Дури сега те разбрав што сакаш да кажеш.
Не можеш бе брат вакви ШББКББ муабети да правиш, знаеш дека не ги сакам

Ама ајде, да го земеме примеров, па да ти реплицирам.
Не мора да биде Ел Жар. Земи го Рисе како пример со автоголот против Челзи, што се случи со него? Додека пак, што се случи со Џерард, што му наместо бекпас на Дрогба, за гол и титула?
Ти ја разбирам поентата, само не разбирам зошто Роџерс го вреднуваш толку ниско, уствари, воопшто не го вреднуваш.
Далглиш не е крив за тоа што се случува денес, барем не во целост. Процентуално ќе кажам, можеби 10тина, затоа што Роџерс требаше да ја крева формата на играчи што беа купени од Далглиш а не ја достигнаа посакуваната форма, притоа играа цела сезона, безпрестан. Да не ги спомнам статистиките на Хендерсон и Даунинг, играта на Енрике лани и сега не сакам да ја споредувам.
Далглиш, сам кажа при продавањето на Торес дека ниеден играч/тренер не е поголем од клубот, тој тоа го кажа и за себе, сигурен сум дека ти текнува за што ти зборам.
Далглиш во моите очи (зборам за мене) секогаш ќе го има статусот на легенда можеби не на исто ниво како Стиви, затоа што јас Стиви го имам гледано, со Стиви имам растено, Стиви ги освои, некои и подигна трофеиите што јас имам видено Ливерпул да ги освои, но тоа е друга тема, споредба не ми е ни на крај на памет сега да правам.
Да сумирам, Далглиш ја засра минатата сезона НО, Далглиш во моите очи секогаш ќе остане ЛЕГЕНДИШТЕ. Тоа што јас ја оспорувам оваа последна сезона, не значи дека јас ни во момент ја оспорувам неговата целосна кариера што играчка, што тренерска во Ливерпул уште па помалку, да ја оспорувам неговата големина и значење за овој клуб.
Капиши?
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 23:54 ---
Ама кој рече дека не сум бил радосен? На крај краева, кој е тој ривалитет кога сме светлосни години позади нив, со години и години. Кој е тој ривалитет кога ние се бориме за излез во Европа а тие за титула во ПЛ? Ривалитетот е останат само на име, ништо повеќе, во моментов се разбира. Се надевам дека ќе се навратиме на стари патеки и ќе ги газиме за да освоиме титула, не само за да ги понижиме.
Па тоа те прашувам, од каде ги знаеш ти вештините на управата? Ќе ми кажеш дека трансфери како Кутињо и Стариџ се погубни?
Како тоа тој да се привикнува на играта на играчите, тогаш ќе испадне дека тие него треба да го учат како да менаџира. Сосема погрешен став.