За да биде иронијата поголема, сите на темава што се Евро-скептици, живеат во некоја ЕУ држава.
Дефинирај Евро-скептик.
Нема потреба ниту од твоето иронизирање. Сосема легитимно за иднината на Македонија е оформување на РЕАЛНИ очекувања со влезот во ЕУ.
Напредокот на земјава сигурно ќе биде забрзан, но нема да се почувствува разлика во животниот стандард како што некој сега си замислува или сака да верува.
Едно е да отидеш некаде, бидејќи има поголем пазар и имаш поголеми шанси да најдеш било каква работа, ако ти се погоди дури и просечно платена работа и да живееш како би живеел и во Македонија доколку имаш просечна плата.
А сосема друго е да имаш добро платена работа во Македонија, а да ти се исплати да отидеш на друго место за да земаш 3-4 пати повисока плата со која би бил над стандардот и во дадената земја. Тогаш можеме да збориме за висок животен стандард.
Сите ние знаеме да глумиме експерти и прогнозери, сите сме високо образувани, а сепак не ни иде од рака зачленувањето во ЕУ.
Проблемите кај нас можеме лесно да ги лоцираме, можеме и да направиме листа на неколку главни доколку сакате.
Прашањето на евро-реалистот е дали откако би ги решиле тие проблеми, би имале потреба да бидеме дел од ЕУ и што ни би дало таквото членство.
Прашањето на евро-скептикот е дали треба да влегуваме во ЕУ кога и онака земјите членки како Бугарија или Романија се на исто ниво со нас.
Прашањето на евро-фантазерот е колку илјади евра ќе заработиме со исплатата на првата плата како членка на ЕУ.
Пак се’ се сведува на тоа како ние ќе ги решиме нашите проблеми, дали како членка на ЕУ или не, ние мораме своите слабости да ги искорениме.