- Член од
- 21 ноември 2007
- Мислења
- 10.853
- Поени од реакции
- 9.767
Хаха па зар ти според поставата на скај спортс гледаш кој каде и што игра? Во тој случај јас тука би ја завршил дискусијата со тебе во врска со Велбек. Мислам дека нема потреба од понатамошна дискусија. Јасно ми е.
Кој меч го гледавте вие не ми е јасно сеуште. Па Велбек беше цело време позициониран по десен страна. Руни и РВП играа во форот, а Велбек цело време од по десна страна напаѓаше. Кога Џонс и подоцна Рафаел можеа да одат сами на центар шут тој се позиционира по средина во пеналтик и кога беа нападите од другата страна. Не е виновен Велбек што ни ја сокрија топката во средината во вториот дел. Колку и да ми се допаѓа играта на Андо, денес играше топло ладно и незаинтересирано, Руни се извади со двата погодоци, Керик на почеток делуваше изгубено. Велбек има потенцијал и квалитет во иднина да прерасни голем играч, има таква ѕвезда дечкото. Тој е класичен шпиц, класична 9ка, да дејствува само во казнениот простор и никаде подалеку, а во моментов игра за неприродни позиции за него. Де лево, де десно, де позади напаѓач. И РВП, Чича да бидат крила нема нешто да се изнаиграат и тоа не е причина за критика. Тоа е експеримент на САФ. А и САФ не е изгубен толку да дава шанса на некој за подоцна да не се исплати. Исто да се напомене дека Велбз беше и на ЕП со Англија каде одигра во најмала рака одлично на тоа ЕП. Таму играше класична 9ка со играч зад него. Одигра доста лани за нас, исто имаше напорен период со ЕП и мислам дека недостигот на погодоци е поради тој замор кој го има зошто сепак сеуште е млад и кога крилата ќе ни бидат во ред тој ќе го добие тој одмор, а после тоа ќе експлодира според мене.
Исто за напомена лани кога Велбек даваше голови, а Чича кога беше заспан и играше катастрофално, па ниеден лош збор не падна за него.


