Проценка на конфигурации и помош за купување

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Отвори 5-6 експлорера, скенирај со антивирус во позадина, фотошоп уклучен, некое енкодирање во позадина .... и ке се изгуби процесорот со две јадра.... а тој со четири ке гура некако.
Сигурен си? Пробај најди по форумов имам постирано што све не сум закачил на 2 јадра еднаш несакајки. Фората е што двојадрениот е и повеќе од доволен за 99% од луѓето кај нас, а купуваат 4 јадрен заради чаламење.

па ги споредив нивните карактеристики и видов интел има 2 јадра и 3мб кеш додека амд има 4 јадра и 4мб кеш
Двата процесори се тотално различни еден од друг, неможеш да ги споредуваш според фрекфенција или количина на кеш. Интелот е појак иако е само двојадрен.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Според tomshardware, Phenom 9550 е појак од Е7400.
 
Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Според tomshardware, Phenom 9550 е појак од Е7400.
Да де, само што и бебе од 2 години со цуцла во уста може да го клокне Е7400 на +3.5 гигахерци па друг муабет да праиме после.:pos2:
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Типот не спомна никаде дека ќе прави оверклок, така да ти кажувам според фабрички перформанси.
 
Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Ама пак не се исплати да се инвестира во стара технологија. Phenom 9ххх не беше добар кога излезе, не е ни сега. Phenom II е веќе нешто солидно, ама треба џепчето да ти е подлабоко.
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Maticna ploca:MB MSI K9N NEO V2, So.AM2, NForce 520, PCX, 4xDDR2 800Mhz,PCI
CPU: AMD Athlon 64 s.AM2, 3800+,Dual Core BOX
RAM: 1GB DDR2 Apacer
Graficka: VGA Inno3D GF8600GT PCX,256GDDR3,TVout,2xDVI 128 Bit
HDD: Hitachi (160 GB , 7200 RPM,8MB SATA-II)
FDD Drive: NEC 3,5",black
Napojuvanje : Delux 500W silver,black , 20+4 pins
Maus: Logitech M-SBF90, Wheel Optical black
Tastatura: Logitech Delux 250,PS/2, black
Monitor: Proview 19" DX-987 98KHz 1600x1200 60Hz FLAT

Конфигурацијата е со гаранција !
Колку би можел да ја продадам оваа конфигурација ?
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
Сепирот, може да ми покажеш што може да се земе за 400 еура, зборам за пц секако, од кај тебе цените рачунај ги... благодарам однапред. ( по можност интел процесор ) :smir:
 
Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Сепирот, може да ми покажеш што може да се земе за 400 еура, зборам за пц секако, од кај тебе цените рачунај ги... благодарам однапред. ( по можност интел процесор ) :smir:
Е5200
Плоча со P35 чипсет
2х2 GB DDR2 800
9800GT
WD 640GB
режач/куќиште/напајање

25500 денари

Ако сакаш поевтина варијанта, ги исклучуваме 9800gt и појакото напајање за 9500gt или радеон 4670. Така ке фати некојси 21-22000ки
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
Е вака, значи може да ги напишеш и производителите? и графичката на колку гига, кеш на процесорот, да не барам за џабе кога ти имаш таму пред тебе ( ваљда ) :) и повеќе инфо за куќиште и напајање. Поздрав ....
 
Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Е вака, значи може да ги напишеш и производителите? и графичката на колку гига, кеш на процесорот, да не барам за џабе кога ти имаш таму пред тебе ( ваљда ) :) и повеќе инфо за куќиште и напајање. Поздрав ....

Што ке најдам на лагер тоа друже, плочата ке биде MSI или J&W пошто малце скратив кеш на неа за да ти брцнам 9800GT.

А да ти кажувам колку гига има графичката или кеш процесорот е без врска, бидејќи ништо не зависи од тие 2 карактеристики али ај. Графичката е со 512 ДДР3 нормално како и кај сите, а процесорот со 2 мега кеш......
 
С

Спенсер

Гостин

хммм да не филозофирам многу,али би можел да стајш помал ХДД а да му стајш c2d со 4мб кеш..само мое мислење..совет:vozbud:
 
Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
хммм да не филозофирам многу,али би можел да стајш помал ХДД а да му стајш c2d со 4мб кеш..само мое мислење..совет:vozbud:
Премногу филозофираш, помал хдд е минус 100-200 денари. Асален C2D со 4 мега кеш е плус 4-5000 денари......
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
MB MSI P31 NEO-F V2
VGA - nVidia 9800GT 512MB
INTEL Q8200 QUAD CORE 2.33GHZ 4MB
MEM 4 GB DDR2 800MHz
Hard Disk Seagate 1TB 32MB
DVD RW Black LG SATA
MODEM Ambient/Agere 56K PCI
CASE MIDI TOWER 500W
5.1 Ch. Sound Blaster OnBoard

А колку би коштало нешто вакво кај тебе, само со друга матична некоја... или израчунај со оваа... :helou:
 
Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
А јас тебе да те прашам нешто за промена? Планираш да купуваш компјутер или само онака ме дрнкаш оти ти е досадно?:smir:
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
Знаев дека тоа ке кажеш, али стварно. Не те дрнкам секако, сакам да купувам нов компјутер, сеа сакам да купам добро, што ке вреди и со добра цена, ја немислам дека тебе ти е интересно да моташ по глава графички и процесори по цел ден, туку работиш со тоа, искусен си сепак, стално гледам за компјутер пошо нејќам пак да се заебам... :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom