Велес

  • Креатор на темата Креатор на темата kurle
  • Време на започнување Време на започнување
Брат без навреда ама помршник од тоа место ретко има.
Ќути тоа вработените пола саат се натегаат која тост да ти напраи, едната у полулежечка поза на столче се дере по другата со следниве зборови "ај мури ој ти напрај ме мрзи" и у меѓувреме се проѕева, сето ова се случува пред твои очи. Кога работев по кафичиве често си купував јадење од таму и мислам дека немам по мршник персонал од тие сретнато нигде на друго место.
 
На кој дел поточно? Ми треба маица од Led Zeppelin за подарок :)
Абе на горниот пазар од страната кај кафичот ММ. А и да прошеташ по скопскиот импрес не е лошо, сигурно има.
Само не си прочитала горе добро... Наместо Led Zeppelin ќе ти пишува на маичката Let ZZepelin
 
Велешанка запалила селска трафостаница заради спор со ЕВН

Велешката полиција поднесе кривична пријава против 46-годишната М.П. од Башино село, осомничена за предизвикување општа опасност.
veleshanka-zapalila-selska-trafostanica-zaradi-spor-so-evn-120225.jpg

Пријавената на 28-ми јануари, незадоволна и револтирана од нерешениот спор со ЕВН, купила едно литро бензин и го попрскала ѕидот на трафостаницата лоцирана во селото, по што со запалка предизвикала пожар.
По кратко време пожарот бил локализиран без да предизвика оштетувања на трафостаницата.
Инаку, и во изминатите години како резултат на овој спор со ЕВН, каде наводно и биле натпишани повеќе киловат часови, пријавената во два наврати има предизвикано оштетување на јавните инсталации на ЕВН, за што и досега е пријавувана.

Наравоучение: Немој да лутите Велешанки.
 
Почнаа во Велес предизборно да брчат булдожери.....Градоначалникот (АКО ГО ИМАМЕ), се разбуди од зимски сон кој траеше скоро 4 години и почна да мачка очи предизборно........
 
Селанка од Велешкозапалила селска трафостаница заради спор со ЕВН

Велешката полиција поднесе кривична пријава против 46-годишната М.П. од Башино село, осомничена за предизвикување општа опасност.
veleshanka-zapalila-selska-trafostanica-zaradi-spor-so-evn-120225.jpg

Пријавената на 28-ми јануари, незадоволна и револтирана од нерешениот спор со ЕВН, купила едно литро бензин и го попрскала ѕидот на трафостаницата лоцирана во селото, по што со запалка предизвикала пожар.
По кратко време пожарот бил локализиран без да предизвика оштетувања на трафостаницата.
Инаку, и во изминатите години како резултат на овој спор со ЕВН, каде наводно и биле натпишани повеќе киловат часови, пријавената во два наврати има предизвикано оштетување на јавните инсталации на ЕВН, за што и досега е пријавувана.

Наравоучение: Немој да лутите Велешанки.

Корекција на текстот погоре.
Наравоучение, не секој што живее во село околу Велес е велешанец...
П.С. Типката првен има запалено Бандера со бензин, ја има сечено со рачна пила, и се има степано со вработени во ЕВН
 
Башиноселки не спаѓаат во Велешанки имаш право. Корекцијата одговара.
Типкава очигледно има голема омраза кон ЕВН чим има долга историја со нив :D Јас се кладам во три кила кромид дека после ова ќе ги запали во канцеларија.
 
:pos::pos::pos:
Ништо битно ќе нема во постов ама морав:pos:
 
По повод пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на МАКЕДОНИЈА и Данска, НГ ГЕМИЏИИ-ВЕЛЕС организира следење и заедничко бодрење на нашата репрезентација. Натпреварот е на 06.02.2013 (Среда) со почеток од 19:30 часот. Поаѓањето од Велес е во 17:30 од пред споменикот на Кочо Рацин во дворот на ОСУ Гимназија „Кочо Рацин“ Велес.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom