- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592

За неполни два часа изгорени се сите четири конаци на манастирот Трескавец.
Свештениците се обидуваат да ги спасат вредните фрески, а упатен е и јавен апел до сите граѓани кои поседуваат теренски возила да тргнат накај манастирот и да помогнат.
До манастирот се уште е тешко да се стигне иако неодамна почна да се прави патот.
Ова е трет познат катастрофален пожар што го зафатил манастирот во минатото.
Последниот се случи пред 23 години, односно на 9 јануари 1990 година кога целосно изгореа конаците.
Трекавец е еден од најголемите манастирски комплекси во Македонија и светски познат споменик на културата. Изграден е во XII век, односно XIII век. Неговата разновидна архитектура укажува на разни обновувања и уривања. Во црквата се зачувани значајни византиски фрески.
Хелихоптери на воздухопловниот ВИНГ го гасат манастирот. Придружните објекти на манастирот се во пламен.