Муслимански семејства бараат џамија во Аеродром

Член од
23 декември 2010
Мислења
578
Поени од реакции
365
Локација
Македонските земји
Фаљиминдерит шум!

Муслимански семејства бараат џамија во Аеродром

150 муслимански семејства кои живеат во Горно Лисиче, испратиле барање до Исламската верска заедница да се изгради џамија во овој дел на Општина Аеродром.

Тие бараат ИВЗ да издејствува од Општината дозвола за изградба на верски објект во близина на нивните куќи, во кој секојдневно ќе може да ги извршуваат верските обреди, затоа што тоа сега го правеле во најблиската џамија во селото Батинци или, пак, на Бит-пазар. Тие изготвиле и проект за џамијата, кој веќе е доставен до Скопското муфтивство.

- Имаме и имот, сопственост на ИВЗ, на кој ќе може да градиме, само чекаме дозвола. Општината нe одби со образложение дека треба да се создадат посебни услови за тоа и да се промени Деталниот урбанистички план, кој не е во наша надлежност. Јас сум за изградба и на цркви и на џамии, бидејќи тие се градат за верниците и онаму каде што има потреба, нека се кренат - изјавил скопскиот муфтија Ибрахим Шабани.
Во меѓувреме, верниците ќе се молат во приватна куќа адаптирана како џамија.
Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, излегол со аргумент дека 99 отсто од населението во Горно Лисиче е православно и нема мнозинство за изградба на џамија.

Плусинфо
 
Па и на ајродромците не им требаат муслиманите па си ќутат..
 
Тешко дека ќе им дозволат и заради околината ( на сите страни населби населени само со македонци) и пред избори т.е. ако се дозволи ова Ивица тешко дека ќе остане градоначалник. Ќе буцкаат пошто се на истурена позиција и немаат што да загубат.
А да, имаше пред некој месец тепачки со деца од овие фамилии само не ми текнува што како беше ама штом за 200 300 луѓе се крева волкава галама позади нив најверојатно се или ДУИ или ИВЗ.
 
Ќе изградат,но не во скоро време.Тоа е идејата на исламот,од внатре да го срушат системот со формирање етничко чисти енклави,во кои ќе владеат исламските верски начела т.е шеријатот.

Нашата земја политички не е спремна да го сопре ова.
 
Никогаш не викај никогаш .... ама додека сум во Аеродром - Лисиче нема да се гради ....
 
Чита некој текстот?

„ да се изгради џамија во овој дел на Општина Аеродром.“ Значи не џамија кај Бисер, кај Веро или пак спроти Скопјанка. Туку у Горно Лисиче, кој ретко кој па и знае каде е и дека е во Општина Аеродром.

Иначе се претерува со џамииве, ама барем да ве корегирам.
 
Под услов ако во тоа населба има над 1500 семејства тогаш дозволено е;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom