Египет, немири, здраво

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.999
Поени од реакции
61.818
Читам скоро секоја недела за Египет, констатни судири помеѓу секуларната популација и исламистичката власт. Денес нови жртви откако 21 лице беа осудени на смртна казна.

0,,16552401_401,00.jpg


Дваесет и две лица се убиени денеска во Порт Саид, откако 21 лице, египетски фудбалски фанови и членови на фудбалски клубови, беше осудено на смртна казна за минатогодишните насилства на фудбалски меч.
Судирите ескалираа откако судот во Каиро ги изрече смртните пресуди за убиството на 74 лица и откако вчера се случија насилства низ Египет на втората годишнина од избувнувањето на побуната во земјата. По изрекувањето на пресудата, роднините на осудените се обиделе да влезат во затворот во Порт Саид, при што дошло до судир со безбедносните сили. Напаѓачите употребиле автоматско оружје, а полицијата одговорила со солзавец. Разгневените роднини на осудените упаднале и во две полициски станици, а медиумите јавуваат за престрелки од тешко вооружување во соседството. Висок офицер во армијата изјави дека во Порт Саид се испратени топови.
„Одлучено е да се испратат одредени единици за да се вратат мирот и стабилноста и да ги заштитат јавните претпријатија“, рече генералот Ахмед Васфи.

0,,16552077_401,00.jpg

Не запираат насилствата во Египет
По улиците на Порт Саид патролираат армиски сили. Извори од силите за безбедност наведоа дека армијата е повикана на помош на полицијата за да ги обезбедува јавните згради.
Освен 22-те загинати лица, во денешните судири се повредени и 200 граѓани. Меѓу убиените има и двајца полицајци, информираше Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека меѓу полициските сили има лица со повреди опасни по живот.
Додека семејствата на осудените беснееја, оние на загинатите во фудбалскиот меч пред една година се радуваа на пресудата. Еден човек, кој лани го загубил синот во Порт Саид, рече: „Задоволен сум од пресудата“. Сепак, многумина во Египет веруваат дека за тоа што се случи минатата година треба да одговара оној кој ги испланирал убиствата. Бројни Египќани веруваат дека тие биле оркестрирани или од полицијата или, пак, од приврзаници на соборениот претседател Хосни Мубарак.

0,,16552065_401,00.jpg

Судот изрече смртна пресуда
Египетската опозиција се закани дека ќе ги бојкотира претстојните парламентарни избори ако претседателот Мохамед Мурси, кој се соочува со најлошата криза откако дојде на власт во јуни, не најде решение за немирите во земјата.
Според податоците од различни новински агенции, само во вчерашните насилства во Египет загинаа меѓу шест и девет лица, а најмалку 476 се повредени.
Тензиите можат да пораснат на деветти март, кога треба да бидат прочитани и пресудите за 52 останати обвинети лица за минатогодишните инциденти на фудбалскиот меч, кога на први февруари настанаа судири меѓу фановите на Ал Масри од Порд Саид и Ал Ахли од Каиро. Тоа се смета за најсмртоносното насилство на фудбалски меч во последниве петнаесет години.
 
Во Либија е дан’бетер ситуацијата него ај !
Ама така ќе им биде кога на местото на секуларните ’’диктатори‘‘ си/им поставија религиски фанатици кои се истовремено и диктатори како и фараони ........ :tapp:
Фараонот на Египет Тутанкамон Морси први ........... :facepalm:
 
Не е важно кој што викал. Или ќе победи здравиот памет или средновековни абдали ќе го вратат овој дел од светот уште поназад. Читав лани една будала имаше идеја да ги турнат пирамидите пошто биле пагански споменици. И колку и да звучи неверојатно, кога ќе имаат барем 70% поддршка ќе го направат, тоа е мозок со генерации перен... За човечки права да не зборуваме.
 
http://www.makdenes.org/archive/news/20130331/428/428.html?id=24943660
Налог за апсење на најпознатиот египетски сатиричар




31.03.2013
Египетското обвинителство издаде налог за апсење на популарниот телевизиски сатиричар Басеми Јусеф, кој е обвинет за навреда на исламот и на претседателот Мухамед Морси. Јусеф постираше на Твитер дека денеска ќе им се предаде на властите.
Властите во Египет во последниве недели ги гонат критичарите, при што 13 лица беа притворени во Александрија, меѓу кои и 5 адвокати. Тие се обвинети за навреда на безбедносните лица и за обид за ослободување на други затвореници.



Proljece je proljece, a u meni zima... :свиркам:
 
Teмава е ко да гледаш во некое заматено огледало.Со тек на време ќе ни се избистрит.
 
Во Либија е дан’бетер ситуацијата него ај !
Ама така ќе им биде кога на местото на секуларните ’’диктатори‘‘ си/им поставија религиски фанатици кои се истовремено и диктатори како и фараони ........ :tapp:
Фараонот на Египет Тутанкамон Морси први ........... :facepalm:

А телевизиите како цнн,ббц кажуваа дека мед и млеко ќе тече од кога ци заминаат од таму диктаторите.Сега ги нема да дадат ни една репортажа од тие земји,а сега е дупло полошо од тоги ...
 
Еве се спремаат од базите на НАТО ќе го бомбардираат Египет.

Упс, извинете, МИ-6 и ЦИА го стопираа нападот, сојузниците го водат Египет.

И кај нас е истиот филм, само кој да види.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom