Келнерите низ локалите

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.491
Поени од реакции
8.002
Од другата страна на темата, натпис во BARcode:

Човек на човек му е келнер!

Декември. Пушиме надвор и има ху. Јас најчесто имам и бронхитис. Ама не ми смета мене, неее, само малку ме потсеќа на оние што пијат пред бакалниче, со таа разлика што јас се дотерувам. Мене обично ништо не ми смета, јас не сум од онаа категорија гости „Леле пак оваа“.

Јас не уживам да малтретирам персонал, а и меѓу еспресо и макијато не размислувам пола саат, обично знам и што ќе пијам. А ги има такви, пример, гостин Џет Сет. Тие се тотално уништувачи на атмосферата бидејќи се изживуваат на персоналот толку многу што ние обичните не стигнуваме на ред за втора нарачка. Нив редовно нешто не им чини, чашата редовно им е погрешна за пијачката што ја пијат, фали мраз или има повеќе, пошто таква фраероќа од човек точно во све се разбира. Они ги третираат келнерите како слуги и на крај не оставаат бакшиш пошто не ни плаќаат. Тие се бизнисмени и плаќаат на фактура! Некад! Најбитен момент е дека они го знаат газдата на кафичот по име.

РАМКА
Човек што е добар со тебе а не е добар со келнерот, не е добар човек. (стара народна)

Имам јас поомилена категорија. Парови левел најлош вид. Од авион се гледа дека им е прв/втор дејт...и имаме доза импресионирање на соговорникот преку нарачки. Обавезно обраќање на келнерот во второ лице еднина зошто сите знаеме дека човек на човека му е келнер (стара народна). За мене црн бел а у виски со 2 1/2 коцки мраз, кршени. Девојчето ќе нарача мартини, со шеќер. -„Благо го пијам.“ Ќе иде уште тура-две, а виски дринкерот ќе ги става сите следни во иста чаша зошто тој развива посебна интимна врска со стаклото и потоа вискито му го губело вкусот.

После некое време тој ќе почне да пафта со раката и ќе свирне. -„Пеер брат, сметка!“ Сметка. Тој ќе извади купче пари од заден џеп, одозгора наредени евра или 1000ки кои никогаш, повторувам, никогаш не се трошат. Тие се новчаник. Под нив се парите за плаќање. За тоа време девојката во слоу моушн муд го вади новчаникот, а он и вика не не јас ќе платам. Келнерите се отрпнати на тој муабет од типот не не, не може така; ај ти следниот пат; не, не дај по пола да поделиме; леле бе како така и сл. Тој плаќа, и остава бакшиш едвам. Ептен зашто мора, ред е.

Дневно кафе, жени кои со својата посебноќа се исти ко сите. -„Дечко, ќе не услужи ли нас овде некој?“ -„Дечко, јас сакам нес кафе, матено, и чоколадниот прелив да го ставате во смерот на часовата сказалка, со повеќе млеко од соја“ на пр. Ако келнерот не ја помузил Соја дента, ќе добие најобично нескафе како и сите други. Тоа е истата категорија луѓе која се претвара во архитект по потреба, па ќе им каже дека на еркондишнот овде не му е место. Келнерите се отрпнати и на оваа категорија луѓе и ги слушаат со посебно невнимание.

Но, најстрашната категорија муштерии ја има во кафаните. Келнерите кои работат во кафана треба да имаат бенифициран стаж. Пијано друштво мажи, најупорна категорија, све знаат. Келнерот го викаат по име зошто повеќе се тука него дома. Нарачуваат како кај мајка им дома...пиперките два пати да ги свртиш на лево, само да го поминеш сирењето на скара,... секогаш пропратено со гестикулации како да се врвни кувари....ќе добијат порција како и сите други. Пијано друштво жени. Само носи вино и прашувај дали треба уште нешто.Тие не се замараат со персоналот, за муабет се излезени. И нема да си одат.

Кафана дејт. -„Овде е најбоље, може не изгледа вака баш ама супер храна имаат.“ Да, он е излезен да се најаде, она е на дејт. Мени се чита два саати, се одбира толку долго, мислиш животно прашање решава за на крај да се нарача нешто што нема во менито. Оноа што го јадел некој некад...и помфрит..и нафорче. -„А карпачо имате? Еее, штета“.

Келнерите се имаат изнаслушано генерално многу кулоќа доскочици, пресмешни (само за гостинот) финти, и секакви нарачки. Но, ако сте нервозни не значи дека треба да малтретирате персонал. И одвикнете се од тоа нарачување на храна како кај баба ви дома, готвачот ја готви храната како што смета дека треба да ја послужи. А тоа кога ќе седнете во кафич па ќе ви дојде келнер, па тука се изненадувате како да не е очекувано дека ќе ви се приближи да ве праша што ќе се напиете, па се збунувате како шверцер на царина.

Па мислење што да се напиеш со концентрација левел делење во себе 345 со 13 за на крај меѓу цеден портокал и цеден лимон (пошто лимонада е ту мејнстрим) да се одлучиш за микс не е кул исто така. Убавиот збор не кошта ништо, ама обраќањето со непочитување кон персоналот зборува многу за вас. Единствено, што за среќа, нема кај нас, се психијатри шанкери, оние кога ќе излезеш сам и си вртиш муабет со шанкерот, а тој те разбира. Да беше така никој немаше да биде послужен. Не е тешко да се насмеете на келнерот, да знаете што ви се пие однапред и за крај, оставете бакшиш ако сте биле добро услужени. Убав гест е. А големи се шансите и следниот пат добро да ве услужи.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.168
Поени од реакции
1.051

Браво за постот, исто ко јас да сум го пишувал.
Лугето се прават како да се виделе кој знае што,како да пробале и потрошиле кој знае колку. а тие всушност ништо не виделе ниту научиле.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Од другата страна на темата, натпис во BARcode:

Човек на човек му е келнер!
Не можел подобро да го опише моментот. Ова е таа поента што цепидлачите не ја сфаќаат. Е баш вакви гости врие кај нас.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тоа е она што го зборувавме, кој не бил келнер неможе да сфати како се тоа изгледа од другата страна.
Патем:
„Дечко, јас сакам нес кафе, матено, и чоколадниот прелив да го ставате во смерот на часовата сказалка, со повеќе млеко од соја“ :pos:
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.168
Поени од реакции
1.051
Да баш така.

Се секавам како гостин ми вика,донеси ми повеке видови на пиперки ,феферон чиња се што имате.
Утредента истиот гостин ми вика од сабајле ,леле па кој ви рекол врз кајганата пиперки да ставите па не јадам јас вакви срања... мхм

Истото и со печурките,јас никогаш не сум јадел печурки а бре те прави будала.

Седнува гостин и порачува стек,сок и палачинка, доага другар му и викаи јас сакам како него исто исто

ок.
Сметка
500 ден

Што имам јас?-исто имате и двајцата јадено по 250 ден имате
а јас,исто и ти 250
500/2=250
 
VEShTER

КМИЧ
Член од
5 февруари 2013
Мислења
31
Поени од реакции
12
зашто нема тема за келнерките ?
Марија е келнерка :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom