Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.203
- Поени од реакции
- 12.199
Ок ок, смирено...
За да не им избегаат прашањата на другите... еве:
Ако будизмот се занимава со „просветлување“ на човекот и се држи до тоа што рекол Буда: да не се само верува ами да се проверува, и исто така ако додадеме дека целта на аспирантот е да го избегне тркалото на инкарнација и да постигне нирвана: Со текот на N кругови на инкарнација, будистот или оној што ги практикува јога праксите на Истокот, ќе постигне Нирвана ако работел, така?
Што станува тој? Пробуден, Бог, Брама...?
Друго, брама е бог, состојба, врзан за време и простор и дали секој по одредено време може да стане брама?
Друго, каде во своите говори Буда зборува за создавањето на светот од некаков си КРЕАТОР како што го имаме во религиите што ни се нам малку подобро познати? Ќе може да ми одговори некој на овие прашања?
Исто така псотојат многу будистички школи од кои некои имаат „богови“ другите немаат... дали може да се разгледува будизмот во целина или мора да се анализираат разните школи, нивните философии и пракси па да се направи некаква анализа и крајна оцена што е што?
Имам уште така скокотливи прашања кои не ми дозволуваат да кликнам да или не на оваа анкета...