Ердоган: Сакаме да станеме членка на СЦО и на ЕУ да ѝ кажеме ‘Збогум’.

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Па не сум политички експерт,но за НАТО сум затоа што барем на безбедносен план ќе сме стабилни, барем границите ќе ни се заштитат затоа што доколку не влеземе во НАТО утре никој нема да гарантира дека со Косово или со Србија нема да имаме конфликти,па дури и тајно и прикриено можно е да имаме проблеми и со Грција и Бугарија,заради тоа сепак мислам дека со членството во НАТО ќе си ги обезбедиме границите,нема да имаме никакви проблеми со суверенитетот и итегритетот, а ЕУ не ни треба,со нив неможеме да се збогатиме,ЕУ е изцеден лимон..
Теоретски сето тоа добро звучи, ама јас колку што знам и Турција и Грција се членки на нато , ама тоа воопшто не ги спречувало да имаат територијални спорови и конфликти.
Зошто мислиш дека Грција има толкава војска и сеуште ја трупа и гради. Ради нас можеби или се плаши од Бугарите или Албанците. Нив друга им е маката.
Малите држави во нато се никој и ништо, остај тоа што пишува на хартија, секој си го гледа интересот кога е во прашање војна.
Нити либија не беше членка на нато, па ете нато интервенира. Кој го бранеше таму?
Муабетот е ако големите решиле да те пуштат низ вода ке те пуштат па во кој сакаш сојуз биди, исто ти се фаќа.
Ако е за така и обединеттите нации го гарантираат територијалниот интегритет , суверенитет и немешање во внатрешните работи на секоја држава, па што?
Во пракса друга е играта, примери има безброј , дури е глупо и да набројувам.
 
Секој си има право на свое мислење, но јас мислам дека во НАТО мора да влеземе некако,за жал живееме во глобалниот свет, мораме да ги следиме ситуациите на светската политика..
 
Секој си има право на свое мислење, но јас мислам дека во НАТО мора да влеземе некако,за жал живееме во глобалниот свет, мораме да ги следиме ситуациите на светската политика..
Нормално дека секој си има свое мислење, за тоа е форумот.
Некогаш некој ке образложи, некогаш не, некогаш незнае да образложи а некогаш така му се сака. Но небитно.
Битното е што јас би влегол во сите организации вклучувајки и организација за заштита на кралскиот пингвин на антартикот или кај и да беше се додека не ме условуваат со непристојни барања. Во случајот со Нато тоа не е така.
Од каде тогаш идеја дека некоја од големите сили кои ги водат нато би застанале во твоја одбрана ако сега те условуваат чисто за атер на Грција.
 
Не би рекол дека Турција ја губи битката со Германија за Балканот, погледни ги русите каква анализа даваат за Турција, и односите меѓу Турција и САД.. Овдека на видео клипчето има анализа и за Турција..
Гускова прелесно констатира дека Германците ги интересира само економскиот аспект од целокупните односи на Балканот. Да, тоа е точно, ама Германците не се глупи и знаат дека за да може да ја комплетираат својата економска замисла за регионов, тоа треба да биде проследено и со политичко влијание. А Турција и покрај поддршката од САД не успеа да влијае никаде надвор од Албанија, Косово и Босна. Заедничко за сите три држави се муслиманите и исто така заедничка работа за сите нив е тоа што очигледно дека Германија не ги гледа како дел од нивната унија. :) Е сега прашањето е каде се наоѓаме ние во таа слика. Мислам дека ниту на Германците, ниту на Турците, па ни нам самите сеуште тоа не ни е јасно.
Ти во кој свет живееш бре? Македончето е економски роб на турците,овој лудакот Грујо све им даде на турците, почнувајки од аеродроми па се до банки.. А ево ти и од мене едно клипче од емисијата на Васко Ефтов.. Ако не се освестиме на време постои голема опасност од Турција и политиките на САД..
Прво, аеродромот е на концесија, плус е незначаен. Најголема банка со турски капитал во државава е Халк банка. Смешно мала во споредба со некои други. Ако Македонија е економски роб на Турција ( :pos: ), тогаш што сме им на Грците? Фени, Окта, Жито Лукс, Веро, илјадници помали фирми со грчки капитал и една од трите најголеми банки (Стопанска) исто така со грчки капитал. Економското, а и политичкото влијание на Турција во Македонија е минорно. Исто како што е минорно и руското и германското. Допрва треба да избереме по која насока ќе се движиме.

Инаку, еве едно интересно видео од посетата на Ердоган.
Од 1:37 натаму се прикажани македонските претставници на средбата. Се приметува дека составот на македонската страна не е ниту потполн, ниту стандарден.

Каде се судират во Велика Британиja или во Германиja или на трети полинja?Jaс ти реков, судират се но кога се судират во самите држави,тогаш тоа не е решливо. Ваква е состотбата со интересите на Русиja и Турциja. Турциja многу добро знае коj финансираше,па и се уште финансира ПКК и како преку Сириja и преку Армениja се доставуваха оружиja на курдите за да се борат против Турциja. Вака и Русиja има сознаниja како Турциja играше во Кавказ и што правеше во Русиja.
Многу повероватно е Турциja да создаде ланец от блиски држави и да создаде соуз,но Русиja нема да е мегу нив.
Влиjaнието на Турциja на Балканот се уште е ограничено и а кое проширено во изминатите 10 години. Имат многу посилно влиjaние на Западните Балкани зарад структурата на населението тамо и многу поминорно влиjaние во држави како една Романиja, Грциja,а и Србиja.
Гледаме дека Ердоган се нуди на Русите. Путин нема што да изгуби во таа игра, мислам дека ќе ја прифати понудата.

Самостоен сојуз на држави блиски до Турција би бил интересна идеја. Албанија, Косово, Азербејџан, Северен Кипар, Босна (макар што и со нив би одело тешко) и по некоја изгубена централно азиска држава. Тоа би бил јак сојуз. :D

Турското влијание се шири во средини каде што има плодна почва за тоа. Ама сега им се појавуваат проблемите. Муслиманските држави ги имаат, а со православните (сем Македонија) тешко оди приближувањето. Поточно, секој обид им е контрапродуктивен.
Што туку си правите бајрам со умот и тоа само дека сте закоравени верници и од таму гледате на некои работи.
Единствен закоравен верник од моќните луѓе во регионов е токму Ердоган. Тој во 1999 е осуден од турските судови за ширење на верска нетрпеливост. Тој исто така е прв турски премиер кој ги подрива секуларните темели на кои стои Турција уште од времето на Ататурк.
 
Нема везе, САД и Кина политички не се сакаат,но економски соработуваат,САД економски најмногу им должи на кинезите, и односите меѓу Русија и Турција се такви,политички не се сакат,но економски ќе соработуваат,затоа што си имаат интерес и едните и другите..
Зборуваме за различни работи.
--- надополнето: 28 јануари 2013 во 14:23 ---
Гледаме дека Ердоган се нуди на Русите. Путин нема што да изгуби во таа игра, мислам дека ќе ја прифати понудата.

Самостоен сојуз на држави блиски до Турција би бил интересна идеја. Албанија, Косово, Азербејџан, Северен Кипар, Босна (макар што и со нив би одело тешко) и по некоја изгубена централно азиска држава. Тоа би бил јак сојуз. :D

Турското влијание се шири во средини каде што има плодна почва за тоа. Ама сега им се појавуваат проблемите. Муслиманските држави ги имаат, а со православните (сем Македонија) тешко оди приближувањето. Поточно, секој обид им е контрапродуктивен.

Единствен закоравен верник од моќните луѓе во регионов е токму Ердоган. Тој во 1999 е осуден од турските судови за ширење на верска нетрпеливост. Тој исто така е прв турски премиер кој ги подрива секуларните темели на кои стои Турција уште од времето на Ататурк.
Путин има многу што да изгуби. Наjбитното е единствениот пат за транспортиране на гас от Каспиjскиот регион. Затоа русите форсират Jжен поток, а САД форсира Набуко. Тук е прашане битка за пат на енергенсите и дали Европа ке има алтернативни патишта или Русиja ке држи кранчето. Ердоган сака Турциja да биде алтернативата на руските цевки и по тоj начин да се заобиколи Русиja.
Турското влиjaние се шири точно тамо каде има почва. Видите каде прават инвестиции турците, кои региони посетуват. Ти многу точно праша,зашто Ердоган не посети Битола? Русиja и САД држат во големо оружие во раце и тоа е ПКК. Сите држави от източниот блок даваха оружие на ПКК ( СССР, Кина,Унгариja,Ирак,Чехословакиja,Полска, Бугариja), от запада даваха (САД,Германиja, Италиja,Шпаниja). Днес почти истите држави продолжуват да дават по различни канали оружие на ПКК.
 
А само пред некој ден самиот ердоган рече: Европска унијо, ако не примаш кај тебе веке примај не , не можеме да чекаме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom