Богат средновековен живот на велешкото Кале?

  • Креатор на темата Креатор на темата Samurai Jack
  • Време на започнување Време на започнување

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.667
Поени од реакции
8.725
Возраст
32
Локација
Велес
Со најновите археолошки истражувања пронајдени се предмети од доцниот антички период на велешкото Кале.
bogat-srednovekoven-zhivot-na-veleshkoto-kale-119819.jpg

Керамички и метални предмети од средниот век, орудија за работа, оружје и слоеви од доцниот антички период, се дел од работите кои ги пронајдоа археолозите од Народниот музеј на ископувањата кои во 2012 година ги извршија на локалитетот „Велешко кале".
Се истражуваше на две локации на акрополата, која е највисокиот дел на локалитетот.
Археолозите биле поттикнати од идејата да стигнат до хелинистичките слоеви на градот.
„Успеавме да стигнеме до слоевите од доцниот антички период, а извадивме и доста предмети од керамика и метал кои се од средниот век, што покажуваат дека овој град имал големо значење во тој период", вели Анита Василкова - Мидоска, археолог во велешкиот музеј.
Дали е можно овде да се наоѓал античкиот град „Вила Зора", најзначајниот центар во античко време на овие простори? На ова прашање се уште нема точен одговор. Сепак велешките археолози се сигурни дека на калето во минатото имало буран живот.
„Самите ѕидини кои се одлично направени и големото подградие кое се наоѓа под нив е доказ дека калето своевремено користело за прибежиште на велешани", додава Василкова - Мидоска.
Од Народниот музеј велат дека истраживањата на калето ќе продолжат и годинава. Тие аплицирале, а Министерството за култура одобрило средства за нови ископувања.
Археолозите не ја исклучуваат можноста еден ден локалитетот да стане достапно и атрактивно место за посети од пошироката јавност.
„Ископувањата се значајни од два аспекти. Првиот е што ќе се пронајдат многу предмети кои ќе бидат значајни за научната јавност, а вториот аспект секако е интересот кој може да го прикажат граѓаните да го посетат местото каде живееле и доаѓале нивните предци", вели Василковска - Мидоска.
Археолозите на ја исклучуваат можноста од калето да се однесени значајни предмети, затоа што секаде, па и овде има проблеми со дивите копачи.

Извор: www.kajgana.com
 
Каде се наоѓа ова поточно? Јас досега не сум слушнала за Велешко кале.
Имаше убави реконструкиции на тврдината сум читал. :)
Велешката тврдина (Велешко кале) е тврдина која лежи 2 км јужно од градот Велес, во речниот теснец на устието наТополка во Вардар. Кале претставува издолжено плато, горе сосем зарамнето и со стрмни падини, високо 50—60 м над реките. Едно помало седло на јужниот дел го одвојува од повисоките планини. Од калето се контролираат два значајни пата што водат во неговото подножје: Вардарската магистрала и стариот пат ВелесПрилеп, што водел долж Тополка.Т. Велес

Кастрон Велес, регионално средиште. Сл. 168—170.

Лит.: И. Микулчиќ TIR, 125; истиот 1976, 149—153 и 1985, 83—100.

Местоположба. Месноста „Кале” лежи 2 км јужно од Титов Велес, во речниот теснец на устието на Тополка во Вардар. Кале претставува издолжено плато, горе сосем зарамнето и со стрмни падини, високо 50—60 м

340
line_up.gif


im_168_341.jpg

Сл. 168. „Кале”, Т. Велес, средновековен кастрон Велес изграден врз доцноантички остатоци. Положбата над двете реки и подградието

341
line_up.gif


im_169_342.jpg

Сл. 169. Кастрон Велес, јужниот крај и акрополата, реконструкција

342
line_up.gif


над реките. Едно помало седло на јужниот дел го одвојува од повисоките планини. Од Калето се контролираат два значајни пата што водат во неговото подножје: Вардарската магистрала и стариот пат Велес — Прилеп, што водел долж Тополка.

Најстари остатоци. Во јужниот дел на платото се издига мала цуцка (купесто возвишение), на која во доцноримско време била изградена мала крајпатна стража. Во текот на 5. и 6. век истата била обновена во многу силна акропола, зајакната со неколку кули и бастиони. Платото северно од неа (големо 350 х 80 м) сега е обградено со обѕидие, за сместување на населението. Тврдината ги контролирала двата спомнати пата.

Средновековни остатоци. Стратешкото значење на Велешкото Кале било согледано и во средниот век. Не знаеме зошто словенската населба на тоа место го добила името на Велес, богот на подземниот свет и заштитникот на стоката. Старата акропола била обновена и Велес станал црковно и регионално средиште во текот на 10. век. Во историските настани во 13. век улогата на Велес пораснала, како географска врска помеѓу Средното и Горното Повардарие, Пелагонија и Брегалница. Сега е изградено ново обѕидие околу кастронот што мерел во должина дури 470 м. Новиот ѕид е поставен надвор од постарите остатоци, но тој е паралелен со нив, а зајакнат е со повеќе кули и со масивни бастиони на северниот и јужниот дел. Деловите на источниот градски ѕид запазени се и денес во височина до 8,5 м, речиси до првобитното круниште. Ѕидот е широк само 1,3—1,6 м. Главната порта е изградена во североисточниот дел. Акрополата добила нови ѕидови и најмалку 5 кули.

Од еден слаб извор јужно од Калето била спроведена вода низ керамички ќунци до крепоста. На падината североисточно од крепоста, на тесниот простор до Вардар и устието на Тополка, се оформило мало цивилно подградие. Во 14. век тука биле изградени црквите св. Недела, св. Димитрија и св. Никола. На северниот крај ги закопувале умрените — тука се откриени гробови со накит од 13.—14. век.

Пишуваните документи го спомнуваат Велес неколку пати. Во повелбата на Василиј II од 1019 г. Велес е наведен како еноријско седиште под јурисдикција на епископот на Пелагонија (Битола). Низ 13. век Велес ги менува повеќе пати господарите; прво е под Стрез од Просек, потоа под Епирците, Бугарите, Никејците. Сочуван е детален опис како никејскиот цар Теодор II Ласкарис во 1255 г. го повратил Велес под својата власт, принудувајќи ја посадата од 500 Бугари да му се предадат (сп. Гл. VI. 2, 2).

Во 1272 г. забележан е воениот управник, архонтот Теодор Калабак. Во 1330 г. по битката кај Велбужд Србите ги одзеле од Византија пограничните тврдини Велес, Чрешче и Просек. Бидејќи границата сега

343
line_up.gif


im_170_344.jpg

Сл. 170. „Кале”, Велес, монети од 13. и 14. век


била поместена далеку на југ, Велес го загубил дотогашното стратешко значење. Во рамките на обѕидието продолжило да живурка цивилното гратче Велес, големо 3,5 ха. Турците го освоиле Велес веројатно во 1385 г. (според Ф. Бабингер).

Турците основале нова населба, касабата Ќуприли на речниот премин два километри северно од христијанското гратче, а на Калето оставиле мала воена посада. Останало да живурка само подградието и во 19. век таму стоела уште една куќа. Денес таму функционираат само трите спомнати цркви, а околу Св. Димитрија е изграден манастирски комплекс.
 
Каде се наоѓа ова поточно? Јас досега не сум слушнала за Велешко кале.

Тоа ти е некаде кај црн камен, сум бил таму ама како мал, сум мислел штала е...Кога одиш накај црн камен по скалите ќе го видиш одма објектов.
 
Каде се наоѓа ова поточно? Јас досега не сум слушнала за Велешко кале.
Ако се имаш качувано до Црн Камен, по патот се гледаат руини и стари ѕидини, тоа е. Поточно после црквата св димитрија.
 
Тоа ти е некаде кај црн камен, сум бил таму ама како мал, сум мислел штала е...Кога одиш накај црн камен по скалите ќе го видиш одма објектов.
И јас така мислев... После случајно наидов или не знам кој ми кажаа што било беше баш WTF ситуација. :D
 
И коа оп Александар Македонски закопан таму :D

Шала настрана, добро е што почнало да се копа таму, се претпоставува дека има голем град затрупан длабоко и дека ќе открие многу работи за животот тука од античко време.
Thumbs up :)
 
Првпат слушам за ова кале кај Црн Камен ..а иначе толку интересни и мистични приказни се врткаат и слушаат за тие места..
 
Отприлика 70% од населението на Велес,нема појма за калето,а камо ли за новите откритија.

Тоа незнаење ,можеби се должи на оние кои ни даваат знаење во образованието....јас никогаш од 1во одд,па до 4та средно,од никој професор не слушнав да спомне кале,тврдина или што и да е(можеби и тие не беа запознаени:coffee:) .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom