PIRATIC
diplomiran klozetar
- Член од
- 26 јануари 2012
- Мислења
- 7.854
- Поени од реакции
- 6.497
И што има толку интересно во ова, доаѓа гостин од странска држава и опа по пат гледа Албански знамиња(како ова горе големово), гледа слики од Адем Јашари, Скендербег и.т.н. и мислиш дека многу му е интересно тоа што сте го направиле !Дачиќ во Скопје поздравен со големо албанско знаме и слика на Адем Јашари и други албански херои
Тие беа поставени кај Мавровка , која се наоѓа на патот кај што помина Дачиќ со неговата делегација.
Абе друже Дарданија ние Македонците сме веќе навикнати на овие работи ........ особено ние кои живееме со вас или близу до вас, од дете гледам Албански знамиња како штрчат ширум Скопјево и ширум Републикава(западен дел) и веќе сум навикнат на тоа и да признаам рамнодушен сум веќе та сте опнале знаме од два метра, та сте опнале знаме од десет метра, та сте ставиле 5 споменика, та сте ставиле 50 споменика... нешто кога го гледаш постојано цел живот се соживуваш со тоа и стануваш рамнодушен, зборам лично за себеси !
Не е работата, не е клучниот проблем во поставувањето на знамиња и споменици ............ многу поголем проблем е вашата гетоизација и покрај тоа што ги имате сите права во оваа држава сепак наместо интеграција и реален соживот се повеќе гледам гетоизација од ваша страна ...
Феномен држава во држава ........... отаде ваше, оваму наше...