Нотарска канцеларија?

Член од
2 јули 2009
Мислења
340
Поени од реакции
395
Глеам сум напишал „Не постои решавање проблеми, што за мене е интересно.“ Сум мислел, НЕ Е интересно. Тоа значи, нема потреба од уклучување мозок и ставење во погон на виугите со цел решавање на проблемот. Во суштина, работата е канцелариска/архиварска. Пример судија би било поинтересно, треба да го знаеш правото, треба да знаеш да ги примениш. Треба да размислиш кој е во право кој не е. А што треба да мислиш кај нотарскава работа? И зашто татко ти ти викаше да студираш не право ?
Воопшто не се согласувам со мислењето.
И те како треба уклучување на мозок при вршење на нотарска работа. Поголемиот дел од граѓанската материја е во надлежност на нотарите. Сите отуѓувања на недвижни и подвижни ствари, купопродажби, подароци, наследства, тестаменти, еве сега и платни налози ги вршат нотарите и ти ми пишуваш дека немало потреба од уклучување на мозок?!? :facepalm:
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
сакаш да отвориш нотарска канцеларија а не знаеш ни основни работи, а да не разговараме дали знаеш да работиш
Па секој кој сака да започне некоја работа прво му се потребни информации. Не да почне нешто, да вложи време и пари, па да испадне се за џабе поради неинформираност.
Не е срамота да се праша, срамота е да се правиме сезнајковци!
 
A

Advokatisce

Гостин

Аха да. За да бидеш нотар треба прво да си правник, а ако си правник ќе знаеш во кој закон треба да ги побараш условите за да станеш нотар. Ако си правник и незнаеш ниту закон да употребиш тогаш не се ни обидуваш да работиш самостојна работа, тогаш вработи се кај некој да ти кажуава што да работиш
Воопшто не се согласувам со мислењето.
И те како треба уклучување на мозок при вршење на нотарска работа. Поголемиот дел од граѓанската материја е во надлежност на нотарите. Сите отуѓувања на недвижни и подвижни ствари, купопродажби, подароци, наследства, тестаменти, еве сега и платни налози ги вршат нотарите и ти ми пишуваш дека немало потреба од уклучување на мозок?!? :facepalm:
другар се е тоа обична шема. нема некоја голема потреба од уклучување мозок. Сите тие се постапки кои се повторуваат само има разлика генералии, висина на вредност и сл. Така да и не е нешто којзнае колку тешко. Тешко е да бидеш адвокат да имаш разлика во секој предмет кој е секој сам за себе, различно толкување закони, разни странки, многу постапки и др. бев на двете места и знам кое колку е тешко
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Воопшто не се согласувам со мислењето.
И те како треба уклучување на мозок при вршење на нотарска работа. Поголемиот дел од граѓанската материја е во надлежност на нотарите. Сите отуѓувања на недвижни и подвижни ствари, купопродажби, подароци, наследства, тестаменти, еве сега и платни налози ги вршат нотарите и ти ми пишуваш дека немало потреба од уклучување на мозок?!? :facepalm:
Не ми ги извртувај зборовите. Не реков нема потреба од уклучување мозок.
нема потреба од уклучување мозок и ставење во погон на виугите со цел решавање на проблемот.
Читај !
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
340
Поени од реакции
395
Не ми ги извртувај зборовите. Не реков нема потреба од уклучување мозок.

Читај !
Читам јас многу добро и не ти ги извртувам зборовите.
Еве потсети се;)

Глеам сум напишал „Не постои решавање проблеми, што за мене е интересно.“ Сум мислел, НЕ Е интересно. Тоа значи, нема потреба од уклучување мозок и ставење во погон на виугите со цел решавање на проблемот. Во суштина, работата е канцелариска/архиварска. Пример судија би било поинтересно, треба да го знаеш правото, треба да знаеш да ги примениш. Треба да размислиш кој е во право кој не е. А што треба да мислиш кај нотарскава работа? И зашто татко ти ти викаше да студираш не право ?
Што треба да мислиш кај нотарската работа? Епа друже богами многу треба да мислиш и да знаеш право затоа што одговорностите кои ги сносиш се огромни.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Читам јас многу добро и не ти ги извртувам зборовите.
Еве потсети се;)

Што треба да мислиш кај нотарската работа? Епа друже богами многу треба да мислиш и да знаеш право затоа што одговорностите кои ги сносиш се огромни.

Не е точно дека треба да бидеш некој голем правник за нотар. Нотарот е всушност само писар. Како правник треба да бидеш за да составиш договор за купопродажба? Дали воопшто треба да бидеш правник за да завериш поптиси??? Или пак за наследна изјава?
Кој нотар отишол во адвокати поради тоа што бил успешен правник? А еден куп адвокати заминаа во нотари и тоа не само заради тоа што има многу повеќе пари туку и поради тоа што е многу полесна работа, помалку стресна и помалку одговорна!
 
Абе секој со своето мислење ;)
Јас баш мислам дека за нотарската работа е потребно вклучување на мозок и познавање на правото, пред се граѓанската материја. Исто така сметам дека нотарите сносат голема одговорност, поголема од адвокатите, сигурно.
Ниеден нотар не отишол во адвокати зошто нотарската работа денеска е далеку посигурна од адвокатската. Адвокатот денес има предмети, утре може ќе нема, а нотарот константно си има клиенти. Е милина е денес да те назначат за нотар, ама нема за жал:(
Како и да е, нашиот правосуден систем одамна не го бива, така да џабе полемизираме овде кои се подобри правници, најдобар правник денес за жал е оној кој има луѓе во големите кругови. Таквите денес се и најдобри адвокати и најдобри нотари.
 
Успешноста на еден адвокат или нотар не е мерило за квалитетот на истиот.
И најдобриот правник (адвокат) може да нема воопшто работа.
Инаку не знам што конкретно мислиш (баш би сакал да објасниш) кое познавање на граѓанската материја е потребно за еден нотар? И просечен адвокат многу подобро ја познава граѓанската материја од нотарот. Уште нешто: нормално дека нотарот треба да ја познава граѓанската материја кога не може да работи кривични или управни работи, но и тоа познавање е многу ограничено пред се на заверките, додека најтешката работа му е непозната (а тоа сигурно се постапките пред судовите).
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Едно прашање до нотар...се надевам дека ќе има некој,за да одговори.
Се работи за законот за легализација на дивоградбите по 1е.м2.
После скоро две години се реши нашиот случај,но за да ни го дадат решението и да платиме (заедно со мојот братучед) не пратија на нотар да завериме една изјава,и нормално да потпишеме и да платиме 500 ден.затоа што немавме откуцана изјава,инаку ќе беше 300 ден.
Ме интересира дали е тоа нормално,дали има потреба од таа изјава,затоа што за овие скоро две години,собравме и предадовме еден куп документи...и сега и ова!
Или се е да земат некој денар....:facepalm:
 
Член од
30 ноември 2010
Мислења
121
Поени од реакции
66
Ја следам целата дискусија и ви се чудам.
Сум соработувал со голем број адвокати исто така и со нотари, и кај едните и кај другите има персони што појма немаат од правото, ама има и експерти. Затоа по мое мислење е дека и за едната и другата професија треба да се познава правото во целост, е сега за нотар потребно е подетално да ги познаваш граѓанското право, имотно правни односи, облигации и дека не само техника, затоа што ако сакаш да си квалитетен нотар ( а со самото тоа и квалитетен и повеќе работа и повеќе пари) треба на секој предмет да му приоѓаш подеднакво.Е сега друга работа е кај нас што има и неписмени нотари па работата мислат дека е само техника и заверуваат и што треба и што не треба , но такви има и адвокати можда и повеке.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Say what?!?!?!??!?!?
Ти одговори членот пред мене.
Треба еден куп предуслови, треба пари, треба врски (веројатно).
Иначе има пари ама ееееептен досадна работа.

Во нотарска канцеларија работам.
Znaci po profesija si Lopov so pecat so amin od drzavata.
Koja cest vi otvorile i tema,pa ja budala pa uste edna sega.
Sigurno taka im e dozvoleno da rabotat,za da gi vratat 30.000 e.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Znaci po profesija si Lopov so pecat so amin od drzavata.
Koja cest vi otvorile i tema,pa ja budala pa uste edna sega.
Sigurno taka im e dozvoleno da rabotat,za da gi vratat 30.000 e.
Ја не сум нотар, само работам во канцеларијата.
 
A

Advokatisce

Гостин
Znaci po profesija si Lopov so pecat so amin od drzavata.
Koja cest vi otvorile i tema,pa ja budala pa uste edna sega.
Sigurno taka im e dozvoleno da rabotat,za da gi vratat 30.000 e.
нотарот е повереник на судот. Зошто е лопов. Си имал Проблем??? Ако сметаш дека некој нотар погрешил во работењето имаш институции каде тоа да го пријавиш. И на крај да не мислиш дека парите во џеб ги става. Плаќа данок на држава плаќа чланарина на комората и тн
 
Kajgana Shop

На врв Bottom