Аквариумски риби (општи дискусии)

Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Први жители на овој аквариум се 5 гупи (една женка и 4 мажјаци, сега планирам да купам бар уште една женка зш оваа ми личи веќе малку трудничка :), 5 неонки (оргинално беа 4, па сакале да ме изненадат и ми купиле уште 3 поклон истаат вечер, но за жал двете најмали не ја преживеаа ноќта - едната ја најдов заглавена во филтер, другата не ја гледам), еден бета борец и 2 „чистачи“.

План: да видиме месец дена овие како ќе се развиваат па уште една женка гупа, и комбо од 2-4 ксифо/моли/мали трихогастери. Повеќе од тоа не.

Подлогата јасно мора да се смени ако сакам растенија но тоа ми е комплициран зафат, не знам кога ќе се решам на такво нешто.

Сменив вода сабајлево, отстоена беше 3-4 дена па ја стаив до печка да ја загреам и да ја доведам до околу 25-6 С, колку што е во аквариумот. Сменив само 3л, посигурно ми е почесто по малку па ќе менувам 2 пати неделно вака.

Бујрум неколку фотки :)

Ако може некој името на оваа рипка? Ова е „чистач“, еден анциструс земав и еден ваков а на овој името му го заборавив...

Птичја перспектива. Се гледаат неколку гупи и неонки.

Стварно многу убави бои како за „почетничка“ риба :)

Еве ја женката. Сабајлево мислам дека беше значително подебелка и се наѕираше нешто потемно кај стомачето. За жал и некој и грицнал дел од опашката :/ Немам идеја зш...

Од страна како изгледа

И бета борецот многу убава сина боја ми има, ме бендисува.

Уште еднаш ќе ја ѕирнам женката, ама сум прилично сигурен дека е трудна. Ќе купам тие кутиите за раѓање што се, а сега земав и еден стар „аквариум“ (кугла), што планирам да ми биде „карантински“, кај што ќе ставам нови рипки пред да ги пуштам во овој или болни евентуално ако ги има.

Освен тоа би сакал и да најдам некакви мерачи на останатите параметри на водата (kh, ниво на амоњак и сл.) за да може се да ставам под контрола. И ми треба уште совет за чистење на дното, секако немам намера камче по камче да чистам... Тоа е тоа, па ќе видиме како ќе се одвиваат настаните :)
 
606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Први жители на овој аквариум се 5 гупи (една женка и 4 мажјаци, сега планирам да купам бар уште една женка зш оваа ми личи веќе малку трудничка :), 5 неонки (оргинално беа 4, па сакале да ме изненадат и ми купиле уште 3 поклон истаат вечер, но за жал двете најмали не ја преживеаа ноќта - едната ја најдов заглавена во филтер, другата не ја гледам), еден бета борец и 2 „чистачи“.

План: да видиме месец дена овие како ќе се развиваат па уште една женка гупа, и комбо од 2-4 ксифо/моли/мали трихогастери. Повеќе од тоа не.

Подлогата јасно мора да се смени ако сакам растенија но тоа ми е комплициран зафат, не знам кога ќе се решам на такво нешто.

Сменив вода сабајлево, отстоена беше 3-4 дена па ја стаив до печка да ја загреам и да ја доведам до околу 25-6 С, колку што е во аквариумот. Сменив само 3л, посигурно ми е почесто по малку па ќе менувам 2 пати неделно вака.

Бујрум неколку фотки :)

Ако може некој името на оваа рипка? Ова е „чистач“, еден анциструс земав и еден ваков а на овој името му го заборавив...

Уште еднаш ќе ја ѕирнам женката, ама сум прилично сигурен дека е трудна. Ќе купам тие кутиите за раѓање што се, а сега земав и еден стар „аквариум“ (кугла), што планирам да ми биде „карантински“, кај што ќе ставам нови рипки пред да ги пуштам во овој или болни евентуално ако ги има.

Освен тоа би сакал и да најдам некакви мерачи на останатите параметри на водата (kh, ниво на амоњак и сл.) за да може се да ставам под контрола. И ми треба уште совет за чистење на дното, секако немам намера камче по камче да чистам... Тоа е тоа, па ќе видиме како ќе се одвиваат настаните :)
Добро стартот е солиден, незнам само дали некако може да пробаш да го намалиш дотокот на цревцето за воздух (некако потстегни го) што влегува во излезот на пумпата, со што на некој начин би ја “загушил“ затоа што очигледно е пресилна за твојот аквариум ако ти ушмукала риби.

Тоа албиното нлични на Corydoras https://www.google.mk/search?hl=en&rlz=1C1GPEA_enMK313MK313&q=albino+corydoras&bav=on.2,or.r_gc.r_pw.r_cp.r_qf.&bpcl=37189454&biw=1280&bih=681&um=1&ie=UTF-8&tbm=isch&source=og&sa=N&tab=wi&ei=F26VUOKjHunj4QSuxYC4Dw

Гупите се скоро цело време трудни така да веројатно и твојата е трудна :) Има еден вид од истото семјејство со гупите што во Македонија е населен во 50тите години како биолошко средство за борба против маларични комарци и ден денес успешно живее, а во народот е познато како Трудниче. https://www.google.mk/search?hl=en&rlz=1C1GPEA_enMK313MK313&q=gambusia+affinis&bav=on.2,or.r_gc.r_pw.r_cp.r_qf.&bpcl=37189454&biw=1280&bih=681&um=1&ie=UTF-8&tbm=isch&source=og&sa=N&tab=wi&ei=UG-VUNnLMej64QSOyYHgCQ

Што се однесува до водата добро постапуваш, а за чистење види конструирај нешто вакво:

http://www.ebay.co.uk/itm/1-7m-Aquarium-Syphon-Fish-Bow-Vacuum-Gravel-Cleaner-Fish-Tank-Water-Siphon-Pump-/221015958757
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Добро стартот е солиден, незнам само дали некако може да пробаш да го намалиш дотокот на цревцето за воздух (некако потстегни го) што влегува во излезот на пумпата, со што на некој начин би ја “загушил“ затоа што очигледно е пресилна за твојот аквариум ако ти ушмукала риби.

Тоа албиното нлични на Corydoras https://www.google.mk/search?hl=en&rlz=1C1GPEA_enMK313MK313&q=albino corydoras&bav=on.2,or.r_gc.r_pw.r_cp.r_qf.&bpcl=37189454&biw=1280&bih=681&um=1&ie=UTF-8&tbm=isch&source=og&sa=N&tab=wi&ei=F26VUOKjHunj4QSuxYC4Dw

Гупите се скоро цело време трудни така да веројатно и твојата е трудна :) Има еден вид од истото семјејство со гупите што во Македонија е населен во 50тите години како биолошко средство за борба против маларични комарци и ден денес успешно живее, а во народот е познато како Трудниче. https://www.google.mk/search?hl=en&rlz=1C1GPEA_enMK313MK313&q=gambusia affinis&bav=on.2,or.r_gc.r_pw.r_cp.r_qf.&bpcl=37189454&biw=1280&bih=681&um=1&ie=UTF-8&tbm=isch&source=og&sa=N&tab=wi&ei=UG-VUNnLMej64QSOyYHgCQ

Што се однесува до водата добро постапуваш, а за чистење види конструирај нешто вакво:

http://www.ebay.co.uk/itm/1-7m-Aquarium-Syphon-Fish-Bow-Vacuum-Gravel-Cleaner-Fish-Tank-Water-Siphon-Pump-/221015958757
Што се однесува до пумпата, јас ја направив таа фората со вода да паѓа од озгора, арно ама кога ги внесов рипчињата приметив дека бета борецот 90% од времето е горе и диши од површина.

Вратив по старо само ја затнав малку пумпата за помал притисок да прави. Бета борецот пак остана горе. Ја пуштив пумпата под полн капацитет и за пола саат овој се врати под вода.

Претпоставувам дека сепак им треба повеќе кислород...
 
606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Што се однесува до пумпата, јас ја направив таа фората со вода да паѓа од озгора, арно ама кога ги внесов рипчињата приметив дека бета борецот 90% од времето е горе и диши од површина.

Вратив по старо само ја затнав малку пумпата за помал притисок да прави. Бета борецот пак остана горе. Ја пуштив пумпата под полн капацитет и за пола саат овој се врати под вода.

Претпоставувам дека сепак им треба повеќе кислород...
Убаво си забележал и правилно си постапил. Веројатно ќе треба со дополнителна воздушна пумпа и распрснувачко камче да ја обогатуваш водата со кислород.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Убаво си забележал и правилно си постапил. Веројатно ќе треба со дополнителна воздушна пумпа и распрснувачко камче да ја обогатуваш водата со кислород.
DA FAQ :mad:

Одам вечерва да ги проверам и ко ќе видам и на една од машките гупи и фали 3/4 од опавчето! Гревче едвај плива, пола време само седи доле сега.

Нормално единствен осомничен беше бета борецот. Останав да ги гледам 15тина минути и 2-3 пати видов како ги напаѓа гупите. Мора да е до опавчињата зошто им се шарени. Мислев напаѓа само ако некој му дојде на негова територија (околу пумпа и греач) ама видов дека буквално ги брка по пола аквариум ако се заинати, пред мој очи откина пак мал дел од опавчето на трета гупа.

Го тргнав сега во малата кугла што требаше да биде карантинска, не би требало да е проблем да преживее во нејзе ама не знам што да му правам.

Има начин ли да се „превоспита“? Најубаво рипче ми е во аквариумот ама гледам дека е прав насилник. Ако нема чаре ќе им го вратам, не е до пари, стварно криво ми е. Може и само гупи да чувам и неонки, ништо не им фали на крај...

И ќе им пораснат ли опавчињата назад на женката и посебно на мажјакот? Многу ми е криво за него, ептен го осакати... :place:
 
Во принцип зависи од карактерот на рибата. Не е невообичаено да се случи ова. Бетата ја провоцираат перките бидејќи смета дека е некоја риба од сопствениот вид и ги напаѓа.

Бетите вообичаено стануваат поагресивни во мал аквариум. Јас имав порано една женка Бета која беше многу агресивна и напаѓаше се во аквариумот. Но сум имал и комбинација како твојата со машка бета и гупи и си живееле нормално.

Тешко дека ќе го превоспиташ брзо без загуби. Во принцип ако се многу млади (неколку месеци стари) и така почнале да живеат заедно, може да се изборат за интегритет, вака тешко.

Јас сум чувал порано јато гупи (повеќе од 200) па се случува и помеѓу себе да се напаѓаат и да си грицнуваат од опашките. За овие со гризнатите опашки опоравувањето зависи од тоа колку се повредени. Ако сеуште може да се храни, може и перката пак да и порасне, но може ради компетиција сега бидејќи е послаб и другите машки гупи да го напаѓаат.
 
6er

Член од
18 декември 2012
Мислења
8
Поени од реакции
1
Што мислите која е најдобро снабдена продавница за риби во Скопје ... видови на риби, цени, пофалби, поплаки ... од каде најчесто купувате рибчиња.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Декспорт Оаза ти е добро снабдена, после во Олимпико трговскиот кај ЛапЛап имаш исто така добра продавница за риби ... други не ми текнуваат.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 6er
Член од
3 февруари 2013
Мислења
7
Поени од реакции
3
DA FAQ :mad:

Одам вечерва да ги проверам и ко ќе видам и на една од машките гупи и фали 3/4 од опавчето! Гревче едвај плива, пола време само седи доле сега.

Нормално единствен осомничен беше бета борецот. Останав да ги гледам 15тина минути и 2-3 пати видов како ги напаѓа гупите. Мора да е до опавчињата зошто им се шарени. Мислев напаѓа само ако некој му дојде на негова територија (околу пумпа и греач) ама видов дека буквално ги брка по пола аквариум ако се заинати, пред мој очи откина пак мал дел од опавчето на трета гупа.

Го тргнав сега во малата кугла што требаше да биде карантинска, не би требало да е проблем да преживее во нејзе ама не знам што да му правам.

Има начин ли да се „превоспита“? Најубаво рипче ми е во аквариумот ама гледам дека е прав насилник. Ако нема чаре ќе им го вратам, не е до пари, стварно криво ми е. Може и само гупи да чувам и неонки, ништо не им фали на крај...

И ќе им пораснат ли опавчињата назад на женката и посебно на мажјакот? Многу ми е криво за него, ептен го осакати... :place:
Beta borecot e problematicen, ke gi jadi site ribi so dolgi opaski. Neonkata sto ne ja gledas ja ima izedeno ako bila pomala. Gupite prvo ke nemaat opas, a posle i niv moze da gi izede pretezno pomalite mazjaci.Silna e pumpata za toj akvarium zamenija so poslaba od okolu 300 l na cas ili druga so poddesuvanje za poslab odnosno najslab mlaz.Vo sprotivno ribite nema da plivaat zaradi turbulenciite.
Filterot se mie mesecno so akvariumska voda i vednas se vrajka,menadziraj go dobro i kje imas super akvarium.Borecot e idealen da go cuvas vo kuglata kako dekoracija na masa so redovni promeni na vodata,kje prezivee bez galje. Vo akvarium belja pravi. Nasadi trevi poveke i stavi plovecka treva za da mozat malite ribi koga ke se rodat da se krijat. Ne zemaj kotilici podobro samite sto se posilni da preziveat i ke imas kvalitetni ribi,vo sprotivno ke se namnozat i ke go zagadat akvariumot. Zivorotkite se mrestat na sekoj 28 dena so 3-4 dena stagnacija, a ima vo princip sto gi skladiraat spermatozoidite pa so eden mazjak ednas parena i 2-3 pati se porajga. Vo prevod,gupata e postojano trudna otkako e polovo zrela.Ti preporacuvam da kupis prikacen filter kako vodopad, bez da koristis creva vodata kako sto pagja sozdava zhaburki odnosno vrsi aeriranje na vodata.Ovaa vrati ja vo dujkanot, moj sovet.
 
Член од
3 февруари 2013
Мислења
17
Поени од реакции
0
сакам да поставам неколку прашања: далии филтритее може да се купат посебно... далии мораа да се има филтер и доколку нема филтер колку пати и кога да ја менувам водата... колку пати да ги хранам и колку да ги хранам. и дали рибитее може во аквариумот даа спијат наноќе со неонките со светло или може и без тоа. :vozbud: ии сакам да знам информациии за хигиената на аквариумот и заа вестачкитее сколки камчиња и друго во аквариумот, и колку пари чини една риба. дали е потребно тоаа цревце за воздух и дали може и без тоа...
...Ви благодарам однапред! (y)
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 14:35 ---
Убаво си забележал и правилно си постапил. Веројатно ќе треба со дополнителна воздушна пумпа и распрснувачко камче да ја обогатуваш водата со кислород.
добро аа дали може и без кислород во водата рибата и дали има некој друг начин за кислород освен таа пумпица
 
606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
сакам да поставам неколку прашања: далии филтритее може да се купат посебно... далии мораа да се има филтер и доколку нема филтер колку пати и кога да ја менувам водата... колку пати да ги хранам и колку да ги хранам. и дали рибитее може во аквариумот даа спијат наноќе со неонките со светло или може и без тоа. :vozbud: ии сакам да знам информациии за хигиената на аквариумот и заа вестачкитее сколки камчиња и друго во аквариумот, и колку пари чини една риба. дали е потребно тоаа цревце за воздух и дали може и без тоа...
...Ви благодарам однапред! (y)
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 14:35 ---

добро аа дали може и без кислород во водата рибата и дали има некој друг начин за кислород освен таа пумпица
Ти постави многу прашања, цел акнига треба да напишам за да ти одговорам :) Сепак со оглед на тоа дека си почетник почни со едноставни правила: филтер мора да има, менувај вода една третина неделно, храни ги еднаш до два пати дневно во количина колку што ќе изедат за 5 минути, на повеќето риби нема да им пречи светлото но на некои може да им пречи, но повеќе ќе пречи ако имаш живи растенија бидејќи нивниот животен циклус зависи од дневно ноќен ритам, купи пумпа со камче за аерација, кога менуваш вода усисај го отпадот од дното на аквариумот.... За се ова што ти напишав има најмалце по десетина подопции кои важат само за искусни акваристи. Ти почни вака па како ќе учиш во зависност од рибите што ги чуваш може да модификуваш некое од правилата :)
 
Добро а таа пумпица дали може посебно да се купи и колку чини исто така и за филтерот, пошто не се одбирам мн. од ова... иначе не планирам да чувам премногу риби докај 2-3 ... :)
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 17:42 ---

и малце ме загрижува тоаа за светлината... :unsure:
 
Па не ги знам точно цените сигурно има модели од 300-500 денари. А колкав аквариум имаш и какви риби сакаш да чуваш? Па на основа на тоа да ти направам некоја препорака...
 
па за какви риби ке чувам не сум размислувал иначее за 2-3 риби не ми е потребен незнам колку голем аквариум ... должина околу 40 цм ... (n)
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 17:56 ---

ме интересира цена на аквариум и филтерот и цевчето за кислород ...
 
Незнам другар, може некој ќе се јави да ти помогне. Види во некој пет шоп, сигурно цените се горе долу исто. Ако ти го прави некој стаклар сигурно и поевтино ќе те фати. Не сум купувал нова опрема прилично долго време така да цениве сум ги подзаборавил.Бидејќи си почетник земи си 2-3 златни рипки, тие не бараат особена нега, ниту квалитет на вода и сл. колку да видиш дали чувањто риби како хоби би ти било интересно. Што и да земеш друго може да ти изумрат за една недела и само да се нервираш и да баталиш акваристика....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom