Прашање за Христијанството III

O

Orion.

Гостин
Одговорот се наоѓа во Твојов коментар...
Да, Бог тоа го дозволува, сакал Ти или не. Гревовите кои се генерациски таложени а неисповедани и непокриени со добродетели, мора некада да „пукнат„ и да се прелијат.
Баш така. Предците на недолжното бебе односно да речеме прапрадедото имал секс со својата сестра и се родило дете со лоши(грешни) гени. Размножувањето продолжило се додека не се роди бебето за кое зборуваме, бебето со прогерија
КАКВА ВРСКА има бебето со тоа што го правел неговиот прапрадедо. Зошто бебето да ги носи гревовите на идиотот прапрадедо кој имал ментално пореметување и ја сексал сестрата.
За да биде апсурдноста поголема, тие лоши гени можеле да се создадат и многу порано, да речеме во 19 век, па со тек на размножувањето од колено на колено, конечно лошиот ген да се појави во бебето родено во 2012. Значи бебето ќе одговара за некој свој предок од 19 век:) Семоќниот, Сезнајниот и Седобриот Бог веројатно би смислил подобар метод затоа што овој метод е трагикомичен, апсурден, бесцелен...

За да ја доловам апсурдноста на ситуацијава, ќе го вметнам овој ''божји метод'' во еден кривичен закон. Еден човек извршил убиство во 1920 година и поминал неказнето. Со днк анализа се доаѓа до заклучок дека бебето родено во 2012 е потомок на убиецот. Согласно овој божји метод, на бебето како потомок, му е пресудена смртна казна и го убиваат. Криво е што се родило!
 
Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Имам две прашање за почеток поврзано со празнувањата:

Раѓањето на Иса а.с./Исус го славите во одреден ДАТУМ во месецот без менување на датумот а се менува денот, нормално не е секоја година ист датумот со денот од минатата година, кој прв започнал да го прославува тој датум т.е. ден?

А за “врскрснувањето“ не е битно кој датум спаѓа во таа година битно е да биде НЕДЕЛА, и секогаш се прославува во недела. Зошто тука не се зема датумот на ДАТУМОТ на “врскрснувањето“ а се само денот? И зошто не се зеде исто така ДЕНОТ на раѓањето на Иса а.с./Исус а се зеде ДАТУМОТ?

Извинете доколку направив некоја грешка во празниците незнам поточно кој како беше, но сепак мислам дека раѓањето се слави на одредениот ДАТУМ во декември, а “врскрснувањето“ е во НЕДЕЛА во еден од месеците.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Пoшто сите потекнуваме од еден предок, гревовите кои ги прават во Авганистан или Сирија или Судан или Германија или Кина, може да пукнат овде па да ти се роди дете со тешка срчева мана ради Хусеин или Вилхелм или Брус Ли... шо биле грешни.
...а замисли, какви ли гревој праеле Атила, Џингис-кан и Нерон и шо треба да трпиме ради нив...Ц,ц,ц...
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 10:38 ---
За да ја доловам апсурдноста на ситуацијава, ќе го вметнам овој ''божји метод'' во еден кривичен закон.
Ако го сториш тоа, ќе згрешиш.

Просто е: штом субјектот умира, тој субјект не е дел од правниот поредок во државата.

Кај Божјото уредување на Светот, работата е битно поинаква: покојните не се исчезнати, туку само го промениле Светот и начинот на битисување, а нивните гревови, доколку не се исповедани и покајани, остануваат запишани кај демоните, но и во Божјото сеќавање па од така забележаните гревови, и покојните и нивните живи наследници, не можат да избегаат.
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 10:39 ---
Раѓањето на Иса а.с./Исус го славите во одреден ДАТУМ во месецот без менување на датумот а се менува денот, нормално не е секоја година ист датумот со денот од минатата година, кој прв започнал да го прославува тој датум т.е. ден?
.
За овој дел од прашањето, не би се сетил во моментов на точното толкување за изборот и неменувањето на датумот. Се надевам дека некој од православните членови ќе Ти одговори.
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 10:43 ---
А за “врскрснувањето“ не е битно кој датум спаѓа во таа година битно е да биде НЕДЕЛА, и секогаш се прославува во недела. Зошто тука не се зема датумот на ДАТУМОТ на “врскрснувањето“ а се само денот? И зошто не се зеде исто така ДЕНОТ на раѓањето на Иса а.с./Исус а се зеде ДАТУМОТ?
Денот на воскресението Христово мора да биде недела а не било кој друг ден, оти Христос воскресна токму во неделен ден.

Денот на воскресението Христово се одредува според јудејскиот лунарен календар, па така, Великден секогаш мора да падне во периодот од почеток од април до почетокот од мај, односно, Великден не сме да се падне пред денот или на денот од еврејската Пасха, кој е во сабота, туку само после Пасха.
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Раѓањето на Иса а.с./Исус го славите во одреден ДАТУМ во месецот без менување на датумот а се менува денот, нормално не е секоја година ист датумот со денот од минатата година, кој прв започнал да го прославува тој датум т.е. ден?
На Исток (Грците, Ерменците, Сиријците, Коптите итн.) имале еден празник на Богојавлението, т.е. вочовечувањето на Бог Словото и Неговото објавувње меѓу луѓето. Тој празник бил соединето празнување на раѓањето на Господ Иисус Христос и Неговото Крштевање и објавување за Син Божји и Месија во реката Јордан (6. т.е. 19. Јануари). Ерменците (кои се еретици) до ден денеска ги слават и Божиќ и Богојавление (Војордание) како еден празник. Но, на Запад(Латините) негде околу 3-4. век почнале да го слават Божиќ на 25. декември. До тогаш во Римската империја на тој ден се славел преокретот на денот. Латинските епископи решиле да го охристијанизираат тој ден. Подоцна овој празник на рождеството Христово се раширил и на Исток. И се поделиле празниците Божиќ и Богојавление. Но, бидејќи се во близина дошло до создавање на празник кој трае од Божиќ до Богојавление (Водици), односно 12 дена.
Реално гледано, на почетокот Христијаните ги славеле само празниците: Пасха (Воскресение Христово), Педесетница (слегување на Светиот Дух) и Богојавление - Војордание (Теофанија).
 
Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
.

За овој дел од прашањето, не би се сетил во моментов на точното толкување за изборот и неменувањето на датумот. Се надевам дека некој од православните членови ќе Ти одговори.
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 10:43 ---

Денот на воскресението Христово мора да биде недела а не било кој друг ден, оти Христос воскресна токму во неделен ден.

Денот на воскресението Христово се одредува според јудејскиот лунарен календар, па така, Великден секогаш мора да падне во периодот од почеток од април до почетокот од мај, односно, Великден не сме да се падне пред денот или на денот од еврејската Пасха, кој е во сабота, туку само после Пасха.
Не е проблем, сепак тоа го ценам, подобро вака отколку да се филозофира со незнање. Искреноста ја ценам.

Ако се навратете на прашањето кое го поставив, ќе видете дека прашав зашто едното е стрикно на ДЕН без точно утврден датум, а другото стрикно со ДАТУМ без точно утврден ден. Тој “врскрснал“ во Недела според вашето учење и затоа во Недела се слави, без утврден датум.

А кога сме кај раѓањето се зема само датумот на раѓањето на Исус кој никаде немаме конкретен доказ кој датум бил со тоа до сега што сум го истудирал. Кога тие кој ги вметнаа ове празници нормално требаа да сватат дека раѓањето е побитно отколку “врскрснувањето“ бидејќи ако не се родеше немаше ниту да “врскрсне“. А тука стрикно поголема важност се даде на денот на “врскрснувањето“ а не на ДЕНОТ на раѓањето.

Незнам колку ќе бидам добро разбран, но сепак ако можете да ми разјасните ОК ако не повторно ОК да не одиме Оф-Топик.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Денот на воскресението Христово мора да биде недела а не било кој друг ден, оти Христос воскресна токму во неделен ден.
12 Во првиот ден на Бесквасници, кога го колеа Пасхалното јагне, учениците Негови Му рекоа: “Каде сакаш да отидеме и да приготвиме, за да ја јадеш пасхата?”
Марко 14

1 И веднаш утредента првосвештениците, со старешините и книжниците, и целиот Синедрион, направија совет, па како Го врзаа Исуса, Го одведоа и Го предадоа на Пилата.
25 Беше третиот час, и Го распнаа.
Марко 15

14 Тогаш беше петок пред Пасха, околу шестиот час. И им рече Пилат на Јудејците: “Еве Го вашиот Цар!”
15 Но тие викаа: “Земи, земи, распни Го!” Пилат им рече: “Царот ваш ли да Го распнам?” Првосвештеците одговорија: “Ние немаме цар, освен ќесарот.”
Јован 19

Према Марко, Исус е распнат еден ден по Пасхалната вечера, а према Јован Исус е распнат еден ден пред пасхалната вечера. Не може и ден пред и ден по пасха, третиот ден да паѓа во Недела
 
Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Пасхвата какво обележениуе има во христијанството? Што е тоа славање?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Пасхвата какво обележениуе има во христијанството? Што е тоа славање?
Тоа е еврејски празник, на тој ден се одбележува избавувањето на евреите од египетското ропство
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Не е проблем, сепак тоа го ценам, подобро вака отколку да се филозофира со незнање. Искреноста ја ценам.

Ако се навратете на прашањето кое го поставив, ќе видете дека прашав зашто едното е стрикно на ДЕН без точно утврден датум, а другото стрикно со ДАТУМ без точно утврден ден. Тој “врскрснал“ во Недела според вашето учење и затоа во Недела се слави, без утврден датум.

А кога сме кај раѓањето се зема само датумот на раѓањето на Исус кој никаде немаме конкретен доказ кој датум бил со тоа до сега што сум го истудирал. Кога тие кој ги вметнаа ове празници нормално требаа да сватат дека раѓањето е побитно отколку “врскрснувањето“ бидејќи ако не се родеше немаше ниту да “врскрсне“. А тука стрикно поголема важност се даде на денот на “врскрснувањето“ а не на ДЕНОТ на раѓањето.

Незнам колку ќе бидам добро разбран, но сепак ако можете да ми разјасните ОК ако не повторно ОК да не одиме Оф-Топик.
За Божиќ ти одговорив јас. Ако не ме читаш тоа е твој проблем.
Не се вика врскрснување ами воскреснување. Нејсе. За нас Христијаните многу поважно е Воскресението од Раѓањето, бидејќи со распнувањето Христос го очисти човечкиот род од првородниот грев, кој го направија Ева и Адам. Кога лежеше во гробот Христос со душата слезе во Адот(пеколот) и од таму ги изнесе душите на праведниците. А со воскресението и вознесението, со своето пречисто тело го удостои човечкиот род со седење од десната страна на Отца.
Во евангелието пишува дека во првиот ден од седмицата (значи во недела), рано на утро жените мироносици пошле да го миросаат телото Христово. Но место мртвото Тело Христово, Го нашле Христа воскреснат.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Пасхвата какво обележениуе има во христијанството? Што е тоа славање?
Пасха е еврејски празник, кој евреите го славеле во сеќавање на денот кога Мојсеј ги изнесе евреите од египетското ропство. Самиот израз „пасха„ значи „премин„. т.е премин од (египетското) ропсто во слобода.

Црковната пасха е однесува на преминот, но не од ропство во слобода, туку премин од смрт во живот, како што е случајот со Христовото воскресение.

Славењето е сеќавање на одреден настан или оддавање почит на животот и подвигот на некој свет лик од Црквата.
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 10:38 ---
А кога сме кај раѓањето се зема само датумот на раѓањето на Исус кој никаде немаме конкретен доказ кој датум бил со тоа до сега што сум го истудирал. Кога тие кој ги вметнаа ове празници нормално требаа да сватат дека раѓањето е побитно отколку “врскрснувањето“ бидејќи ако не се родеше немаше ниту да “врскрсне“. А тука стрикно поголема важност се даде на денот на “врскрснувањето“ а не на ДЕНОТ на раѓањето.
Братот Ortophil веќе одговори, но еве на кратко: ако го славиме само раѓањето Христово како побитно од воскреснувањето, тогаш славиме битен ден за човековиот род а посебно за Црквата. Раѓањето Христово само по себе е важно, затоа што со тој чин, Бог зеде човечко тело и упадна во човековата историја, со цел да го спаси и човекот и Светот од пропаста и пропадливоста, но и од демонското влијание. Но, ако останеме само на славење на раѓањето како побитно од воскреснувањето, тогаш тоа раѓање би било исто што и обичен роденден од обичен смртник. Воскреснувањето (Христово) и денот од тој настан, сепак е многу побитен од самото раѓање, оти со воскреснувањето, Христос покажа дека Е посилен од смртта, т.е. самата смрт/законот на смртта, веќе ја нема власта и силата која ја имаше се‘ до Христовото воскресение. Плус, Христос, со своето воскресение, покажа пример за тоа што ќе се случи со сите праведници: ќе прејдат од овој привремен живот кон вечен живот, нормално, зависно од начинот на кој го потрошиле овосветовниот живот.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Јас сум вистинскиот Христијанин, оној кој верува во вистинскиот Исус
Види Let3.
Секој атеист може да каже дека е некаков Христијанин, само за да презентира атеистички гледишта а оваа тема (која според правилата не е определена за тоа), а на која треба да одговараат верници (пак според правилата).

Верувам дека со ваков трик модераторите не се сретнаа до сеа, во контекст на нивните досегашни напори за средување на форумов религија.

Можеби е легално и можеби ќе го толерираат. Али нека очекуваат секој да може овој трик да го направи. Верувам дека би се сложил дури и ти, дека ако можеш ти да правиш вака, онда и ја можам да кажам, на пример, дека според мене, ја сум у ставри правиот Муслиман, а не другиве, и да одговарам на темата Прашања за Исламот.
Шта више ја мислам дека моите ставови се и христијански и муслимански и атеистички. Моето верување е сублимат на сите тие и без да згрешиш можеш да кажеш дека сум било кој од тие. Највистинито е моето верување. јас сум вистинскиот атеист, Муслиман и Христијанин. Вие остали сте фејкери. Тоа е мојот став. Сигурно нема ти или било кој друг, да ми одредуваш што сум, наместо мене.
Ова све ме праи апсолутно подобен да одговарам на скоро секоја тема.
Е сеа, идам да одговарам на прашања за атеистите и на прашања за Исламот.(y)

У ствари, да не должам, ваљда си у право и може така да се праи.

заборавив да кажам дека ја сум, исто така, вистинскиот телемит, а не оние другине, плус сум вистинскиот следбеник на Ошо, а не оној член. (моето гледиште е амалгам на вистинските вредности на све што ќе ти текне)
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264

Ти од сектата на Ошо си бил а?...огледало...:pos:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Види Let3.
Секој атеист може да каже дека е некаков Христијанин, само за да презентира атеистички гледишта а оваа тема (која според правилата не е определена за тоа), а на која треба да одговараат верници (пак според правилата).
Дека Исус постоел живеел и бил обичен човек , не е моја измислица, и во христијанството и ден денес постојат цркви кои тоа истото го тврдат и на тој основ е втемелена нивната вера, башка, постојат научни трудови, (книги) кои докажуваат дека Исус бил евреин, роден и убиен од страна на Рим при неуспешен бунт. И тоа е верување во Исус. Во историски Исус.
Ако на некој му се одземе право да кажува и појаснува за таков Исус, зошто да не му се забарни на пример на некој протестант или католик или аријан или адвентист... да појаснува било што од верата зато што не се слага со нечие друго уверување.
Се додека во постовите нема навреди, пцуења, некултура.... не гледам причина тоа и да се санкционира, башка, има ли на кајгана некој механизам кој проверува дали тој што пишува од религиозни позиции е навистина член на некоја црква, дали е спремен со знаења во својата вера дали точно ги пренесува ставовите на својата црква. Јас сум овде веќе 4 години и гледав често несогласување и отгрлање и меѓу припадници на иста вера во нивни ставоиви и милсења за верата. Јас го застапувам Исус во кој јас верувам дека како таков постоел живеел и умрел а не е базирано на сатира иронија или подсмев.
Тоа право ќе ми го одземе некој?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom