Beric Dondarrion ,
Muranyi ,
Orthophill
Другарчиња немојте да мислите дека и моето мислење како муслиман,за С. Арабија е така розово.
И мене ми е мака кога во сомалија гладуваат,а шеиците си го прчат таквото.
Но ме иритира тоа што ич не сте реални.
Јас ќе ви набројам најмалку 10 земји,од кои 5 директно,преку воени интервенции се мешаат во државни работи на други земји,и 5 земји каде се директно загрозени човечките права,а земјите не се муслимански.
После сите тие држави,иде арабија,а вие прво за арабија се фативте.
1. Америка,ајде ве молам кажете ми како авганистан или ирак или пакистан ги загрозуваат границите на Америка или и го загрозуваат суверенитетот,или им одземаат права на американските жители.
2. Израел,знаеме што се случува во Палестина.
3. Русија,што мајка бара во чеченија,киргистан миргистан и такви државички да си го пика носот и слично.
4. Франција,како Мали може да и го загрози суверенитетот на држава како франција,па тие да интервенираат воено.
5. Велика Британија,нека ми каже некој една добра причина со што има да се фали тој принцот што со гордост кажува дека тепал Талибанци од хеликоптер? Да не му спремаа државен удар,да не сакал некој од нив да му го презеде престолот?
.....
сеа со другите пет.
1. Северна Кореја,апсолутна диктатура,одземање на сите основни човечки права кои ги уживаме во 21 век.
2. Куба, исто така некој вид на едноумие,комунистички еднопартиски системи,кршење на основни човечки права и воведување на права по мерка на претседателот.
3. Венецуела,прочитај под 2.
4. Тие афричките држави,зимбабве мимбабве кај што владеат диктатори по 50 години.
5. Иран,нуклеарки муклеарки ти реков ми рече и слично.
.....
Зошто таа америка,нато,обединети нации...тие грижливи борци за човекови права не интервенираат воено во кореја,куба,иран...
или шо вели народот: Нашле села без кучиња,кои не можат да се одбранат од америка,франција,британија... па удри по нив,демек загрозуваат човечки права.
значи арабија не е цвеќе за мирисање,ама овие се многу поголем проблем.
овде имаме очигледни мешања во државните уредувања на некои држави,со воени интервенции кои носат многу невини жртви.
тоа што вие велите дека арабија се меша индиректно во јордан,мордан и слично
па и во македонија моментално струјат барем 3-4 држави преку свои луѓе и тајни служби,почни од србија,бугарија заврши на турција и така на таму.
јас само барам реално согледување на ситуацијата.