Селекторот Шундовски поднесе оставка

  • Креатор на темата Креатор на темата Samurai Jack
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам кој е крив што не вадиме нови играчи,дали Металург или српски Вардар.
Во Металург нема бе странски играчи?
Станиќ во која репрезентација игра?
Го правиш Металург ко да е тим со 100 % македонски играчи, сите производ на нивната школа.
 
Незнам кој е крив што не вадиме нови играчи,дали Металург или српски Вардар.

Добро е, по милионити пат го пишуваш ова, разбравме. Среќа што сте вие тука, па го спасувате македонскиот ракомет.

п.с. Има ли подесување да не ги гледам постовиве од дечково? Ми ги отече веќе.
 
Незнам кој е крив што не вадиме нови играчи,дали Металург или српски Вардар.
Велко и брат му каде се афирмираа како играчи ?
Димовски каде има почнато ?
Столе каде ја спаси кариерата и стана тоа што е ?
Филип Лазаров каде најмногу напредуваше и почна да игра добар ракомет ?
Левов и Митревски во Вардар се докажаа,па ги лапна Металург и направи од нив греачи на клупа....
Пецаковски до повредата ?
Во Металург случајно да не го правеа сето тоа ?
Куковски,Ојлески ?

Вардар реално можеше низ годиниве многу повеќе да направи,но дека ништо не направиле и дека се само они криви за се......е не се.
Кај се Металург,Пелистер и сите други клубови низ Македонија да вадат таленти ?
За жал тоа веќе никој не го прави.......

Иначе и Загреб поретко прави играчи,најчесто со 17-19 години ги носи и кај нив почнуваат со озбилен ракомет....многу поретко од нивната школа ги вадат (Вори,Штрлек, Шпољариќ, Хорват и толку се од самата школа).Малите средини се тие кои треба да ги копаат од најмала возраст играчите,а поголемите како кај нас Вардар,Металург дај боже и утре Струмица да ги воведат во озбилен ракомет и да ги афирмираат....
 
Незнам кој е крив што не вадиме нови играчи,дали Металург или српски Вардар.

Добро бе, ама сериозно со ваквиве постови? Кој играчи ги извади Металург во последниве години, освен Мансков и Георгиевски?

Сите останати моментални репрезентативци од генерацијата на Гоце, 87, забораваш каде се калеа? МРК Вардар беше можеби најдобриот (и единствен) проект што се случил минативе десетина години.

Нешто што сега Металург го прави со Металург Јуниор, но не гледам дека им даваат многу доверба...

Ако Металург вади играчи, зошто тогаш пред неколку сезони го купија цел Вардар? Зошто преку Велко го притискаат Никола да потпише за нив?

Металург го купи цел Вардар затоа што сакаше инстант успех. И тоа е во ред, океј, таква им е намерата и политиката, сакаат брз успех. Но нека не вика Левче дека они го измислиле ракометот тука. Е тоа ми ствара одбивност, таквата непрофесионалност и простотилак...
 
Незнам кој е крив што не вадиме нови играчи,дали Металург или српски Вардар.
Ботле не се треси ;)

До вчера незнаеше ракомет што е... сеа овде некој стручњак ми глумиш...:tapp:
 
Абе баталете го овој што почнал да гледа ракоемт од лани бе на него ли ќе му објаснувате што како е.
Вардар во моментов има повеќе македонски играчи млади одколку Металруг кој ги има само Манасков и Ѓоргиевски,а во Вардар се Даскаловски,Никола Марковски, Гоце Ојлески, Влатко Јовчевски, Столе Стоилов, Милорад Куковски и Чаневски 7 наспрема 2 од Металург.
 
Ќути, таквите најопасни се. Да го ставиме одма помошник на Лино, ако не. :)
Знаеш дека овој фанатиков што го збориме, нели голем фан на Минчо е, кога беше нивната утакмица со Колдинг мислам, кога картите се „продадоа за 2 саата“, стручњакот седеше на форум и праеше филозофии во фан клуб Металург.
Доказ дека дечкото не е фан на Металург, тука е анти Вардар, исто ко и тој што ми глуми тука шизик, Supervisor, Kurovisor, или како и да му беше никот...
.
 
Добро е, по милионити пат го пишуваш ова, разбравме. Среќа што сте вие тука, па го спасувате македонскиот ракомет.

п.с. Има ли подесување да не ги гледам постовиве од дечково? Ми ги отече веќе.
Има, можеш да го ставиш на ignore листата :icon_mrgr:
 
Велко и брат му каде се афирмираа како играчи ?
Димовски каде има почнато ?
Столе каде ја спаси кариерата и стана тоа што е ?
Филип Лазаров каде најмногу напредуваше и почна да игра добар ракомет ?
Левов и Митревски во Вардар се докажаа,па ги лапна Металург и направи од нив греачи на клупа....
Пецаковски до повредата ?
Во Металург случајно да не го правеа сето тоа ?
Куковски,Ојлески ?

Вардар реално можеше низ годиниве многу повеќе да направи,но дека ништо не направиле и дека се само они криви за се......е не се.
Кај се Металург,Пелистер и сите други клубови низ Македонија да вадат таленти ?
За жал тоа веќе никој не го прави.......

Иначе и Загреб поретко прави играчи,најчесто со 17-19 години ги носи и кај нив почнуваат со озбилен ракомет....многу поретко од нивната школа ги вадат (Вори,Штрлек, Шпољариќ, Хорват и толку се од самата школа).Малите средини се тие кои треба да ги копаат од најмала возраст играчите,а поголемите како кај нас Вардар,Металург дај боже и утре Струмица да ги воведат во озбилен ракомет и да ги афирмираат....

Другар, џабе пробуваш, не вреди. За некои луѓе ракометот почнува и завршува во Автокоманда, и Ванчо и Велко од раѓање се играчи на Металург, Пепи никогаш не растурал со Вардар, Наум не се има враќано двапати од странство во Вардар, Ракчевиќ секогаш играл во металург и уште сто слични ситуации.

Да не ги заборавиме глупостите на Левче, КОМИТИ требало да навиваат за металург.Во кој свет живее гревов?
 
Нема врска Вардар,Металург кој каде играл..кој за кого е....
Работата е шо не се обрнува доволно внимание на младите играчи,на Македонците...
Пазете,Даскаловски,Митревски две голманчиња кои Вујо ги шлепа во прв тим на Вардар уште пред 4,5 сезони..
Имаше сенс им даде шанса,шо двајцата ја искористија..посебно Митревски..
Растур напрај во ЛШ....а богами и Даскаловски имаше блескави партии на повеќе наврати...
И сега шо се случува..
Митревски добива супер примамлива понуда од Металург,за плата неколку пати повисока од таа шо ја лапаше во Вардар...
И нормално дечкото заминува не е будала...втор голман веднаш зад Диви,колку толку бранеше некоја минута...
Се појавува Станиќ,и Митревски паѓа на позиција трет голман,играч шо собира прашина на клупа,и подава шишиња со вода за Станиќ на тајм-аут,,,
Знаете шо му направија на кариерата на Митревски сите овие сезони шо дремеше на клупа?ГО УПРОПАСТИЈА ДЕТЕТО....
Кај ќе му беше крајот ако бранеше сите овие години стандардно....:eek:само сам си е крив,зошто се покакоми за пари и сега си ја еба кариерата......
Исто и со Даскаловски,полека полека го истиснаја од Вардар,за сметка на некои камења шо ги носеше Михајло..
И сега од кога растури во Ловќен,им текна да го враќаат,сепак подобро некогаш отколку никогаш....
Шо еден бисер од талент како ОСА скапува во Куманово,си ја ебава младоста.,наместо да игра во Вардар,да се челичи,да напредува....кога за едни дрва како Стефан Вујовиќ,Симовиќ имаше место за овај да нема...резил....
Иста приказна и со Јанев...уште еден пикер кој го испуштија за џабе....
Добро е шо добиваат шанса Ојлески,Јовчевски,Кукоски во одбрана,па и Чаневски.......нормално овде искористија малку,посебно Јовчевски со повредата на Раковиќ,иако и ланската сезона се покажа Јовчевски....
Овде Вујо прај добра работа шо им дава минутажа на сите,не е како Червар кој помалку ротира.....а и нема шо да ротира,прајме муабет од македонските играчи,за некои надежни...зошто од македонците шо се резерви,остана на Мите Стоилов,Левов:eek: ....минутажа која им ја лапаат Додер,Батиновиќ,ете сега и Мандиќ го донесоа....
Ако сака Металург иднина,посебно од тие толку фалени таленти од јуниор,мора да се уфрлат шо побрзо во прв тим,посебно ако имаат некои деца на десен бек,пикер..
Зошто ако се гледа ситуацијата....на пикер Ракчевиќ,замена за него Ванчо,со 30 и кусур години,со преку 130 кила и со 188 висина..:D
На десен бек Вугринец,со 37,38 години....играч шо игра по 50-55 минути на утакмица...за него замена Левов,со 185 висина..:нинџ:
Сега ако не е времето за нови деца не знам кога е..
Овде Лино греши,зошто упорно не ја подмладува екипата,шо постепено мора да уфрла млада свежа крв,играчи шо би учеле од постарите и би се развивале полека,полека...прво играјќи во СЕХА со некои послаби екипи,па после ако се покажи некој нека го пробаат во ЛШ....имаа шанси за тоа,лесни утакмици кои однапред се знаеше дека ќе ги добијат....
Е вака се прај репрезентација,вака работат Хрватите,Словенците...шо имаат храброст да уфрлат некое детиште,некој пилиштар и од него прават играч....
Ми текнува на утакмица шо ја гледав пред 13,14 години на ХТВ 2,утакмица Цеље-Загреб,тогаш Загреб предводен од Червар,прва сезона на Лазаров во новиот клуб...
И Цеље,кој тогаш упорно финансираше тешки пари,со еден Периќ во тимот,со Кокшаров и компанија излегува со тогаш анонимниот Драган Гајиќ на десно крило.....
Пилиштар,дали 50 кила имаше....и пазете го уфрлаат во оган на меч со Загреб во ЛШ:Dзошто?зошто имаат верба во нивните деца.....и дечкото растур напрај....освои и ЛШ со Цеље по некоја година....
И тој пилиштар денес е еден од најдобрите десни крила во светот...
Ете ги сега ги извадија тие нови деца шо лани беа 6ти во Србија,сега се 4ти во светот.....
И кај сме ние?
Шо извадивме сите овие години?....џабе талентите ако клубовите немаат храброст да ги уфрлат во игра...
Џабе ги фалат тие Нелоски,Мелоски,и други надежи на СКИ ако не ги играат.....
Репрезентација не се гради од вечни таленти,се гради од играчи кои уште од млади години играат забележителни улоги во своите екипи....
Играч се прај на 20 години..не на 27,28 години како кај нас.....:pos:
Е па затоа ќе дркаме на Хрватите,Словенците...зошто одамна сфатија шо треба да направат за да имаат успех со репрезентацијата..
Кај нас 8 години се води РОВОВСКА БОРБА која фракција ќе го води РФМ...:pos:
Со ова беа зафатени сите тие работници,експерти....наместо да се зафатат да работат за подигнување на нивото на ракометот,да ургираат кај Владата( и така другарчиња се) да напрај услови за изградба на нови сали,услови за децата....
И 8 години не можат да се погодат,кој дава за репрезентацијата...кој е крив за се?
И после сакаме успех...не е ни чудо шо сме овде....и ова е многу за разлика од она шо го имаме вложено.....
 
Многу од овде не ја сваќаат суштината на проблемот.
Значи да разјасниме некои работи:
-Јас (и фановите на Вардар) не бараме Михајло да биде претседател одново и сигурно не мислиме дека е најдобро решение за таа функција, туку се буниме за тоа како е преставен во јавноста...

-Не е дека не го сакаме Левче или Минчо на таа функција затоа што се од ривалски клуб, туку затоа што одново и одново ќе се повторат истите грешки од минатото. Да разјасниме нешто, Михајло има вложено многу во Мак ракометот, ама првата грешка со федерацијата ја направи токму он. А тоа беше што по примерот на женскиот ракомет се правеше КЛУБ-РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, односно тренерот на Вардар беше и селектор на Македонија, а се форсираа оние кои играат во Вардар. Ваквиот начин на работа во женскиот ракомет успеваше затоа што играчите во Кометал не беа Македонки, туку се носеа од странство и се натурализираа. Па така немаше многу зиан ако клубовите ван Скопје не се експонираат доволно, пошто реално квалитет некој и немаше, а се се базираше на натурализираните што играа во Кометал. На краток план тоа ни донесе видливи резултати, ама што се случи после тоа? Хаос, сеуште не држат некои генерации кои останаа од времето на Кометалки, а кога и нив ќе ги нема ќе го допреме дното... Е кај мажите скоро никогаш не се издвојувала некоја екипа, секогаш имало екипи кои биле рамо до рамо или за нијанса послаби од шампионот. И со таква традиција да се форсираат играчите од само еден клуб, нормално ќе доведе до тоа сите да сакаат да играат за тој клуб, со што другите се осудени на неуспех ако играат со остатокот Македонски играчи или пак да почнат да носат странци (нешто што е случај со Вардар во моментов, пошто сега се форсира идејата Металург- клуб репрезентација). Ова и плус фактот дека во Македонија никој не ти вложува во други градови едноставно ги покоси екипите вон Скопје... А со тоа со годините се намалува и бројот на таленти, па прашање на време е кога ќе го допреме дното (мада ова пред се зависи од шеширите). Како што реков кај жените ова не беше проблем, пошто и да немаше Македонмки играчи тука беа странките што играа во Кометал.
Носењето на фаци од типот на Левче во федерација, ништо повеќе од реклама плус за Металург и форсирањето на идејата клуб-репрезентација. Плус луѓево се очајни да имаат навивачка група како Комити или Чкембари. Плачат по нас, и самите во приватни разговори со наши луѓе го имаат признаено тоа. Нас неможе да не придобијат, али може да го уништат Вардар и да не сме и нас. Вака единствен што им контра со оглед на тоа што сите медиуми се нивни сме токму ние, навивачите на Вардар :) Што скаав да кажам... Муабетот ми е дека, човек од Металург ВО МОМЕНТОВ е сигурно подобро решение од Михајло. Зошто? Затоа што како прво ќе добие голема помош од власта со оглед на тоа дека донегде им се спонзори на нивната изборна кампања. Второ, ќе сакаат да покажат дека тоа што збореле низ годиниве е стварно вистина, дека Михајло крадел а они вложувале. Ќе се вложат пари, ама тоа немора да значи и подобри резултати, едноставно подобри услови. И така со подобри услови ќе претпоставиме дека ќе има подобри резултати, но сдо кога? Вардар лека полека ќе пропаѓа со оглед на тоа што Македонците нема да сакаат да играат во клуб од кој нема да бидат земани за репрезентација, па клубот ќе зависи само од волјата на Михајло и неговото давање пари за странци плус тук-таму некој што не е во планови за репрезентација. Други клубови нема, а и тешко дека ќе има во сдогледно време. Ќе не снајде судбината на женскиот ракомет, иако во моментов резултатите би требало да бидат добри.
Но квалитетот не ни е којзнае каков и во моментов, ниту пак некогаш сме биле велесила, туку едноставно имаме јака атмосфера и дома (како и на терените во соседството каде што играме како дома) сме тврсд орев за сите. Отидеме ли негде подалеку, губиме од кој стигнеме (доказ целово минато).
Значи човек од Металург е само повторување на грешката, ќе даде моментални резултати но ќе биде погубно за иднината...
Власта треба да се залага да дојде НЕУТРАЛЕН човек. Значи да не биде ни про Вардар ни про Металург ни про било кој клуб. Нека биде нивни човек, ама нека се однесува како претседател. Начевци се апаши, крадци, ама па неможеш да кажеш дека они не се важни за афирмацијата на Мак ракометот. Значи они ти се тешки хоштаплеришта, ама се почитувани во ракометната фела...
Треба да им се ограничат нивните функции, нека бидат околу федерацијата, ама некој да го контролира нивното работење.
И тоа е тоа, имав уште нешто да кажам али ми избега мислата :D
 
Си кажа убаво за патувањето, како и што мислев ниту една репрезентација не патувала под 15-тина саати... Знаев дека џабе се креваше фама околу тоа кога имало проблеми со авио сообраќајот.

Иначе избегнува одговор на тоа дали Лазаров и Наумче биле селектори, а не Шундо :D Го боцна и за Раде :D
Мајсторски ги одбегна одговориве, демек селекторот на тоа прашање одговарал дека сам ги бира Фичо и Златко без никаков притисок :D
 
Си кажа убаво за патувањето, како и што мислев ниту една репрезентација не патувала под 15-тина саати... Знаев дека џабе се креваше фама околу тоа кога имало проблеми со авио сообраќајот.

Иначе избегнува одговор на тоа дали Лазаров и Наумче биле селектори, а не Шундо :D Го боцна и за Раде :D
Мајсторски ги одбегна одговориве, демек селекторот на тоа прашање одговарал дека сам ги бира Фичо и Златко без никаков притисок :D

Хрватот не дава дециден одговор, ниту пак сака да навести каков би бил истиот.

- Јас сум тренер на Металург. Прашањето за репрезентацијата е сложено, тоа е с` што можам да одговорам - вели Лино Червар, кој не сака да коментира детали од понудата, ниту пак за неговите услови за прифаќање на новиот предизвик.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B8F3A719CD266E46A1DB8F0B177858D5

Свежа вест.Барем за мене свежа зошто сега дојдов од работа.Ова спортов кај нас е живи ужаси, аман со овие фракции и поделености.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom