие гореспомнати држави се многу поопасни од арабија,а вие баш за арабија се фативте,па морало да ја снема,ко да е само арабија и државното уредување на арабија проблем во светов и проблем на македонија.
значи,се додека вие се обидувате да ја оцрните на непоштен начин,ќе ја бранам.
Кога ќе почнеме да водиме реална дебата,тогаш ќе си го изнесам ставот :)
Мислам дека е фер од моја страна.
Види, реално ич не ни е гајле за КСА и нејзиниот квази шеријат.

Но, бидејќи сега истура пари (од 500 до 1500 евра по особа, а веќе има околу 1500 луѓе - највеќе од струшки и скопски села, многу сиромашни) за ширење на Исламот и Вахабизмот, тука во МАкедонија, сосема е релано да очекуваш ваков наплив на емоции од Макеоднска страна.

Впрочем тој шеријат кој го практикуваат и сам велиш дека е далеку од вистинскиот, а се обидуваат да протнат и рашират моќ со пари, за да и понатаму доминираат во однос на Иран.

Мислам дека Саудиска Арабија и нејзиниот однос, ви штети највеќе вам, муслиманите у Македонија. Мислам дека го знаеш и ти сам тоа, и ферски е да застанеш зад истото. Нема потреба од инат да говориш во корист на она што е штетно по тебе.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Donald Sikert и остало друштво.

Темата е прашања за ислам,а не за надворешната политика на КСА.
Не бегам од дебата,ама ако е темата прашања за ислам тогаш поставувајте прашања на кои можам да дадам конкретен одговор.
а не прашања од кои ќе произлезе дебата,бидејќи за прашања како надворешната политика на КСА и слични,не може да се даде конкретен одговор,можеме само да изнесеме ставови и мислења,исти или различни и за тоа може само да се полемизира а не да се даваат конкретни одговори.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ти велам пак дека е непотребно филозофско прашање.
Мене одговорот ми е сосема јасен и едноставен,но ем нема да ме сфатиш ем не знам како најјубаво да ти објаснам.
Поради тоа прашање глави летаат - буквално, тоа за тебе е непотребно?
Зошто правен систем како шеријатот, кој треба да биде објективен и егзактен, се базира на филозовски толкувања кој неможат да се објаснат?
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Beric Dondarrion , Muranyi , Orthophill
Другарчиња немојте да мислите дека и моето мислење како муслиман,за С. Арабија е така розово.
И мене ми е мака кога во сомалија гладуваат,а шеиците си го прчат таквото.
Но ме иритира тоа што ич не сте реални.
Јас ќе ви набројам најмалку 10 земји,од кои 5 директно,преку воени интервенции се мешаат во државни работи на други земји,и 5 земји каде се директно загрозени човечките права,а земјите не се муслимански.
После сите тие држави,иде арабија,а вие прво за арабија се фативте.
1. Америка,ајде ве молам кажете ми како авганистан или ирак или пакистан ги загрозуваат границите на Америка или и го загрозуваат суверенитетот,или им одземаат права на американските жители.
2. Израел,знаеме што се случува во Палестина.
3. Русија,што мајка бара во чеченија,киргистан миргистан и такви државички да си го пика носот и слично.
4. Франција,како Мали може да и го загрози суверенитетот на држава како франција,па тие да интервенираат воено.
5. Велика Британија,нека ми каже некој една добра причина со што има да се фали тој принцот што со гордост кажува дека тепал Талибанци од хеликоптер? Да не му спремаа државен удар,да не сакал некој од нив да му го презеде престолот?
.....
сеа со другите пет.
1. Северна Кореја,апсолутна диктатура,одземање на сите основни човечки права кои ги уживаме во 21 век.
2. Куба, исто така некој вид на едноумие,комунистички еднопартиски системи,кршење на основни човечки права и воведување на права по мерка на претседателот.
3. Венецуела,прочитај под 2.
4. Тие афричките држави,зимбабве мимбабве кај што владеат диктатори по 50 години.
5. Иран,нуклеарки муклеарки ти реков ми рече и слично.

.....
Зошто таа америка,нато,обединети нации...тие грижливи борци за човекови права не интервенираат воено во кореја,куба,иран...
или шо вели народот: Нашле села без кучиња,кои не можат да се одбранат од америка,франција,британија... па удри по нив,демек загрозуваат човечки права.

значи арабија не е цвеќе за мирисање,ама овие се многу поголем проблем.
овде имаме очигледни мешања во државните уредувања на некои држави,со воени интервенции кои носат многу невини жртви.
тоа што вие велите дека арабија се меша индиректно во јордан,мордан и слично
па и во македонија моментално струјат барем 3-4 држави преку свои луѓе и тајни служби,почни од србија,бугарија заврши на турција и така на таму.

јас само барам реално согледување на ситуацијата.
и мене така ми изгледа
ама ние сме изнервирани исфустрирани и крајно изреволтирани со последните случувања па за тоа се тебе ти се нафрлуваме иако според мене си најреален
немој да се љутиш
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
763
Поени од реакции
1.018
дали на муслиманка додека и трае циклусот смее да иде во џамија?
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Поради тоа прашање глави летаат - буквално, тоа за тебе е непотребно?
Зошто правен систем како шеријатот, кој треба да биде објективен и егзактен, се базира на филозовски толкувања кој неможат да се објаснат?
хаха,е пообјективно и поегзактно,здравје :D
тоа се за тебе објективни прашања друже кои не можам да ти ги објаснам на твој начин.
ако ме следиш што пишувам низ темиве,на сите прашања пробувам да објаснам на начин на кој соговорникот го поставил прашањето а не само стандардно да изналепам курански ајети,а ти после мисли се што сум пишал.
и одговарам со ајети од куран,само кога тоа е побарано од мене.

веќе ти реков,мене твоето прашање ми е јасно ко ден,и јас сум начисто со тоа.
и реков дека темава не е баш за полемизирање,поставуваш прашање-добиваш одговор.
ако ти се свиѓа одговорот Ок,не ти се свиѓа-пак Ок, и тоа е тоа.
мојот одговор за твоето прашање е:

13. Тој од ништо создава и повторно тоа ќе го направи.
14. И Тој простува и полн е со љубов,
15. Господарот на Аршот, Возвишениот,
16. Тој прави што Му е Нему по воља.(сура Ел-Буруџ)

Поздрав.
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 02:34 ---
дали на муслиманка додека и трае циклусот смее да иде во џамија?
Мислам дека смее да иде,но не смее да обавува молитва додека трае циклусот.
 
Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Дали во Исламот постои категорија-покајување,која според мене лично е една од најважните и највисоките придобивки кои ги етаблира Христијанството?Ако постои покајување,дали се опростуваат гревовите?
Пред се прочитај го коментарот од братот @Metta World Peace, со дадените Курански цитати ќе го најдеш одговорот на твоето прашање. Исламските научници се согласни дека покајувањето е должност на секој муслиман за секој грев, потврдувајќи го ова со Аллаховите зборови:
“О, вие кои верувате, покајте Му се на Аллах искрено...“ (Ет-Тахрим, 8)

Аллах во Својот говор наредува ВЕРНИЦИТЕ да се покајуваат за своите направени гревови, па така со тоа гледаме дека покајувањето постои во ИСЛАМОТ.

Аллах навистина е ОПРОСТУВАЧ го сака ОПРОСТУВАЊЕТО, и навистина АЛЛАХ му ОПРОСТУВА на тие побожни луѓе кои бараат покајување, опрост.

Како што кажа и братот, несакам да зборувам и да докажувам докази од Куран затоа што тоа се многубројни.

Сакам да напоменам: ПОКАЈУВАЊЕТО Е ПРИЧИНА ЗА СПАС НА ОВОЈ СВЕТ И НА ИДНИОТ СВЕТ.

За крај ќе напоменам едно кратко Куранско поглавје кое опфаќа огромно значење:

Во името на Аллах, Семилосниот, Милосливиот,
1. Кога Аллаховата помош и победа ќе дојде,
2. и гледаш како луѓето во групи влегуваат во Аллаховата вера,
3. ти слави Го Господарот свој благодараќи Му и моли Го да ти прости, тој навистина покајанието го прима. (Ен-Наср/Помош)

Доколку зборуваме на темата за ПОКАЈУВАЊЕТО можеме да наведеме огромни докази за тоа, затоа кратко и јасно кажено ПОКАЈУВАЊЕТО е присутно во Исламот. Аллах ги опростува сите гревови доколку се направи искрено покајување за одредениот грев, со тоа што личноста која бара покајување обавезен е да се одрекне и да го отфрли тој грев од својата пракса. Аллах нема единствено да Му опрости на оној кој препишува здруженик на Него-Аллах. А се останато Аллах рекол дека ќе опрости доколку се прави покајување и одфрлање на гревот за кој се прави покајување.

--- надополнето: 6 февруари 2013 во 02:41 ---
дали на муслиманка додека и трае циклусот смее да иде во џамија?
Мислам дека смее да оди во џамија да присуствова, но не треба да извершува пропишаните обавези: Да обавува молитва, да пости, итн.. А воедно нормално не смее да има интимен однос со мажот.
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Metta World Peace друже, каде јас ја спомнав надворешната или внатрешната политика на Саудиска Арабија? Јас само прашав дали пресудата што ја донесле за таткото-убиец и силувач е правилна и во согласност со Шеријатот...
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
За да се изврши молитва,треба да бидеш исламски чист,а тоа се прави со исламско чистење познато како абдест.
Абдест се зема така што се мијат рацете до лактови,се пере лицето,ушите,и на крај нозете. (отприлика обрвските на исламското чистење) и потоа се извршува молитва независно дали во џамија или дома.)
Се губи доколку нешто излезе од отворите(голема нужда,мала нужда или испуштање на воздух) ако тоа се случи пак се повторува постапката за абдест.
Ова ти го објаснив бидејќи најверојатно под ВЛЕГУВАЊЕ ВО ЏАМИЈА мислиш на обавување на молитва во неа.
А само за влегување во џамија,не е задолжително да се измијат нозете,но нормално ако ти се валкани ќе ги измиеш и ќе влезеш.
--- надополнето: 2 февруари 2013 во 23:52 ---

Ова детално му го одговорив на тапа фраер во темата: Христијанки и Муслиманки,овде само ќе го копирам одговорот.
.....
Да задолжително е да си ја прекрива главата,не и лицето.
Значи лицето може да се гледа.
A reci vjernicama neka obore poglede svoje i neka vode brigu o stidnim mjestima svojim; i neka ne dozvole da se od ukrasa njihovih vidi ista osim onoga što je ionako spoljašnje, i neka vela svoja spuste na grudi svoje; neka ukrase svoje ne pokazuju drugima…"

(An-Nur 24:31)

Ова ОСИМ ОНОГА ШТО ЈЕ ИОНАКО СПОЉАШЊЕ,се мисли на лицето и рацете.
иако има полемики кај исламските учењаци дали лицето мора да се покрие или не мора,но тоа е друга тема.
Основниот хиџаб(покривањето на жената) е задолжителен,за секоја полнолетна жена во исламот(полнолетство на жената во исламот е после првата менструација.)
(едитирано од модератор)
И уште едно прашање. (знам дека сте мали ама ај може знаете)
После секс, дали е задолжително жената целото тело да го измие. (знам дека е пожелно туширање). Но јас како што разбрав има религиска основа за тоа, до тој степен ако си во пустина треба со песок да се поминеш на секаде. (превев муабет со муслиманка). Прашањето ми е Зошто?, ако ги тргнеме на страна хигиенските причини. Цитатче од Куран би било пожелно. :love:
 
mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Koga bi imale moznost da izbirate od
drzava so ustav i zakoni koi gi nosi/menuva parlamet
drzava so seriatski zakon
kade bi izbrale vie da ziveete ( dokolku sakate bi sakal da se izjasnite za vasiot pol, bidejki vo vtoriot izbor, so zakonite se ovozmozuvaat razlicni privilegii na lica od razlicen pol.)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom