Лига на Шампиони 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Збориш за моментално или низ историјата?

Во последниве 20 години и моментално. Не знам какви тренери баш во минатото имало. Ама мислам дека Мурињо ќе биде и поголем од Фергусон, затоа што самиот Сер тоа го кажува. И за овие двајца ќе важи воопшто, некогаш.
 
Добро, еве јас тука би ги вметнал и Липи и Дел Боске. За последни 20 години.

Иначе, не можеш да збориш низ историјата затоа што не знаеш што се случувало тогаш. Мислам, ти знаеш, знам и јас ама тоа се само пишани факти. Еве јас ќе ги спомнам „моите“ Пејсли и Шенкли ама што? Што кога за нив знам само од мал дел јутјуб снимки и интернет пишаници. Не сум доживеал, затоа мислам дека не може да се збори за минатото кое голем дел од нас форумџиите го немаат затекнато, проживеано.
 
Фудбалот порано, ама она апла порано, бил тутуле бале. Не ми е веродостојно достигнување нечиво од тоа време.
Точно, Липи и Дел Боске ги заборавив, но тие би биле на таа поширока листа, секако.
 
A preview of what Sir Alex is planning for Mou in the UCL.
:pos:

iSppAuR26akpL.gif
 
Фудбалот порано, ама она апла порано, бил тутуле бале. Не ми е веродостојно достигнување нечиво од тоа време.
Точно, Липи и Дел Боске ги заборавив, но тие би биле на таа поширока листа, секако.

Тоа значи дека нашите внуци нема да ги признаваат Ферги, Моу, Липи и Боске?

Дека нема да ги признаваат како играчи Стиви и Френки, затоа што ќе се водат дека „тогаш, пред 100 години, фудбалот бил тутуле бале“?

Не би рекол. Мора да имаш почит за секој успех, индивидуален и/или колективен на секој кој што направил нешто за фудбалската историја.

Пејсли сеуште е човекот со три шампионски титули, Верувај ми сакам некој да го престигне, да се напредува, да се надоградува. Се надевам дека ќе го престигнат менаџери како Пеп, Ферги или Моу. Доколку би бил жив, мерак би му било такви великани да го поминат. Истото ти е и со Милер и Меси. Само не можеш да го негираш тоа како историја и да го оцениш како тутуле-бале. Според мене, се разбира.
 
Пејсли сеуште е човекот со три шампионски титули, Верувај ми сакам некој да го престигне, да се напредува, да се надоградува. Се надевам дека ќе го престигнат менаџери како Пеп, Ферги или Моу. Доколку би бил жив, мерак би му било такви великани да го поминат..

Море, намали со пиењето...:LOL:
Зошто би се надевал Ферги да го помине Пејсли?
 
Тоа значи дека нашите внуци нема да ги признаваат Ферги, Моу, Липи и Боске?

Дека нема да ги признаваат како играчи Стиви и Френки, затоа што ќе се водат дека „тогаш, пред 100 години, фудбалот бил тутуле бале“?

Не би рекол. Мора да имаш почит за секој успех, индивидуален и/или колективен на секој кој што направил нешто за фудбалската историја.

Пејсли сеуште е човекот со три шампионски титули, Верувај ми сакам некој да го престигне, да се напредува, да се надоградува. Се надевам дека ќе го престигнат менаџери како Пеп, Ферги или Моу. Доколку би бил жив, мерак би му било такви великани да го поминат. Истото ти е и со Милер и Меси. Само не можеш да го негираш тоа како историја и да го оцениш како тутуле-бале. Според мене, се разбира.

Сега фудбалот е на едно ниво, многу поголемо од тоа време. За 50 години, може ќе биде уште подобар, па нашите внуци здравје, ќе ги признаваат Мурињо и Фергусон, но ќе си имаат свои Мурињовци и Фергусоновци.

Почит имам, но времињата биле поинакви. И во фудбалска и секаква смисла. Натпреварувањата во различен формат, ЛШ можеби се играло со 8 екипи вкупно, што му знаеш...

Али те пецнав за историја, а тоа ви е мелемот вас фановите на Ливерпул. Нема да се повтори. :D
 
Море, намали со пиењето...:LOL:
Зошто би се надевал Ферги да го помине Пејсли?

За лајкови пишав, да се насукаат ѓаоливе :ROFLMAO:

Него, уште една му треба да го стигне. Не е невозможно.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~
Многу убаво кажано,и 100% се согласувам.....

И тоа не води до заклучок дека уствари Баерн како предизвик и нема да е баш така готова работа за Пеп.Баерн оваа игра која ја практикува а која е СЛИЧНА но не иста како таа на Барса е од 2009 година кога дојде Ван Гал...Што значи дека Баерн заразлика од Барса не е до смрт само со една тактика веќе 20тина години!

Али забегавте со муабетов!

И не го тупете за Венгер,најбоља професија у свет има....Кај го има тоа,да те стават на нешто главен,а шефовите од тебе да не очекуваат никакви резултати...Само деца за продажба!Боље неможе...жал ми е,ама тоа е вистината!

Точно, не е 100% готова работата, но Баерн е можеби најблиску до готов производ.

Зошто? Постојано е константен и е главна институција во германскиот фудбал. Сезонава најверојатно ќе ја освои лигата, во ЛШ во минативе три сезони играше две финалиња. Ко што реков, стабилен клуб, богат, без делби во тимот. Имаше таму шпекулации нели дека Робен прави проблеми, но мислам дека тие проблеми се ситница.

Многу поголем предизвик ќе му беше Англија на пример. Челзи, Сити или Јунајтед, па и Арсенал и Ливерпул. Најпрво затоа што таму фудбалот е на друго ниво, притисокот е огромен, треба да си ангажиран 24/7 повеќе дури и од Никола Тодоров...

За разлика, Мурињо (ова повеќе испровоциран сум од Ернесто ЧЕ Гевара :D ), во Мадрид не начека ситуација каква што Пеп го очекува во Баерн.

Точно, и врз Пеп ќе има притисок, ќе се очекува успеси, но реков он има веќе посавен костур на тимот кој гази пред себе и ќе му требаат само минимални модификации.

Мурињо беше напротив. Реал беше мизерен кога Мурињо го превзема. Во длабока сенка на Барса во лигата, со осминафиналето како краен дострел во ЛШ, со многу ѕвездени ега кои треба да ги скроти, клуб кој сигурно во последниве 20 години го има најголемиот притисок врз себе.

За финансиите нема збор, но не секогаш финансиите се клучни за успех. Сезоната со Пелегрини, Реал поторши 250 милиони, но за што? За џабе, за (по мене) една од најлошите откако го пратам.

Така, не може да се спореди моменталната сигуација во Баерн со таа што Мурињо ја начека во Мадрид во 2010та.

Друго, Мурињо освои ЛШ со Порто и Интер. Со вториве освои ЛШ со просечни играчи, тоа е факт. Го гледаме сега Интер што прави со истите... Мурињо сака да замине како победник, тоа го стори во Порто и Интер, и не смее да му се замери за тоа. Со Челзи доминираше, но од таму замина само заради глупавоста на Абрамович.

Но, да се вратиме на Пеп. Пишав еднаш во темата за Бундес, она со кое Пеп може да има најважна улога во Баерн е психата. Добар говорник е, и може да им го симне тој лузерски ореол кој го има Баерн минативе сезони.

Но и Пеп е голем егоцентрик и инаетчија, знае да иде со глава у ѕид. Сепак, доволно паметен е и мислам дека во Баерн ќе си ги поправи тие инаетчиски грешки.

п.с. Венгер, ќе се умешам малку и во тоа. :D

Венгер, искрено ми е една од неомилените фаци во фудбалот, но не треба да се понижува толку како лош тренер.

Тој е тренер кој што нема успеси, но далеку од лош. Според мене лоша е политиката на клубот во однос на трофеи, пошто секако во оглед на финансиите, политиката што ја има Арсенал е најдобра.

Венгер неколку сезони по ред игра со дечишта, и со нив успева да се квалификува во ЛШ, да помине групи, да биде во чекор со водечките... Колку е добар и спремен да води тим кон успех би можеле да заклучиме кога би престанала таа политика на Арсенал на продавање на главните ѕвезди и кога 2-3 сезони по ред или не би продале ѕвезда или би купиле квалитетни играчи.

Пошто со Подолски и Жиру, толку е лебот. Мурињо можеби би освоил и трофеј со такви играчи, ко што стори со Интер, но нема шанси повеќе години да доминира со нив во Англија. Во Италија да, а во Еврпа да не збориме. :)

И така, доаѓаме до заклучок дека најдобриот тренер моментално кој знае да води клуб од сите аспекти е.... Сер Алекс Фергусон. По мене стариот со сето свое искуство кое го стекнал низ годиниве е постанат, сите гореспоменати тројца во едно. Тактичка и менторска страна како Мурињо, психолог како Пеп и „економист“ како Венгер.

Секако и тој имал трансфер промашувања, но Фергусон има феноменален осет кога да продаде ѕвезда и истата да ја замена за да биде незабележливо. Како и сите, и он не е безгрешен, има маани, но веќе 20 години успева својата игра да ја приспособи кон моменталниот тренд, да искали играчишта, клубот да го држи во приход во поглед на трансферите и константно секоја сезона да биде во врвот на фудбалот. :)
 
Kako jaс да го имам пишувано ова, заради него и Кантона го засакав клубот, затоа се едни и единствени;)
 
За разлика, Мурињо (ова повеќе испровоциран сум од Ернесто ЧЕ Гевара :D ), во Мадрид не начека ситуација каква што Пеп го очекува во Баерн.
Можда си во право за ова, ама јас правев споредба на тоа каков тим дочека Гвардиола во Барселона 2008ма.
Велат начекал готова екипа. :facepalm: Мало морген, готова екипа начека.
Таа сезона(2007/08) Барселона заврши 3та во лигата со 18 поени зад Реал. Значи, во првата сезона со Пеп, Барселона играше КВАЛИФИКАЦИИ за да учествува во ЛШ. :icon_mrgr:
Гвардиола во 2008ма дочека екипа без никаква хемија внатре во тимот, екипа без единство во соблекувалната. Сите ѕвезди раскарани, проблеми до гуша, некој бара трансфер, некој поголема плата, демек освоиле триплете со Рајкард, а они едвај учество во ЛШ обезбедија, па и пасиљо на Бернабе им правеа. :facepalm:
Главната ѕвезда на тимот, Роналдињо ја е*еше ќерката на Рајкард. Гвардиола ги продаде 2та најдобри играчи од тимот, Роналдињо и Деко. На местото на Деко, го зацврсти Иниеста, а во нападот го направи најдоброто трио во историјата на клубот, Ето, Анри и Меси.
И иако владее мислење дека Гвардиола играл со играчи создадени од Рајкард, сепак уште од самото доаѓање, Гвардиола направи некои промени во составот, вклучи некои нови играчи, т.е. со стандарден првотимски статус се здобија Алвес, Пике, Бускетс, Иниеста.
 
За лајкови пишав, да се насукаат ѓаоливе :ROFLMAO:

Него, уште една му треба да го стигне. Не е невозможно.
Тоа значи дека нашите внуци нема да ги признаваат Ферги, Моу, Липи и Боске?

Дека нема да ги признаваат како играчи Стиви и Френки, затоа што ќе се водат дека „тогаш, пред 100 години, фудбалот бил тутуле бале“?

Не би рекол. Мора да имаш почит за секој успех, индивидуален и/или колективен на секој кој што направил нешто за фудбалската историја.

Пејсли сеуште е човекот со три шампионски титули, Верувај ми сакам некој да го престигне, да се напредува, да се надоградува. Се надевам дека ќе го престигнат менаџери како Пеп, Ферги или Моу. Доколку би бил жив, мерак би му било такви великани да го поминат. Истото ти е и со Милер и Меси. Само не можеш да го негираш тоа како историја и да го оцениш како тутуле-бале. Според мене, се разбира.
На’ех од мене лајкот ти беше за болдираното, а надоле не ни почнав да читам што пишува кога видов „Пејсли...“ :cautious:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom