Многу убаво кажано,и 100% се согласувам.....
И тоа не води до заклучок дека уствари Баерн како предизвик и нема да е баш така готова работа за Пеп.Баерн оваа игра која ја практикува а која е СЛИЧНА но не иста како таа на Барса е од 2009 година кога дојде Ван Гал...Што значи дека Баерн заразлика од Барса не е до смрт само со една тактика веќе 20тина години!
Али забегавте со муабетов!
И не го тупете за Венгер,најбоља професија у свет има....Кај го има тоа,да те стават на нешто главен,а шефовите од тебе да не очекуваат никакви резултати...Само деца за продажба!Боље неможе...жал ми е,ама тоа е вистината!
Точно, не е 100% готова работата, но Баерн е можеби најблиску до готов производ.
Зошто? Постојано е константен и е главна институција во германскиот фудбал. Сезонава најверојатно ќе ја освои лигата, во ЛШ во минативе три сезони играше две финалиња. Ко што реков, стабилен клуб, богат, без делби во тимот. Имаше таму шпекулации нели дека Робен прави проблеми, но мислам дека тие проблеми се ситница.
Многу поголем предизвик ќе му беше Англија на пример. Челзи, Сити или Јунајтед, па и Арсенал и Ливерпул. Најпрво затоа што таму фудбалот е на друго ниво, притисокот е огромен, треба да си ангажиран 24/7 повеќе дури и од Никола Тодоров...
За разлика, Мурињо (ова повеќе испровоциран сум од
Ернесто ЧЕ Гевара 
), во Мадрид не начека ситуација каква што Пеп го очекува во Баерн.
Точно, и врз Пеп ќе има притисок, ќе се очекува успеси, но реков он има веќе посавен костур на тимот кој гази пред себе и ќе му требаат само минимални модификации.
Мурињо беше напротив. Реал беше мизерен кога Мурињо го превзема. Во длабока сенка на Барса во лигата, со осминафиналето како краен дострел во ЛШ, со многу ѕвездени ега кои треба да ги скроти, клуб кој сигурно во последниве 20 години го има најголемиот притисок врз себе.
За финансиите нема збор, но не секогаш финансиите се клучни за успех. Сезоната со Пелегрини, Реал поторши 250 милиони, но за што? За џабе, за (по мене) една од најлошите откако го пратам.
Така, не може да се спореди моменталната сигуација во Баерн со таа што Мурињо ја начека во Мадрид во 2010та.
Друго, Мурињо освои ЛШ со Порто и Интер. Со вториве освои ЛШ со просечни играчи, тоа е факт. Го гледаме сега Интер што прави со истите... Мурињо сака да замине како победник, тоа го стори во Порто и Интер, и не смее да му се замери за тоа. Со Челзи доминираше, но од таму замина само заради глупавоста на Абрамович.
Но, да се вратиме на Пеп. Пишав еднаш во темата за Бундес, она со кое Пеп може да има најважна улога во Баерн е психата. Добар говорник е, и може да им го симне тој лузерски ореол кој го има Баерн минативе сезони.
Но и Пеп е голем егоцентрик и инаетчија, знае да иде со глава у ѕид. Сепак, доволно паметен е и мислам дека во Баерн ќе си ги поправи тие инаетчиски грешки.
п.с. Венгер, ќе се умешам малку и во тоа.
Венгер, искрено ми е една од неомилените фаци во фудбалот, но не треба да се понижува толку како лош тренер.
Тој е тренер кој што нема успеси, но далеку од лош. Според мене лоша е политиката на клубот во однос на трофеи, пошто секако во оглед на финансиите, политиката што ја има Арсенал е најдобра.
Венгер неколку сезони по ред игра со дечишта, и со нив успева да се квалификува во ЛШ, да помине групи, да биде во чекор со водечките... Колку е добар и спремен да води тим кон успех би можеле да заклучиме кога би престанала таа политика на Арсенал на продавање на главните ѕвезди и кога 2-3 сезони по ред или не би продале ѕвезда или би купиле квалитетни играчи.
Пошто со Подолски и Жиру, толку е лебот. Мурињо можеби би освоил и трофеј со такви играчи, ко што стори со Интер, но нема шанси повеќе години да доминира со нив во Англија. Во Италија да, а во Еврпа да не збориме.
И така, доаѓаме до заклучок дека најдобриот тренер моментално кој знае да води клуб од сите аспекти е.... Сер Алекс Фергусон. По мене стариот со сето свое искуство кое го стекнал низ годиниве е постанат, сите гореспоменати тројца во едно. Тактичка и менторска страна како Мурињо, психолог како Пеп и „економист“ како Венгер.
Секако и тој имал трансфер промашувања, но Фергусон има феноменален осет кога да продаде ѕвезда и истата да ја замена за да биде незабележливо. Како и сите, и он не е безгрешен, има маани, но веќе 20 години успева својата игра да ја приспособи кон моменталниот тренд, да искали играчишта, клубот да го држи во приход во поглед на трансферите и константно секоја сезона да биде во врвот на фудбалот.
