Па и за кој ку* ќе и треба на Србија армија од преку 100 000 војници каква што имаше во текот на 90ите години од минатиот век !
Во северниот дел т.е. во Војводина(70%Срби) е мирно(отсекогаш било така) кој ќе дига вооружен бунт таму Унгарците во Суботица, Буњевците, Романците, Словаците... хахаха
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Во централна Србија Срби се 90% !
Во Белград 99% !
Со Хрватска одамна завршија тензиите, со ентитетот Република Српска се браќа, со Црна Гора исто така, со Романија никогаш немале спречки, со Бугарија немаат никакви отворени прашања и проблеми, со Македонија исто, единствено на Србија денеска и е потребна армија на границата со Косово како и во јужна Србија(Прешево, Медвеѓа и Бујановац) и одреден дел војници во регионот на Санџак каде што е мешана средина од Срби и Бошњаци .......... that’s all ............ 30000-40000 добро обучени и фулл опремени професионални војници можат да го средат/обезбедат сето тоа погоре напишано(границата со Косово, јужна Србија и Санџак) !
Во 21 век веќе не се потребни толку големи армии како порано .......... САД(кои се 320 милиони) имаат околу 1.5 милион професионални војници, Н.Р.Кина(која е скоро милијарда и пол народ) има 2-3 милиони војници(најголема армија во светот), Русија(~150 милиони жители) активен армиски персонал милион и триста илјади .......... Британија(60 милиони жители = 250 000 војници), слични се и Германија(82 милиони жители = околу 300 илјади активни војници), Франција(64 милиони жители = околу 300 илјади војници), Шпанија(45 милиони жители = 250 илјади војници), Италија(60 милиони жители = 250 илјади војници)... Турција е втора по големината на армијата во рамките на НАТО-пактот и на 75 милиони жители има нешто повеќе од 1 милион војници !
Не е толку битна денеска бројката на војници на една армија, далеку побитни се технологијата, опременоста и обученоста на војниците !
Еден добро обучен и фулл опремен професионален војник на терен успешно заменува петмина слабо-обучени и слабо-опремени војници !